Доаѓа најголемиот СУВ на Ауди , вози до 240км/час и троши 4л/100км (ФОТО)

AUDI го претстави преработениот Q7 во две нови верзии.

Новите СУВ со ознаки 55 TFSIe и 60 TFSIe се одликуваат со нов приклучок за хибриден погон кој го прави моторот 3.0 V6 TFSI 340hp и 450Nm во комбинација со електричен погон. Со пониски перформанси, синергичниот ефект е 381 КС и 600 Nm, додека посилниот погон достигнува 456 КС и 700 Nm.

Електричниот мотор е сместен во осумстепено куќиште за менувач и е придвижуван од батеријата Li-Ion од 17,3 kWh (308 V), кој што нуди електричен опсег од 43 км. Од друга страна, во целосен ангажман стигнува до 100 км на час за 5,7 секунди, или 5,9 секунди во послабата верзија.

Ќе се искачи до 135 км на час кога вози на струја , а кога ќе се вклучи бензинот, границата е 250 км на час. И најголемото изненадување, просечната потрошувачка на гориво на оваа моќна машина е 3 л / 100 км и емисијата на СО2 од само 64 g/km.

Новиот систем за управување со хибриден погон овозможува две опции во хибриден режим. При сопирање, електричниот мотор учествува во работата на генераторот до 0,3 g, што овозможува моќност за обновување до 80 kW.

Почетната цена за Q7 55 TFSI e 74.800 евра во Германија, а верзијата со помоќни перформанси има почетна цена од 89.500 евра.

Во Дебар до 11 часот гласале 4 отсто за претседателските и 6 отсто за парламентарните избори

Во Дебар до 11 часот гласале 4 отсто за претседателските и 6 отсто за парламентарните избори, во Центар Жупа гласале 4,67 односно 4,73 отсто.

Изборниот тек од вториот круг од претседателските избори, како и парламентарните избори во Дебар и Центар Жупа се одвива нормално, со зголемена излезност на граѓаните кои го остваруваат нивното граѓанско право, потврдуваат од општинските изборни комисии.

Во општина Дебар, до 11 часот гласале 802 лица или 4 отсто од вкупно запишаните 19.269 за претседателските избори, односно 1184 лица или 6 отсто од запишаните 19.334 за парламентарните избори. Во првиот круг од претседателските избори на 24 април излезноста беше 5 отсто.

Зголемена излезност е забележана и во општина Центар Жупа, каде до 11 часот на претседателските избори, од вкупно запишаните 7368 гласале 345 или 4,67 отсто. Во првиот круг, на 24 април, излезноста беше 4,47 отсто.

На парламентарните избори правото на глас во Центар Жупа го искористиле 349 или 4,73 отсто од 7383 лица, колку што се во избирачкиот список.

Во општина Дебар има 27 избирачки места и 16 во соседната општина Центар Жупа.

Гринвуд трансфер цел на Барселона

Претседателот на шпанскиот прволигаш Хетафе, Анхел Торес, откри дека неговиот колега од Барселона, Жоан Лапорта е заинтересиран за напаѓачот Мејсон Гринвуд. 

Фудбалерот е во сопственост на Манчестер Јунајтед и оваа сезона настапува како позајмен фудбалер во Хетафе.

„Лапорта ме праша за Гринвуд. Тој располага со некои информации“, рече претседателот на Хетафе.

Според англиските медиуми, Манчестер Јунајтед има намера да се раздели со Гринвуд ова лето, а за фудбалерот беа заинтересирани Атлетико Мадрид и Јувентус.

МПЦ-ОА: Почитувани верници и граѓани ве повикувам на масовна излезност и гласање

Почитувани верници на Македонската православна црква и сите граѓани,  Ве повикуваме да излеземе  масовно и да гласаме

Почитувани верници и граѓани на Р Македонија,

Изборите се демократски чин преку кој ја изразуваме својата суверена волја. Секој изборен процес е важен, но овие избори се од суштинско значење, како за опстојот така и за сегашноста и иднината на народот и државата.

Изборите се можност кои ни се дадени за да учествуваме во креирањето на сопствената сегашност и иднина, а со тоа и иднината на поколенијата по нас. Слободната волја и правото на избор се дар од Бога дадени секому. Па, наша должност е да го искористиме и овојпат тоа право!

Затоа, почитувани верници на Македонската православна црква и сите граѓани, Ве повикуваме да излеземе масовно и да гласаме!

Бог да ја благослови Македонија!

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА -

ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

СКОПСКА ЕПАРХИЈА

притисни ентер