Дневен хороскоп за 24. февруари 2024 година

Дневен хороскоп за сабота, 24. февруари 2024 година. 

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Љубовните незадоволства денеска успешно ќе ги компензирате преку други подрачја во животот.

Кариера

Пред вас е еден стимулативен ден за секаква работа. Што и да направите , ќе се развива над вашите очекувања.

Здравје и совет

Телесно сте одлично , емотивно сте празни.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе се обидете да внесете повеќе работи во вашата врска. Тоа делумно ќе го подобри вашиот однос , но треба уште да поработите на него.

Кариера

Ќе ги разгледате новите финансиски опции за вложувања. Одлуката за тоа сеуште нема да биде кристално јасна.

Здравје и совет

Внимавајте на главата.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе успеете да се договорите за повеќето работи , благодарејќи на разбраниот пристап од двете страни.

Кариера

Ви се отвораат нови патишта и можности за соработка со деловни партнери од странство. Анализирајте ги можностите.

Здравје и совет

Поместете ги своите граници.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска секако излезете зашто е можна средба за паметење, а некои би можеле и да се заљубат.

Кариера

Ќе ве интересира се што е креативно и што во себе вклучува создавање. Другиот дел од работата ќе ја одработите рутински.

Здравје и совет

Концентрирајте се на позитивните работи.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денешните љубовни фрустрации ќе ги надминете доколку се посветите на работата или на своите хобија. Некои ќе сакаат да останат осамени.

Кариера

Од вас многу се очекува и тоа со право. Можете да се впуштите во поголеми планови и проекти без страв дека тоа е ризично. Добро ви оди.

Здравје и совет

Меланхолија.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Семејството од кое потекнувате веројатно од вас ќе побара дополнителен ангажман , па саканата личниост ќе остане во втор план.

Кариера

Доколку се прашувате зошто манипулаторите ви работат зад грб, ќе ја потрошите целата вишок енергија. Знаете кои се тие и затоа игнорирајте ги.

Здравје и совет

Напредувате во секој поглед.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Сигурноста и убеденоста во своите идеи ќе биде вашата главна идеја што ќе ве води во љубовните освојувања.

Кариера

Работата денеска ќе ја одрабиотувате со леснотија , а по одреден број часови на работното место , со голема радост ќе побрзате на некоја забава.

Здравје и совет

Подобрување.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

И денеска е одличен ден за дружење и за зближувања. Одвојте дел од слободното време и излезете меѓу луѓе.

Кариера

Ништо нема да ви биде тешко кога станува збор за работата. Нема да се двоумите , ако треба да го подметнете грбот.

Здравје и совет

Посилни сте од ден во ден.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

За оние кои бараат сродна душа, постои голема веројатност овие денови да ја препознаат на работното место.

Кариера

На работното место ќе ви биде пријатно и ќе работите со уживање. Вашата кариера добро се развива.

Здравје и совет

Се интересирате за козметика.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе изгледа како една личност да консумирате за доручек , а друга за вечера. Решете се веќе еднаш.

Кариера

Луѓето не се кукли за ваше поигрување. Колегите би можеле да ви замерат дека кон нив се однесувате како со кукли.

Здравје и совет

Не манипулирајте со другите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Повеќето ќе имаат потреба да влезат во домот и таму цалосно да се опуштат. Ако сте во врска, добро е , а доколку не сте , повикајте некого.

Кариера

Веројатно е дека ќе преуредувате дома , а ќе се прозевате додека сте на работното место.

Здравје и совет

Проанализирајте се себеси.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Многуте средби ќе изнудат насмевка на вашето лице. Луѓето ве сакаат , а вие самите со задоволство ќе излезете.

Кариера

Во фаза сте кога ви е најдобро ништо да не работите . Сепак , што се мора ,с е мора, па така постапете.

Здравје и совет

Бидете зрели и воздржани.

Мајк Џејмс се расплака како мало дете по историскиот пораз (ВИДЕО)

Екипата на Монако претрпе пораз во петтиот натпревар пред своите гледачи по продолженијата против Фенербахче, а Мајк Џејмс не можеше да ги задржи солзите по мечот.

Војводите беа поразени со резултат 80:79, па по последниот судиски свиреж, првата ѕвезда на Монако беше видена како плаче додека го напушта теренот.

Несомнено е дека поразот тешко му падна како играч од кого се очекува најмногу.

Овој натпревар донесе нова страница во историјата, бидејќи ова е прва победа на гостинската екипа во петтиот натпревар од плејофот во Евролигата. Досега резултатот беше 0-19, но сега историјата се промени.

Битиќи: Одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи поднесе оставка од таа позиција.

Почитувани граѓани и граѓанки

Стојам пред вас со благодарност, но и со чувство кое ги надминува резултатите од парламентарните избори. Вашиот глас за листата на пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, на која бев ко-носител во втората изборна единица, не е само бројка – тоа е израз на доверба и верување во нас, за што го изразувам своето големо почитување.

Гласовите кои ги добивме претставуваат и огромна обврска. Обврска да продолжиме со нашата политичка мисија, обврска да го засилиме дијалогот и да ги слушаме потребите на нашите сограѓани. Но, дел од исполнувањето на оваа обврска бара и политичка одговорност, бара промена.

Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот.

Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители – и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех.

Упатувам апел дека оставката не претставува политички акт на пораз на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување и преиспитување на СДСМ.

Прифаќањето на политичка одговорност нема да биде знак на слабост, туку израз на лична и партиска демократска зрелост, како и подготвеност да се промениме и да растеме – и ставаме приоритет на колективниот интерес пред личните амбиции.

Да се вратиме повторно меѓу граѓаните, да го слушнеме нивниот пулс и да ги разбереме нивните потреби и да се вратиме на нашите социјалдемократски вредности. Само на овој начин може да дојдеме до нови идеи, пристапи и енергија кои може да ја зајакнат визијата и стратегијата на СДСМ па да се вратиме со крената глава во политичката арена за да ја добиеме битката за европска Македонија – ветување кое го дадовме на граѓаните и кое им должиме да го исполниме.

И за крај: нека е ова новиот почеток кој ќе ги обедини сите искрени другари и другарки во идејата за социјалдемократија, во идејата за соживот, во идејата за Едно општество за сите каде владее правичноста, солидарноста и еднаквоста.

За силен и единствен СДСМ.

Извор: Фактор

Бајден ќе воведе построги правила за добивање азил на границата со Мексико

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре, со цел намалување на илегалните преминувања, изјавија три извори запознаени со ова прашање.

Регулативата ќе бара мигрантите да бидат проценети во почетна фаза од проверката за азил за да се види дали треба да им биде одбиен азил и брзо да бидат депортирани, велат анонимните извори. Мерката се чини дека е ограничена по обем, додаваат тие.

Мигрантите ќе бидат проценети за забрана за барање азил врз основа на криминал и безбедносни закани, изјавија два извори. Белата куќа не одговорила веднаш на барањето за коментар.

Американскиот претседател Бајден, демократ кој бара уште еден мандат, се соочи со рекорден број мигранти фатени додека ја минуваат границата меѓу САД и Мексико откако ја презеде функцијата во 2021 година.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, републиканскиот противник на Бајден, го критикуваше актуелниот претседател за повлекување на порестриктивните политики што тој ги воведе за време на неговиот мандат.

притисни ентер