Дневен хороскоп за 14. октомври 2019 година

Дневен хороскоп за понеделник, 14. октомври 2019 година. 

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Пред вас е убав ден за дружба , излегување и нови познанства. Особено добро ќе се забавуваат оние помладите.

Кариера

Не се двоумете доколку треба да воведете некои нови методи во работниот процес . Истовремено ќе ви биде важно тоа да го направите на фин начин.

Здравје и совет

Подобрување.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашата фаза на ,,ловечки приказни” би можела да потрае и денеска. Внимавајте некого да не изнервирате. Оние во врска се добро.

Кариера

Веројатно ќе извршите една помала анализа на една тема , а истата ќе ви донесе задоволство.

Здравје и совет

Не претерувајте со колачи.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

На некои можеби ќе им биде доста од се. Некои веќе изгубиле надеж и веќе ништо не очекуваат , додека другите ќе уживаат во осаменоста.

Кариера

Вашите цели се високи, па затоа ви се потребни одредени квалитети и квалификации. Проверете дали имате се што ви е потребно.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денеска би можеле да излезете со пријатели и со нивна помош да ги надминете љубовните грижи.

Кариера

Ќе делувате на два начина – оној вообичаениот и оној што вклучува големи планови за иднина.

Здравје и совет

Се потрудивте да живеете уредно , што е добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Освен мали дневни уживања во двојка , денеска ќе размислувате и за некои подлабоки филозофски прашања.

Кариера

Веќе ништо не ви стои на патот . Ова се вашите пет минути на работното место и искористете ги најдобро што можете.

Здравје и совет

Почнете да спортувате.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денот ќе ви донесе многу смисол за друштвеност , па ако имате можност , излезете меѓу луѓе.

Кариера

Сите работи што вклучуваат соработка , контакти и размена на идеи , денеска ќе ви одат од рака подобро од вообичаеното.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате посилно .

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ако сте во врска , ќе излезете меѓу луѓе и убаво ќе си поминете. Ако сте сами исто така ќе излезете меѓу луѓе.

Кариера

Дури сега сфаќате колку е важно да имате добра соработка со другите. Тие ви даваа помош во работењето , а сега почнувате и вие да им враќате.

Здравје и совет

Подобро е да верувате , отколку да сде сомневате.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Денеска најдобро ќе поминете доколку бидете што е можно подискретни и помалку да зборувате. Мерете го секој збор.

Кариера

Вашите шефови ќе бараат од вас одредени постапки , кои ви изгледаат неумесни. Сепак , не се расправајте , туку прифатете ги.

Здравје и совет

Ќе бидете малку фрустрирани , но ќе ви помине.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Следува мала преодна криза во комуникациите со саканата личност , а со тоа и мали фрустрации. Сепак , сето тоа јуначки ќе го издржите.

Кариера

Може да се случи мала расправија со надредените околу нормите за работа и поставените критериуми. Бидете што е можно посериозни.

Здравје и совет

Нервоза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Повикот за дружење ќе биде од неврзан карактер. Доколку го прифатите и излезете , убаво ќе си поминете.

Кариера

Размислувате за тоа како во работата да воведете стручни лица. Анализирајте ги можните кандидати.

Здравје и совет

Имате смисла за хумор.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Мелите фрустрации ќе бидат поврзани со потребата за интимност и за друштво, односно јавност и тоа во исто време.

Кариера

Она што другите ќе ви предложат , анализирајте го полека и во тишина , за да бидете целосно објективни.

Здравје и совет

Почнете со здрава исхрана.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе најдете поткрепа во вашата смисла за сочувство со другите. Ќе бидете отворени и внимателни кон другата страна.

Кариера

Не сте сигурни дали отворено да го кажете своето мислење. Ви недостигаат уште некои информации за да ја имате целосната слика.

Здравје и совет

Причекајте.

Рекорден број мигранти го преминале Ла Манш во првите четири месеци од годинава

 Бројот на мигранти кои пристигнале во Велика Британија откако го преминале ла Манш достигна ново рекордно високо ниво за првите четири месеци од годинава, и е зголемен за 27 проценти во однос на 2023 година.

Вкупно 7.567 луѓе го преминале каналот до април, покажуваат привремените бројки на британското Министерство за внатрешни работи, пренесе ДПА.

Ова е за 27 проценти повеќе од бројот на пристигнувања регистрирани во првите четири месеци од минатата година (5.946) и зголемување од 13 отсто во споредба со бројките регистрирани за истиот период во 2022 година (6.691).

Вкупно 268 луѓе вчера пристигнале во Велика Британија со пет чамци, а преминувањата продолжуваат и денеска.

Околу 2.132 луѓе патувале со 42 чамци во април, што укажува на просечно 51 лице по пловило минатиот месец.

Ова е повисоко од просекот за март – 48 луѓе по чамец – но пониско од врвот што изнесувал 56 луѓе по брод во септември 2023 година./МИА

Вучевиќ најави дека новата влада ќе биде влада на континуитет

Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија.

Мандатарот на новата српска влада Милош Вучевиќ во експозето на собраниската седница на која ќе се избере владата и новите министри, најави дека таа ќе биде континутет на политиката на досегашните влади и на претседателот Александара Вучиќ. За Македонија кажа дека е држава која во Србија секогаш може да најде партнер и повеќе од тоа, јави дописникот на МИА од Белград.

- Владата ќе продолжи да води надворешна политика заснована на политичка независност и воена неутралност, а полноправното членство во ЕУ останува наша стратешка цел, рече Вучевиќ, додавајќи дека идната влада „ќе направи се за да го спречи приемот на лажната држава на Косово“ за членство во ЕУ во Советот на Европа (СЕ), иако призна дека „шансите за тоа не се големи“ и додаде дека „Владата на Србија ќе биде принудена да одговори соодветно“ доколку Косово биде прифатено како членка на СЕ.

Во поглед на Русија, Вучевиќ потенцираше дека Србија нема да воведе санкции кон Русија и да „нема да се откаже од пријателството со неа“ и го истакна стратешкото партнерство на Србија со Кина, кое во текот на оваа година ќе биде крунисано со ратификација и стапување во сила на Договорот за слободна трговија.

Кога станува збор за регионот, Вучевиќ во експозето истакна дека придонесот на Србија за зачувување на мирот и стабилноста ќе биде активен и континуиран.

-Северна Македонија е држава која во Србија секогаш може да најде партнер и повеќе од тоа. Србите и Македонците повеќе немаат ниту една тема што ги оддалечува. Не постои ниту едно прашање околу кое може да се раздвоиме или околу кое би можело да се направи раздор. Проектот Отворен Балкан дополнително не зближи, а разрешувањето на црковниот спор, ја тргна и последната пречка на патот на изградбата на меѓусебната доверба и зедничката работа каква не е видена од распадот на поранешна Југославија, истакна Вучевиќ, говорејќи одделно за односите на Србија со соседните земји.

Вучевиќ при презентацијата на експозето изјави дека Министерството за одбрана и војската на Србија подготвиле неколку модели на воена служба, во траење до четири месеци.

На седницата на Собранието на Србија мнозинството пратеници на СНС-СПС и коалициските партнери од помалите партии по експозето на Вучевиќ ќе гласаат за избор на новата коалициска влада на СНС-СПС која ќе има 25 министерства и 31 член.

Синиша Мали ќе биде вицепремиер и министер за финансии, Ивица Дачиќ - министер за внатрешни работи и вицепремиер, Александар Вулин - вицепремиер, Ирена Вујовиќ - вицепремиер и министер за заштита на животната средина, Братислав Гашиќ - министер за одбрана, Марко Ѓуриќ - министер за надворешни работи, Тања Мишчевиќ - министер за евроинтеграции, Горан Весиќ, министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Дубравка Ѓедовиќ - министерка за рударство и енергетика, Златибор Лончар - министер за здравство,Томислав Момировиќ - министер за внатрешна и надворешна трговија, Маја Поповиќ - министер за правда, Славица Ѓукиќ Дејановиќ - министер за образование, Немања Старовиќ - министер за вработување, труд, ветерани и социјални прашања, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, министер за семејна грижа и демографија, Никола Селаковиќ, министер за култура, Андријана Месаровиќ, министер за економија, Јелена Жариќ Ковачевиќ, министер за администрација и локална самоуправа, Jелена Беговиќ - наука и иновации и Хусеин Мемиќ - министер за туризам.

Милан Кркобабиќ - министер за грижа на селото, Дејан Ристиќ - министер за информации и телекомуникации, Дарко Глишиќ - министер за јавни инвестиции, Новица Тончев, Усаме Зукурлиќ, Ненад Поповиќ и Татјана Мацура се министри без ресор. /MИА

Тинејџер приведен за обид за убиство откако повредил тројца во училиште во Велика Британија

Едно 17-годишно момче е уапсено под сомнение за обид за убиство, откако три лица беа повредени во средно училиште во Јужен Јоркшир, пренесе ДПА.

Едно дете било нападнато, а двајца возрасни се здобиле со полесни повреди во инцидент што се случил утрово во Академијата Бирли во Шефилд.

Полицајците од Јужен Јоркшир дошле местото на настанот откако одговориле на пријава за „инцидент со остар предмет во училиштето“ на Бирли Лејн.

Училиштето соопшти дека било затворено по инцидентот и дека „сите ученици и персонал се безбедни“ и никој не бил пренесен во болница.

Седумнаесетгодишно момче е уапсено под сомнение за обид за убиство и останува во полициски притвор.

Портпаролот на полицијата рече дека полицијата ќе остане на местото на настанот во текот денот за да ја гарантира безбедноста на оние во училиштето и локалната заедница. /МИА

притисни ентер