До крајот на годинава пристигнува новиот Ford Focus ST (ФОТО)

Фотографиите објавени во близна на авто патеката во Нирнберг откриваат дека Ford влезе во завршната фаза на тестирање на новиот спортски модел.

Регуларниот Ford Focus од четвртата генерација имаше премиера оваа пролет , кога беа претставени седан , караван и крос верзијата. Наскоро стигнува и спортската варијанта.

Претпродукцискиот тест автомобил на Ford Focus ST се фотографирани на патеката во Нирнберг , каде се врши тестирање на повеќето автомобили пред да бидат јавно промовирани.

Новиот Focus ST , сепак не беше целосно откриен . Деловите што ќе се разликуваат од досегашниот модел се препокриени . Главно моделите ќе се разликуваат според дизајнот на браниците . Новиот спортски автомобил ќе има поагресивен преден дел , како и поголем и понагласен заден дифузер со две симетрично поставени издувни цевки. Се очекува новиот модел да биде претаставен до крајот на годинава , а во пшродажните салони да стигне на почетокот на следната година.

Блинкен се очекува во Саудиска Арабија на самит за глобална економија и за Газа

Највисокиот дипломат на Вашингтон е меѓу лидерите кои се очекуваат на економскиот самит организиран од Саудиска Арабија, што треба да почне в недела, со силен фокус на тешката војна во Газа, рекоа организаторите.

„Американскиот државен секретар Антони Блинкен „ќе дојде директно од неговите посети во Кина и на пат за Израел“, рече Борге Бренде, претседател на Светскиот економски форум на прес-конференција денеска во Ријад.

Други учесници на дводневниот специјален состанок се палестинскиот претседател Махмуд Абас и министрите за надворешни работи и премиерите од целиот Блиски Исток и од Европа.

Тие вклучуваат министри за надворешни работи од Франција, Германија, Обединетото Кралство и ЕУ и премиери од Катар, Јордан, Египет и Ирак, се вели во соопштението на СЕФ.

„Вкупно 12 шефови на држави и влади се појавуваат меѓу повеќе од 1.000 учесници“, рече Бренде.

Отворен нов Тинекс маркет во општина Илинден

По повод годинешниот 30-годишен јубилеј, Tинекс отвора уште е неколку нови маркети.

Денеска беше пуштен во употреба маркетот во скопската општина Илинден.

Лукаревска: И на 8 мај, и по 8 мај, ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе

И на 8 мај, и по 8 мај, ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од социјалдемократските вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет за сите граѓани, за сигурна и безбедна иднина.

“Денеска е 27 април, точно седум години од "крвавиот четврток" во македонското собрание.

Слободата и демократијата што ја имаме и живееме во изминатите седум години имаат своја цена. Сите големи успеси на СДСМ и на сите прогресивни граѓани имаат висока цена, ама вредеше, некои работи не смеат да се заборават, за да не се повторат. Затоа ние остануваме со граѓаните, со сите вас кои што верувате во единствениот исправен пат за државата, во членството во Европската Унија како најцврста гаранција за сигурна и безбедна иднина. Само заедно можеме да ја оствариме таа цел, зашто е наша, заедничка”, изјави носителката во третата изборна единица, Сања Лукаревска.

Лукаревска истакна дека СДСМ е голема, силна партија, која што секогаш донесувала правилни одлуки за сигурна иднина на државата.

“Никогаш нема да се откажеме од нашите социјал- демократски вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет за сите граѓани, без поделби и раздор, без крвави сценарија. Ние веруваме во заедничка, подобра, европска иднина за сите граѓани. И на 8 мај, и по 8 мај, ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од нашите вредности, ги браневме и ќе продолжиме со истата посветеност, за нас нема друг пат. Да продолжиме заедно, да покажеме одлучност, можеме, како и пред седум години, заедно со сите прогресивни граѓани за сигурна и безбедна иднина”.

изјава од носителот на ИЕ3 Сања Лукаревска

притисни ентер