Дневен хороскоп за 18.2.2019

Дневен хороскоп за понеделник, 18. февруари 2019 

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Партнерот ќе покаже големо количество емоции ,што вие нема да можете да ја следите и да ја разберете.

Кариера

На дневен ред би можел да се најде нов договор за работа.Добро проучете ги деталите , па потоа донесете одлука.

Здравје

Ќе има пријатни средби.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Можно е денеска некој да ви искаже љубов или обратно.Ќе биде весело со доста искрени емоции.

Кариера

Ќе бидете креативни им оригинални.На оние кои имаат помалку интересна работа, ќе им треба начин за да се изразат.

Здравје

Бидете сериозни.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

На многумина ќе им се чини дека ги води некоја невидлива рака кон уште поголема среќа.Или сте вљубени или се заљубувате.

Кариера

Вашата склоност да си поигрувате со луѓето не е секогаш пријатна. Луѓето се нешто повеќе отколку играчки.

Здравје

Бидете она што сте.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Некои меѓу вас најверојатно ќе покажат чувства кон пријател што можеби ќе ги збуни нивните партнери.

Кариера

Очекуваната заштита би можела да се случи токму денеска .Ќе бидете подготвени за соработка, но ќе треба и да се докажете.

Здравје

Немате грижи.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе почувствувате плима од емоции како расте во вас. Тоа ќе ви биде критериум за сите денешни случувања.

Кариера

На дневен ред ќе се најдат финансиите.Ќе разгледувате нови можности за заработувачка и зголемување на профитот.

Здравје

Мала пречувствителност.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние кои биле на прагот на љубовта, денеска ќе увидат дека токму тоа им се случува.

Кариера

Ќе се повикате на резултатите од претходната работа , кои не се за потценување.

Здравје

Прифатете ги добрите намери на другите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Не е лесно да се открие или признае грешка, но чесно е да се соочите . Размислете и постапете како што ви вели срцето.

Кариера

Ќе работите на стара задача што не е довршена.Ќе најдете начин да уживате во тоа.

Здравје

Издржете.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Би можело да дојде до бесмислени надмудрувања околу доминација во личните односи. Воздржете се од тоа.

Кариера

Не се сомневајте во себеси.Ова е само преодна фаза низ која морате да поминете.

Здравје

Не се откажувајте.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Оние во подолги врски навистина ќе уживаат во секој момент на заедничкото секојдневие.

Кариера

Следуваат нови услови за работа на работното место Главно ќе ви одат на рака , па прифатете ги.

Здравје

Можна е посета на козметичар.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Повеќето денеска ќе уживаат во својата голема способност да допрат до најсуптилните вибрации на чувствата.

Кариера

Вработените во институции од затворен тип , денеска доаѓаат до завршување на една фаза во работата. Другите ќе мечтаат.

Здравје

Слушајте ја интуицијата.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашата врска и денеска ќе се базира врз секс. На тој начин на партнерот ќе му се вовлечете под кожа.

Кариера

Ќе се потрудите околу некои спонзори со што ќе ја зацврстите финансиската структура на фирмата каде што работите.

Здравје

Преминете од зборови на дела.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние кои од саканите очекуваа да им дадат сигурност , денеска тоа ќе го дочекаат. Ќе бидат задоволни.

Кариера

Ќе им се заблагодарувате на своите соработници што ве следат и имаат доверба во вашите нови идеи.

Здравје

Внимавајте на повреди.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер