Доктори од Штип и Благоевград ќе формираат прекуграничен кластер за здравство

Во Штип денеска и утре се одржува настан „Отворени денови на здравството“ на кој учествуваат доктори од Клиничката болница - Штип и Регионалната комора на лекари од Благоевград, кои ќе формираат прекуграничен кластер за здравство.

Проектот се разлизира со финансиски поддршка од ИПА програмата за Меѓугранична соработка Македонија и Бугарија, како и со поддршка на Центарот за развој на Источно планскиот регион.

Директорката на Центарот за развој на ИПР, Драгица Здравева на денешната прес-конференција истакна дека Благоевград и Штип го формираат првиот прекуграничен кластер за здравство.

- Основна цел на Кластерот за здравство е што повеќе да се зближат двете страни, да се воспостават линкови, односно врски меѓу докторите од едната и другата страна, потоа меѓу институциите, а со единствена цел и во насока на подобрување на здравствените услуги кои што се даваат на пациентите, како и воведување на одредени иновативни решенија во лекувањето, рече Здравева.

Претставникот на регионалната комора на Благоевградскиот регион, Георги Георгиев истакна дека здравствениот кластер има за задача преку активности да се надминат заедничките недостатоци, со кои се соочуваат здравствените системи на двете држави, но и да се црпат позитивни искуства. Во рамки на проектот се набавени и неколку софистицирани апарати. Болницата во Благоевград доби современ апарат за онкологија, а Штипската болница апарати за поставување на врвна дијагностика во областа на оториноларингологијата

- Во рамки на овој проект досега се спроведени неколку активности, со кои преку воведување на иновации ќе се зајакне капацитетот на младите специјалисти. Целта на овој проект е да се привлечат младите лекари и да се обучуваат од страна на своите повозрасни колеги од Бугарија и Македонија и тоа во областа на каридологијата и онкологија, рече Георгиев.

Во рамки на проектот денеска и утре лекарите од Благоевград ќе може да посетат неколку приватни клиники, како и Штипската клиничка болница. /МИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер