Дневен хороскоп за 30. декември 2023 година

Дневен хороскоп за сабота, 30. декември 2023 година.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денеска ќе успеете да се издигнете над тагата и грижите што ве мачат. Тоа ќе биде позитивно поместување и благо олеснување.

Кариера

Денеска добро ќе напредуваат оние кои работат во големи компании. Малите претприемачи ќе бидат во искушение.

Здравје и совет

Во добра форма сте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Доколку нешто ве измачувало , денеска ќе се соочите со тоа на дораснат начин. Можеби нема да пеете , но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот.

Кариера

Дарежливоста на спонзорите , кои се подготвени да ги зголемат своите вложувања , ќе биде нешто на што ќе се израдувате , но тоа создава и обврски.

Здравје и совет

Прво промислете , па делувајте.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Партнерот ќе ве повика на средба или дури да заминете на излет во двор. Ако прифатите , ќе си поминете одлично.

Кариера

Плодовите на вашата работа би можеле да ви се присторат сомнителни. Ќе мислите дека не го заслужувате она што го добивате.

Здравје и совет

Крајот делото го краси.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Се чини дека и денеска ќе уживате во друштво на личноста која ја сакате или пак ќе се трудите да освоите некого кој ви е мил.

Кариера

Не мора секогаш да им бидете на услуга на другите. Овојпат би можеле малку повеќе да се посветите на себе и на она што го сакате во работата.

Здравје и совет

Одете порано на спиење.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Без разлика дали сте млади или стари , ќе бидете несигурни и со низа прашања каде оди сето ова. Од вас се бара поголема доза толеранција.

Кариера

Следува одлична соработка со личности кои се духовити , забавни , млади и креативни. Исто важи и за работата.

Здравје и совет

Можна е преодна настинка.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Некои ќе се подготвуваат за важни зборови и во главата ќе кројат значаен говор. Не изразувајте го сеуште она што го мислите , но сепак продолжете со планот.

Кариера

Вашите зборови лесно ќе го одразуваат она што го мислите , па ќе знаете дека барем сте се обиделе да делувате или да предложите нешто за што верувате дека е добро.

Здравје и совет

Медитирајте.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе се двоумите околу тоа колку треба да попуштите и тука нема да најдете вистинска мерка. Потсетете се на својата цел и што е точно тоа кон што се стремите.

Кариера

Денеска не ги покажувајте отворено своите идеи и замисли зашто нема најдобро да ве разберат поради преокупираноста со други работи.

Здравје и совет

Никаде не треба да брзате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Нема да дозволите да бидете збунети , ако другата страна ве испровоцира. Напротив , тоа ќе го искористите за уште повеќе да го зацврстите вашиот однос.

Кариера

Можно е договарање на нов договор. Се ќе изгледа прилично амбициозно , а вие би сакале да се приземјите.

Здравје и совет

Ќе знаете да ги надминете проблемите .

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Истражувањето на сопственото назадоволство не е начин за да ги поправите личните односи , доколку во нив не предложите и некои конкретни решенија.

Кариера

Ќе настојувате мелку да се оддалечите од работата , доколку е можно. Само во мислите ќе ја анализирате минатата недела.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е добро.

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Ќе ве заинтригира една секојдневна ситуација , зашто во неа ќе видите голем љубвен потенцијал.

Кариера

Ќе се зголемат вашите деловни амбиции , но нема да бидат целосно реални. важно е да утврдите што е навистина можно , а што не.

Здравје и совет

Вежбајте гимнастика.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Оние кои можеби се на удар на разни додворувачи, денеска ќе бидат подложни на нивното влијание. Оние во врска се добро.

Кариера

Ќе мора малку појасно да објасните што е тоа што вие би го сакале во еден дел од работите. Послужете се со факти.

Здравје и совет

Не ги земајте работите здраво за готово.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска веројатно ќе се однесувате по принципот ,,само да се забавувам’ . Можна е средба без емоционално исполнување.

Кариера

Денеска на вашето работно место ќе биде речиси ангелска атмосфера. Сите ќе бидат подготвени за да помогнат едни на други.

Здравје и совет

Немојте да се опијаните.

Објавен петтиот том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“

Објавен е петтиот том на публикацијата „Визуелна хроника на македонскиот стрип“, најново издание на Александар Стеванов – графички дизајнер, наградуван стрип-сценарист и хроничар на македонскиот стрип.

Како што информира авторот, во книгата се истражува и прибележува деветтата уметност на македонско тло, овојпат детално обработена го периодот од 2016 до 2019 година.

На вкупно 64 страници во боја, формат А4, во изданието се опфатени речиси 270 хронолошки единици, кои збирно го осведочуваат овој период како врвна точка на домашното стрип-издаваштво. Опфатени се стрип-албуми и списанија за стрип објавени кај нас, одржани стрип-работилници, фестивали и изложби, гостувања на македонски стрип-автори на манифестациите во странство, како и освоени награди на стрип-фестивалите во земјава и во регионот.

- Станува збор за зафат од капитално значење, изведен за сега, еве и во нејзиниот петти дел, поточно во публикациите со различни дијахрониски опфати: првиот дел опфаќајќи го периодот 1990 – 1999 година, вториот 2000 – 2007, третиот 2008 – 2011, четвртиот 2012 – 2015 година... сѐ додека својот историски проект Стеванов не го доведе до наши дни, пишува истакнатиот писател Томислав Османли во предговорот кон изданието.

Како и претходните четири тома, и овој петти том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“ излегува со поддршка на Министерството за култура.

Почнувајќи од наредната недела изданието ќе биде дистрибуирано во библиотеките ширум земјава, најпрво во НУБ „Св. Климент Охридски“, а во скоро време се очекува да има промоција. /МИА

Кике Санчез Флорес ја напушта сезоната на крајот од сезоната

Тренерот на Севилја, Кике Санчез Флорес, ќе ја напушти функцијата по завршувањето на сезоната, соопшти прес-службата на шпанскиот клуб.

Педест и деветгодишниот Шпанец е на чело на Севилја од декември минатата година. Под негово водство, тимот одигра 23 натпревари, забележа 11 победи, четири пати ремизираше и загуби на девет средби.

Севилја по 36 кола се наоѓа на 12. место во шпанската Ла Лига со 41 бод.

Во 37. коло Севилја утре во 19 часот ќе се соочи со Атлетико Билбао на гостински терен. /МИА

Во Појасот Газа за еден ден загинале 83 луѓе

 Според Министерството за здравство во Газа во изминатите 24 часа при израелските напади во Појасот Газа загинале 83 луѓе.

Во војната помеѓу Израел и Хамас вкупно загинале 35.386 луѓе

Од почетокот на војната на 7 октомври минатата година повредени се 79.366 лица.

Најголемиот број од жртвите се деца и жени. /МИА

притисни ентер