Додека многумина слават, пожарникарите на готовс и за новогодишната ноќ

Ова е слика од секојдневието на нашите пожарникари.

Со самото пристигнување на нашата екипа во противпожарната бригада во Автокоманда посведочивме на повик за интервенција за запалена електрична инсталација. За нецела минута пожарникарите беа во возилото подготвени за акција. По половина час, мисијата беше успешно завршена.

Ги прашавме со какви впечатоци ја заокружуваат годината во која имаа полни раце работа. Беснееја и по девет пожари на ден со кои херојски се бореа со часови, несебично помагаа во спасувачката акција по големиот земјотрес во Драч, Албанија, беа меѓу првите што пристигнаа по автобуската несреќа во Ласкарци и спасија животи. Токму поради тоа, за првиот човек на противпожарната бригада на Град Скопје Владимир Симоновски и неговите заменици Ѕвонко Томевски и Трајко Кметовски 2019 година и покрај се е успешна приказна.

Иако работат со застарена опрема и возила стари и по 50 години нашите пожарникари ги краси друга карактеристика –големо срце. За нив секој би кажал дека се урбани херои, често во ситуации како Бетмен или Супермен. Но тие скромно велат дека пожртвувано дека го работат тоа што го сакаат, а успешно завршена интервенција без жртви им е доволна сатисфакција на крајот на денот.

Но, освен нивната храброст, потребно е властите повеќе да вложуваат во пожарникарската служба.

Во 2020 влегуваат подготвени за нови предизвици. Апелираат граѓаните да бидат совесни, внимателни и безбедни, бидејќи најголемиот број од несреќите се од човечки фактор. Не испратија со празнични честитки и надеж дека ова ќе биде мирна година.

Хаос на аеродромите во Британија: Заглавени илјадници патници поради компјутерска грешка(ВИДЕО)

Аеродромите низ Велика Британија се во хаос откако сите порти беа затворени поради компјутерска грешка кај граничните служби.

Сликите на социјалните мрежи покажуваат огромни редици пред портите додека илјадници луѓе чекаат да им ги проверат пасошите, пишува Дејли мејл.

Се шират гласини дека Хитроу не е единствениот аеродром погоден од наводната грешка, туку и Манчестер и Гетвик.

Персоналот на Хитроу, наводно, им рекол на патниците дека ова е национален проблем.

Една патничка изјавила за Дејли Мејл дека чекала во ред цел час, а персоналот на аеродромот почнал да дели вода.

Таа додаде дека на луѓето им било кажано дека аеродромот работи на алтернатива за проверка на документите на патниците.

Хамас планира да предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Хамас планира да ги предаде останките на неколку заложници кои се меѓу 33-те за кои велат дека ќе бидат ослободени во првата фаза од предложениот договор за прекин на огнот.

Во извештајот, во кој се цитираат две лица блиски до преговорите за договорот, се вели дека Хамас ги информирал посредниците дека не се сите живи оние што требаше да бидат ослободени, пишува Њујорк Тајмс.

Се очекуваше во првата фаза да бидат ослободени жени, деца, стари и болни лица, потсетуваат израелските медиуми.

Израел претходно инсистираше да се ослободат само живите заложници во таа фаза и се согласиле со помалку од 40-те луѓе што првично ги барале, со разбирање дека сите што требало да бидат ослободени се живи. Хамас синоќа соопшти дека го прифатиле договорот предложен од посредниците. Израел, пак, оцени дека договорот е многу различен од она на што се согласила земјата.

Претставници на Хамас рекоа дека првата фаза од договорот ќе вклучува 42-дневно примирје и ќе ослободат 33 израелски заложници во замена за голем број палестински затвореници кои се чуваат во израелските затвори.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека понудата на Хамас не ги исполнува основните израелски барања, но најави дека ќе испрати преговарачи да продолжат со преговорите со американските, египетските и катарските посредници.

Се верува дека уште 128 заложници се држат во Газа, од околу 250 киднапирани во нападите на палестинските екстремисти предводени од Хамас на 7 октомври минатата година, но не се знае дека сите се живи. За време на еднонеделниот прекин на огнот на крајот на ноември минатата година беа ослободени сто и пет цивили, а пред тоа четворица.

Тројца живи заложници беа ослободени од војниците, а телата на 12 од нив беа пронајдени, меѓу кои и тројца кои војниците по грешка ги убиле.

Израелската војска ја потврди смртта на 35 заложници кои сè уште ги држи Хамас, повикувајќи се на нови разузнавачки информации од војниците кои дејствуваат во Газа.

Австралискиот превозник Квантас продавал билети на откажани летови- 100 милиони долари казна

Qantas постигнал договор со австралиската влада за надзор на потрошувачите да плати повеќе од 60 милиони долари казни за продажба на билети на откажани летови.

Превозникот, исто така, се обврзал на дополнителна компензација за патниците на кои им продавале билети за „непостоечки“ летови.

Qantas и Австралиската комисија за конкуренција и потрошувачи (ACCC) спогодбено ги решија судските постапки кои се во тек од август минатата година. ACCC започнале правна битка против Qantas за рекламирање и продажба на билети за летови откажани од авиокомпанијата.

Комисијата тврди дека Qantas продал билети за повеќе од 8.000 летови помеѓу мај и јули 2022 година, во просек две недели, а во некои случаи и 47 дена по нивното откажување, пренесува Aero Time.

Најголемата австралиска авиокомпанија во октомври минатата година соопшти дека биле направени одредени грешки, но дека ACCC „ја игнорира реалноста на авиоиндустријата“. Авиокомпанијата ги отфрли тврдењата дека продавала билети за т.н. непостоечки летови.

По неколку месеци расправија, двете страни конечно постигнаа пријателско решение. Qantas вчера објави дека се согласиле да платат 100 милиони австралиски долари или 66 милиони американски долари казна.

Превозникот ќе им исплати и надомест на патниците во износ од 225 до 450 австралиски долари (150 до 300 американски долари) покрај парите што веќе им ги вратиле за откажаните летови. Во соопштението на Qantas се вели дека компензација во вкупна вредност од 13 милиони долари ќе биде исплатена на повеќе од 86.000 патници.

Извршниот директор на Qantas Group, Ванеса Хадсон, им се извинила на патниците чие „известување за откажување на летот не пристигнало навреме“, признавајќи дека авиокомпанијата не обезбедила соодветна поддршка на патниците.

притисни ентер