Дневен хороскоп за 6. октомври 2024 година

Дневен хороскоп за недела, 6. октомври 2024 година. 

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Се разбиструва маглата во која се чувствувавте по малку загубено. Се поголем е оптимизмот и вербата во поубав љубовен живот.

Кариера

На работното место денеска максимално ќе се служите со интуицијата. Таа одлично ќе ве води и ќе ви ги даде одговорите што ги баравте.

Здравје

Чувствителност на дигестивниот систем.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои тајни би можеле да испливаат на површина и така да ви го разјаснат она што до неодамна ве измачуваше.

Кариера

Сите кои се занимаваат со истражувачка дејност , денеска би можеле да дојдат до интересно откритие.

Здравје

Ќе сонувате интересни соништа.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Во текот на денешниот ден ќе почувствувате дека вашиот љубовен живот се поместува од мртва точка на подобро.

Кариера

Можно е денеска да ве обземат нереални амбиции. Потудете се тоа да го сведете на разумна мерка.

Здравје

Ви се зголемува апетитот.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И покрај малите незадоволства , препознавате се поголема љубов и радост во вашиот личен живот.

Кариера

Ќе се чувствувате безгрижно и нема да им придавате големо значење на малите грешки во работењето. Ќе сметате дека се неважни.

Здравје

Не претерувајте со благото.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Додека вашиот партнер ќе го гледа светот во розово , вие ќе бидете фокусирани на проблемите. Обидете се да гледате на позитивните работи во односот.

Кариера

Ќе успеете да постигнете квалитетен договор поврзан со некаква деловна соработка.Ќе има и такви кои ќе се сомневаат во вашите достигнувања.

Здравје

Помалку јадете , повеќе трошете калории на спортување.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Доколку се уште не сте нашле личност од соништата , добро погледнете околу себе додека сте на работното место. Некои таму ве разгледува.

Кариера

Вашите шефови денеска нема да бидат сигурни што навистина сакаат , но затоа вие и колегите ќе знаете што треба да направите.

Здравје

Најдете соодвета техника за релаксација.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Како што ќе минува денот, се повеќе ќе уживате во скромните погледи и читањето меѓу редови .

Кариера

Оние кои се занимаваат со алтернативни дејности, би можеле да бидат на чекор до големи достигнувања и радост.

Здравје

Бидете среќни.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

На моменти ќе имате потреба на сите да им кажете како се чувствувате , а на моменти сето тоа би го сокриле. Резултатот е збунетост на партнерот.

Кариера

Одличен ден за креативно поврзување со луѓето . Ќе измислите нови специфични начини на комуникација.

Здравје

Опуштете се во разговор.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Веројатно со драгите пријатели ќе ги спеделите грижите за вашиот љубовен живот и така ќе си олесните.

Кариера

Ќе заклучите дека доволно сте постигнале во согласност со целите што сте ги поставиле. Тоа ќе биде причина за задоволство.

Здравје

Треба да се биде реален.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Мали надмудрување во врска со доминацијата со партнерот денеска ќе го заземат поголемиот дел од вашето време. Осамените би можеле да најдат љубов на работното место.

Кариера

Конечно ќе се дефинира еден деловен план , според кој ќе се развива и вашата кариера и статусот.

Здравје

Замор.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Влегувате во помирна љубовна фаза. Врската во која се наоѓате почнува да наликува на сите останати , но вие сепак сте среќни.

Кариера

Не поднесувате индиректни пораки , а денеска ќе се соочите токму со нив. Не коментирајте , туку работете.

Здравје

Ќе бидете креативни во изразувањето.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Со задоволство би сакале да се забавувате , но состојбата ќе ја смирува таквата потреба. Вашата врска е коректна со мали предивици.

Кариера

Денеска на работното место би можеле да се покажете како вистински генијалец. Ќе имате одлични идеи.

Здравје

Немојте да се срамите.

Попко: Украинската ПВО одби нов напад на руските дронови врз Киев

Попко изјави дека во нападот нема жртви или материјално уништување, пренесоа украинските медиуми.

Шефот на градската воена управа на Киев, Серхиј Попко, изјави дека руските сили синоќа го нападнале Киев со неколку групи нападни беспилотни летала, но дека сите руски дронови биле соборени од украинските сили за воздушна одбрана над предградијата и главниот град на Украина.

Попко изјави дека во нападот нема жртви или материјално уништување, пренесоа украинските медиуми.

-Нападите беа извршени во бранови и од различни правци. Тревогата за воздушен напад беше објавена три пати и траеше вкупно повеќе од пет часа, рече Попко./МИА

Во БиХ денеска се одржуваат локални избори, освен во пет општини на ФБиХ поради поплавите

Вкупниот број на гласачи запишани во избирачкиот список на Босна и Херцеговина е 3,4 милиони.

Во Босна и Херцеговина денеска се одржуваат локални избори, осми од прогласувањето на независноста во 1992 година, на кои се избираат началници на општините и градоначалници на градовите, како и општинските и градските совети и собранија во 143 локални заедници - 111 општини, 32 града и округот Брчко, кој е посебна административна единица.

Вкупниот број на гласачи запишани во избирачкиот список на Босна и Херцеговина е 3,4 милиони.

Централната изборна комисија (ЦИК) на Босна и Херцеговина вчера одлучи поради катастрофалните поплави да ги одложи изборите во четири општини на ФБиХ - Јабланица, Коњица, Кисељак, Крешево, а денеска и во целата општина Фојница, место првично утврдените три избирачки места. Изборите во овие општини ќе се одржат кога ќе се исполнат условите, соопшти ЦИК на БиХ.

Изборниот молк во БиХ, што почна вчераутро, трае до затворањето на последното избирачко место вечерва во 19 часот.

На изборите учествуваат 110 политички партии, 386 кандидати се за началник и градоначалник. Повеќе од 25.700 кандидати ќе се борат за пратенички места во парламентите на локалните заедници.

Очекуваните трошоци за изборите се 9,7 милиони евра.

Од 386 кандидати за началници и градоначалници во БиХ, само 29 се жени или 7,5 отсто./МИА

Повикот на Макрон да се воведе ембарго на оружје за Израел е срамен, смета Нетанјаху

Повикот на францускиот претседател Емануел Макрон да се воведе ембарго за оружје на Израел е срамен, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израел денеска се брани на седум фронта од непријателите на цивилизацијата, рече Нетанјаху, мислејќи на Газа, Либан, Западниот Брег, Јемен, Сирија, Ирак и Иран.

„Додека Израел се бори со силите на варварството предводени од Иран, сите цивилизирани земји треба цврсто да застанат покрај нас, но претседателот Макрон и другите западни лидери сега повикуваат на ембарго за оружје за нас. Срам да им е“, рече Нетанјаху, пишува „Тајмс оф Израел“.

Израелскиот премиер посочи дека Иран не воведува ембарго за испорака на оружје на своите сојузници, додека земјите кои наводно се противат на оваа терористичка оска бараат ембарго за испорака на оружје на Израел, што е голем срам.

„Израел ќе победи со или без нивна поддршка, а нивниот срам ќе трае долго откако ќе ја добиеме војната“, рече Нетанјаху./МИА

притисни ентер