Доктори од Прилеп и Радовиш учествувале во лекувањето на повредените во напад во Магдебург

Македонската амбасада во Германија објави дека двајца македонски доктори Златко Станковски и Владимир Митевски, вработени во болницата во Магдебург дале свој придонес во лекувањето на погодените во крвавиот напад на божиќен пазар 

Македонската амбасада во Германија објави дека двајца македонски доктори Златко Станковски и Владимир Митевски, вработени во болницата во Магдебург дале свој придонес во лекувањето на погодените во крвавиот напад на божиќен пазар во овој германски град.

- Горди со Д-р Златко Станковски и Д-р Владимир Митевски. Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург. Горди со нашата дијаспора, објави на својот Фејсбук профил македонската амбасада во Германија.

Лицето кое синоќа со автомобил удри во толпа на божиќен пазар во централниот германски град, при што загинаа пет лица, а 200 беа повредени, како што објави полицијата, дејствувал сам. Мотивите за постапките на сторителот засега остануваат непознати, но неговото незадоволство од односот на Германија кон бегалците од Саудиска Арабија можеби одигра улога, изјавија обвинителите на истиот брифинг.

Ливерпул подобар од Тотенхем во дерби со девет голови

По двете последователни ремија, фудбалерите на Ливерпул вечерва се вратија на победничките патеки и го совладаа Тотенхем во Лондон со 6-3 во дерби натпреварот од 17 коло во Премиер лигата.

Дијаз (23, 85) и Салах (54, 610 беа двојни стрелци за Ливерпул, а прецизни во редовите на актуелниот лидер беа и Мекалистер (36), Собослаи (45+1).

Мадисон (41), Кулушевски (72) и Соланке (83) ги постигнаа головите за Тотенхем.

Ливерпул води на табелата со 39 бодови, четири повеќе и натпревар помалку од второпласираниот Челзи.

Тотенхем со осмиот пораз сезонава остана на 11 место со 23 бодови.

Видео: Кој е познатиот личен телохранител на Меси?

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, аргентинскиот волшебник Лионел Меси ужива во посебни безбедносни мерки откако е член на американскиот Интер од Мајами.

Неговиот личен телохранител Јасин Чеуко стана познат по својата посветеност и вештини во заштитата на славниот фудбалер.

Инаку, Јасин Чеуко е поранешен припадник на американската армија, со искуство во мисии во Ирак и Авганистан. Покрај воената кариера, тој е експерт и за боречки вештини, вклучувајќи бокс и теквондо. Неговата физичка подготвеност и боречки вештини го прават идеален за улогата на личен телохранител.

Чеуко е ангажиран да ги штити Меси и неговото семејство во секое време. Неговата посветеност оди дотаму што го придружува Меси дури и за време на натпреварите, следејќи го покрај линијата за да реагира брзо во случај на упад на навивачите или други потенцијални закани. Оваа практика стана вообичаена откако Меси дојде во Интер Мајами.

Поради постојаното присуство со Меси и забележителните интервенции, Чеуко стекна голема популарност на социјалните мрежи, со стотици илјади следбеници. Неговата посветеност на работата и импресивните вештини дополнително ја зголемија неговата популарност.

Јасин Чеуко стана незаменлив дел од тимот на Меси во Соединетите Американски Држави, обезбедувајќи му безбедност и овозможувајќи му да се фокусира на играта, додека неговото присуство дополнително ја зголемува популарноста на фудбалот во регионот.

Во Кремљ средба на Путин со словачкиот премиер Роберт Фицо

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Кремљ има средба со словачкиот премиер Роберт Фицо, еден од ретките европски лидери со кои остана пријателски, јавија руските медиуми.

„Путин моментно води разговори во Кремљ со словачкиот премиер Фицо“, јавија руските медиуми.

притисни ентер