Дневен хороскоп за 7. јануари 2024 година

Дневен хороскоп за недела, 7. јануари 2024 година. 

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние кои се во стабилни врски , денеска ќе имаат потреба за да останат дома во прегратка на саканата личност.

Кариера

Креативните дејности што се однесуваат на помали задачи , денеска ќе ви донесат големо задоволство.

Здравје и совет

Игнорирајте ја нервозата.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Додека вие се забавувате и уживате како никогаш, некој од вашите пријатели страда и сака да ви се довери.

Кариера

И натаму сте во фаза да ги ,,прескокнувате” задачите , зашто многу повеќе ве привлекува вашето хоби и уредувањето на домот.

Здравје и совет

Бидете професионални.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Каде и да тргнете , малку е веројатно дека денеска ќе постигнете емоционално исполнување. Задоволете се со она што го имате.

Кариера

Имате изгледи за напредување , што ќе остави трага на подолг период. Искористете ги понудените опции.

Здравје и совет

Емотивни фрустрации.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Држете се само до она што знаете дека е проверено и стабилно. Се друго може да се смени во дел од секундата.

Кариера

Не се занимавајте со она за што интуитивно чувствувате дека нема да ви донесе корист. Одработете го само она што морате.

Здравје и совет

Едноставно издржете.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе дојде до мало подобрување во личните односи , но се уште не е такво за да можете да се опуштите.

Кариера

Не сте сигурни што треба да направите , па веројатно ќе побарате помош од личност која е постручна од вас.

Здравје и совет

Носете заклучоци во тишина.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска ќе увидите дека на една личност премногу и требате. Некако ќе најдете време меѓу љубовта и пријателството.

Кариера

Ништо што моментално се случува на вашето работно место , не ви се чини доволно интересно за да го преокупира вашето внимание.

Здравје и совет

Помагајте им на другите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе бидете растргнати меѓу љубовните желби , семејните должности и можности за сопствено задоволство.

Кариера

Оние кои кон работата имаат професионален пристап , ќе работат одлично . Другите постојано ќе наоѓаат приговори поради сопствените фрустрации.

Здравје и совет

Подобро е да верувате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе се поврзете со необични личности или такви кои не се од вашата средина. така ќе го збогатите својот емоционален свет.

Кариера

Ќе успеете да ја стабилизирате финансиската подлога за развој на работите. Поради тоа ќе ви порасне самодовербата.

Здравје и совет

Не споредувајте се со другите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе знаете да сочуствувате , но при тоа ќе имате непријатно чувство.Имате доверба само во она што ви лежи на срце.

Кариера

Ќе ја подобрите соработката со другите преку подобра комуникација , но се уште нема да прифаќате се што шефовите ви предлагаат.

Здравје и совет

Најдете златна средина.

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Ќе се ослободите од блокадите во комуницирањето и ќе успеете да го изразите она што го чувствувате. Тоа ќе биде чекор напред.

Кариера

Некои во работата ќе воведуваат нови или млади соработници. При тоа ќе бидат поотворени и попријатни од обично.

Здравје и совет

Покажете ја својата ведра страна.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе откривате се подлабока поврзаност со личноста што ја сакате , а во исто време добро ќе се забавувате.

Кариера

Некои ваши колеги денеска ќе покажат мрзливост или ќе бараат полуксузни услови за работа. Бргу ќе им одговорите.

Здравје и совет

Вие знате како да постапите со секого.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ве очекува зачестено излегување меѓу луѓе. За оние кои уште се сами , тоа ќе биде добра шанса за нови познанаства.

Кариера

Од она што сте го презеле , нешто веќе се га ќе се покаже како успешно, а за остатокот ќе треба да помине уште некои проверки.

Здравје и совет

Бидете тактични.

Словачкиот суд му одреди притвор на атентаторот на премиерот Фицо

Цинтула го погоди премиерот со четири од пет куршуми кога тој им пријде на приврзаниците по владината седница во Хандлова, во централна Словачка, за да се поздрави со нив.

Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.

Обвинителот побара притвор за осомничениот да не избега или да го повтори делото, а по сослушувањето судот не се согласи со писмените гаранции на Цинтула, ниту со предлогот тој да се брани додека е на слобода под надзор.

Цинтула го погоди премиерот со четири од пет куршуми кога тој им пријде на приврзаниците по владината седница во Хандлова, во централна Словачка, за да се поздрави со нив.

Цинтула веднаш бил уапсен. Од полицијата до медиумите протече видео на кое тој вели дека пукал во премиерот затоа што не му се допаѓаат политиките на неговата влада поради промените во судството, обидот за контрола на јавниот сервис РТВ и прекинот на помошта за Украина.

Но, адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно бидејќи веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.

Министерот за внатрешни работи Матуш Шутај Ешток рече дека напаѓачот немал соучесници, дека е очигледно дека нападот врз премиерот е политички мотивиран и дека Цинтула најмалку еднаш присуствувал на демонстрациите против Владата во градот Долна Крупа. /МИА

Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Едно лице почина, а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според првичните информации се случила во лифт во угостителски објект во Штип.

Надлежните од СВР Штип потврдуваат за трагедијата, која се случила попладнево во угостителски објект во Штип.

Повеќе детали околу несреќата засега нема, но од СВР Штип велат дека во тек е увид од страна на полицијата, јавен обвинител од ОЈО Штип, а на терен се и државни инспектори.

Според првичните информации починатото лице и неговиот колега извршувале работна задача во моментот на несреќата.

Најмалку 68 луѓе го загубија животот во поплавите во западен Авганистан

Најмалку 68 луѓе го загубија животот во поплавите што ги зафатија планинските области во западен Авганистан по невообичаено обилните сезонски дождови, соопштија денеска властите.

Во најтешко погодената провинција Гор на западот од земјата 50 луѓе го загубија животот и имаше голема материјална штета, а уништени се илјадници хектари обработливо земјиште, објави портпаролот на гувернерот на провинцијата.

Во северната провинција Фаријаб беше соопштено дека животот го загубиле 18 лица, двајца се повредени, имало и значителна материјална штета и се удавиле над 300 говеда.

Главниот портпарол на талибанската влада изрази жалење за „загубата на сограѓаните Авганистанци“ и ги повика „одговорните власти... да ја дадат сета потребна поддршка за ублажување на страдањата“, а „добронамерните донатори“ и хуманитарни организации да помогнат.

Светската програма за храна на ОН на социјалната мрежа Икс објави дека провинцијата Гор во која има 2.500 семејства е најтешко погодена. Тимовите на Светската програма за храна на ОН се на терен за да распоредат помош, се додава во соопштението.

Минатата недела организацијата соопшти дека екстремно во обилните дождови во Авганистан животот го загубиле повеќе од 300 луѓе и се уништени илјадници куќи, главно во северната провинција Баглан.

Преживеаните останаа без куќи, земја и извори на егзистенција. Поголемиот дел од Баглан е „недостапен за камиони“, соопшти Светската програма за храна на ОН, додавајќи дека прибегнува кон секоја алтернатива за да им достави храна на преживеаните

Последната катастрофа следи по разорните поројни поплави во април во кои животот го загубија најмалку 70 луѓе. Во поплавите биле уништени и околу 2.000 куќи, три џамии и четири училишта во западните провинции Фарах и Херат и јужните провинции Забул и Кандахар./МИА

притисни ентер