Дневен хороскоп за 20. август 2019 година

Дневен хороскоп за вторник , 20. август 2019 година. 

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе бидете позитивни во вашите љубовн9 намери без оглед на ситуацијата што не е на ваша страна.

Кариера

Веќе ви се доволни постојаните акции на вашите надредени , а денеска нема да можете да избегнете уште една. Прифатете ја без премногу прашања.

Здравје и совет

Внесете ведар дух каде и да одите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се покажете како вешт организатор на љубовни настани. Ќе успеете да постигнете она што сте го посакувале.

Кариера

Подготвени сте времено да се повлечете , зашто насетувате дека така повеќе би ви одговарало. На некој начин сте во право.

Здравје и совет

Прифатете го она што доаѓа.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Партнерот денеска може да ве изнервира , зашто ќе има сосема контрадикторни барања и ставови. Останете мирни.

Кариера

Денеска заработените пари ќе ви изгледаат дека се малку , но треба да разберете дека тоа не е цел самата по себе. Поважно е да го работите она што го сакате.

Здравје и совет

Недостиг на енергија и нерви.Одморете се.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Колку и да се трудите денеска, во душата ќе чувствувате празнина , а љубовниот живот ќе ви се чини нецелосен.

Кариера

Се повеќе работи што ви одат од рака, го прават работењето на вашето работно место уште попријатно.Но , вие и натаму не запирате.

Здравје и совет

Размислете за диета.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе бидете во фаза на повлекување и најдобро ќе се чувствувате во некое скриено катче сами со себеси.Тоа ќе биде само преодно расположение.

Кариера

На дневен ред доаѓаат вложувачи. Со нив денеска ќе има преговарања и мали натегања , но во позитивна смисла.

Здравје и совет

Зголемен интерес за козметика.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете склони од глушец да правите слон , а се ќе биде резултат на вашата фантазија. Не е идеално , но далеку е од она што го очекувате.

Кариера

Има голема веројатност за успешен договор или одобрување во врска со конкретен проект. Тоа ќе ве расположи.

Здравје и совет

Може малку да се одморите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Малата меланхолија ќе ја сузбиете доколку излезете во друштво. Таму ве очекуваат убави изненадувања и уживање.

Кариера

Оние кои може да влијаат на работата што ја работите денеска ќе ви бидат многу наклонети , па лесно ќе договарате нови потфати.

Здравје и совет

Тренирајте дипломатија.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Многумина денеска ќе паднат во стапица , од која тешко ќе се извлекуваат. Чувството на осаменост ќе биде силно , како и копнежот.

Кариера

Доколку се отворите кон своите соработници , ќе ви биде полесно да работите. Обидете се грижите да ги свртите на шега.

Здравје и совет

Попладне опуштете се.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои и натаму се заглавени во лавиринт. Други ќе тргнат , иако несигурно. Трети ќе мисклат дека сето тоа нема смисла.

Кариера

Ќе бидете растргнати меѓу желбите и можностите. На вас е да најдете златна средина и да се прилагодите на позитивен начин.

Здравје и совет

Добро би ви дошол малку повеќе сон.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Нема нешто што не би можеле да го направите за саканата личност . И самите се чудите како се ви оди од рака.

Кариера

Ако некои луѓе ви изгледаат глупави, не мора тоа отворено да им го кажете. Никој не е совршен , а со такви треба да се знае умно да се постапува.

Здравје и совет

Вежбајте јога.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Секаков вид на пријателски или неврзан контакт , денеска би можел да ви биде интересен и да ве исполнува.

Кариера

Постојат уште некои договори што не се многу важни , но треба да се одработат до крај. Денеска ќе се занимавате со нив.

Здравје и совет

Потребен ви е одмор.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Некои ќе мислат дека сега би можеле се , но сепак постојат ограничувања , што се однесуваат на пристојно однесување или почитување на другите.

Кариера

На работното место ќе покажете завидни резултати , а на тоа најмногу ќе придонесе вашата интуиција. Послушајте ја.

Здравје и совет

Ќе бидете задоволни.

„Гответе со Дракче“ - Малиџано

Во петок (26.04.2024) во емисијата гостин ни беше Вики Среброва

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

2 - 3 лажици мајонез

100 гр. ореви

10 маслинки

1 главица лук

1 лажица сенф

малку сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Анализите на Секторот за санитарна контрола, направени на 149 примероци од 41 мерни места во градот, во период од 22 до 26 април, покажаа дека водата во Скопје е безбедна за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Секторот за санитарна контрола земал 149 примероци за физичко-хемиска и 149 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во град Скопје и согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Неформална дводневна средба на Советот за општи работи на ЕУ

Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) денеска и утре ќе одржи неформално заседание, на кое централен настан ќе биде одбележување на 20-годишнината од големото проширување на Унијата на 1 мај 2004 година. 

Заседанието ќе започне вечерва со свеченост во Центарот за ликовни уметности „Бозар“ во Брисел со која ќе се одбележи годишнината од приемот на Естонија, Кипар, Малта, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка во Европската унија.

Работниот дел од неформалното заседание на ГАК ќе продолжи утре во чии рамки министрите или државни секретари на земјите членки на ЕУ задолжени за европски прашања ќе одржат серија работни сесии на кои ќе разговараат за процесот на проширување, вклучувајќи и за искуствата од проширувањето во 2004 година, за потребата од зајакнување на Унијата, како и инструментите на блокот за заштита на владеењето на правото.

Меѓу другото, предвидено е европските министри да одржат размена на мислења со претставници на земјите кандидати и аспиранти за членство на ЕУ за владеењето на правото во рамките на процесот на проширување.

На заседанието ќе стане збор и за важноста за почитување на владеењето на правото во рамки на Унијата, како и за потенцијални подобрувања на постоечките механизми на заштита на овој принцип и нивната ефикасност.

На состанок европските министри ќе разговараат и за иднината на ЕУ, при што се очекува да разменат мислења за потребните чекори и реформи за зајакнување на капацитетот за дејствување на Унијата.

Неформалните заседанија на Советите на ЕУ се средби на ресорните министри на кои не се носат никакви одлуки, туку само се дебатира и се разменуваат мислења за различни теми и прашања по кои треба да се решава на формалните средби или на состаноци на други тела на Унијата. /МИА

притисни ентер