Доделување на државната награда „23 Октомври“

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети.

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија.

Годинава, добитник на наградата „23 Октомври“ е поетот Славе Ѓорѓо Димоски за остварување во областа на културата и уметноста.

Наградата ќе му биде врачена на добитникот во 12 часот.

Славе Ѓорѓо Димоски (поет, есеист, преведувач) е роден на 18 март 1959 година во охридското село Велестово. Завршил Филолошки факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во два мандата бил претседател на Управниот одбор на НУ „Струшки вечери на поезијата“. Основач е и долгогодишен раководтиел на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“.

Автор е на книгите поезија „Гравири“, 1979, „Проект“, 1982, „Студен порив“, 1985, „Последните ракописи“, 1988, „Спореден пат„, 1991, „Предмети и аргументи“, 1994, „Форми на страста“, 1998, „Форми на страста / Forms of passion“, „Macedonia Prima“, 1999, „Темно место“, 1999, „Мерач на зборовите“, 2007, „Хаику на разгледници“, 2015, „Јазичен триптихон“, 2015, „Кумова слама“, 2018, „Јазик и леб“, како и книгата „Поезија/Ткаења“ од 2014 година во која е објавена неговата целокупна поезија пишувана од 1979 до 2014 година.

Објавил шест книги за деца и четири книги со есеи, а превел над триесетина книги на поети од словенското јазично подрачје. Дваесет книги му се преведени на странски јазици, а поединечни песни и поетски циклуси се преведени на над триесет и пет јазици, меѓу кои англиски, француски, руски, малезиски, српски, романски, турски, албански, шведски, шпански, чешки, хрватски, словенечки, полски, азерски, украински, бугарски, германски, хебрејски, арапски италијански, грузиски, ерменски, монголски.

Наградуван е со повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, а меѓу нив „Браќа Миладиновци“, „Антево перо“, „Ацо Шопов“, Гран при интернационал (Романија), „Сергеј Есенин“ (Русија) и др. Двапати е добитник на највисокото охридско признание „Св. Климент – Патрон на Охрид (2000 и 2012 г.)

Застапуван е во сите антологии на македонската поезија објавени во Македонија и низ светот по 1982 година.

Граѓани од Скопје бараат од надлежните да ги заштитат од агресивно куче

Во групата на ФБ „ Во одбрана на Буњаковец“ е објавен апек до надлежните за да ги заштитат од агресивно црно куче , кое веќе напаѓало граѓани.

„На барање на сограѓаните, апелираме до надлежните да се погрижат за црното куче што држи територија на улица „Владимир Полежиновски“ пред број 23А - карши аптеката „Бета Фармација“ и КСЦ, во близина на ДОЛАП.

Кучето е крволочно и веќе има нападнато неколку луѓе, кои ни испратија фотографии од касањата.

Дали треба да чекаме истото да го направи на некое бебе или мало дете, кое можеби и нема да преживее?

По нападите е пријавено во Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme и во ЈП ЛАЈКА - Скопје и никому ништо. Од Лајка наводно рекле дека не може да ја најдат адресата.

Апелираме до Град Скопје како одговорни за кучињата и исплаќачи на оштета - ако нападнатите преживеат.

Апелирамр и до Општина Центар - Скопје, ЈП Паркинзи на Општина Центар, градоначалникот Горан Герасимовски, подобро да спречите отколку да се лечи.

Токму вашите деца може да поминуваат од овде! Ќе оставите да бидат искасани!?

Кучето го хранат комшиите од 23А кои го сметаат за мирно. Не им е гајле што повремено „здивува“ и напаѓа минувачи од грб или заканувачки им се испречува.

Посебно е опасно ноќе, оти кучето пoвремено лежи и на тротоар, на коловоз или до паркираните коли, па може минувачите буквално да го нагазат во темницата.“, пишува во објавата на ФБ.

Огромен СУВ пристигнува во Европа, има три реда седишта (ВИДЕО)

Овој SUV има три реда седишта, но и исклучителен електричен погон кој обезбедува одлични перформанси.

Серијата Ioniq штотуку доби ново дополнување и таа е најголемо од ваков вид. Неговото име е Ioniq 9, а се работи за SUV долг повеќе од пет метри (5060 mm), со ширина помала од два метри (1980 mm) и висина од 1,79 метри.

Со огромни димензии и препознатлив изглед во духот на најновиот дизајнерски израз на Hyundai, овој SUV го привлекува вниманието со својата луксузна внатрешност. Ова не е нималку чудно бидејќи само растојанието помеѓу оските е 3130 mm, така што има многу простор.

Во Кореја дојдоа до вистинско изненадување во однос на тоа што има под лимот. Има две верзии, Long-Range и Performance, а се нудат и две опции за возење, задна и AWD. Во превод, тоа значи дека ова чудовиште ќе достигне 100 km/h во верзијата Performance за само 5,2 секунди. Максималната брзина е ограничена на 200 km/h. Воедно нагласуваме дека станува збор за парче тешко околу два ипол тони.

Почетниот модел е придвижуван од електричен мотор од 160 kW (и 350 Nm), со кој овој теренец ќе биде значително побавен (0-100 km/h за 9,4 секунди). Следен во низата, има AWD погон и дополнителен преден електричен мотор од 70 kW и 255 Nm. Конечно, најмоќната опција има два електромотори, од кои и двата имаат моќност од 160 kW.

Исто така, вреди да се спомене дека Ioniq 9 е опремен со подеднакво импресивна батерија со капацитет од 110,3 kWh, која се полни исклучително брзо. Имено, тој е компатибилен со полнач од 350 kW, па полнењето од 10 до 80% капацитет трае само 24 минути. Досегот според WLTP е до 620 km за најслабата верзија со погон на задните тркала.

За цените се уште ништо не се знае. Сепак, лесно е да се собере понуденото и потоа да се заклучи дека стартот најверојатно ќе биде околу 70.000 евра.

„Барт“ предизвика стотици откажани летови низ Британија, проблемот останува и утре (ВИДЕО)

Во текот на викендот, Велика Британија се соочи со последиците од бурата Берт, која донесе силен ветер и многу дожд.

Невремето сериозно го наруши воздушниот сообраќај во земјата, а стотици летови беа откажани во саботата и неделата.

Според податоците на аналитичката компанија Цириум, вчера биле откажани 126 појдовни летови од британските аеродроми, а откажани се и 118 дојдовни летови. Најголем број доцнења се забележани на аеродромот Хитроу, каде се откажани 46 полетувања и 48 пристигнувања.

Денеска проблемите продолжија. До 11 часот откажани се 121 појдовни и 117 влезни летови. Хитроу повторно беше најтешко погоден, со 88 откажани полетувања и 85 пристигнувања, додека југоисточниот дел на Англија го презеде најголемиот товар од невремето.

Според Метеоролошката канцеларија, бурата Берт се очекува да се повлече до крајот на викендот, но прекинот во воздушниот сообраќај ќе продолжи. Авиокомпаниите во наредните денови ќе работат на реорганизирање на нивните мрежи и преместување на авионите кои останаа надвор од планираните позиции.

На патниците кои планираат да патуваат во наредните денови им се препорачува редовно да го проверуваат статусот на нивниот лет со авиокомпаниите, бидејќи за утре се очекуваат дополнителни прекини.

притисни ентер