Дневен хороскоп за 14. март 2024 година

Дневен хороскоп за четврток, 14. март 2024 година. 

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ви претстои излегување на интересно место полно со уметнички вибрации и убави луѓе.

Кариера

Оние чија работа е поврзана со настапи или презентации , денеска ќе постигнат убав успех. Другите ќе бидат во публика.

Здравје и совет

Ќе ја надминете малата меланхолија.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Она што не ви се допаѓа кај вас самите , би сакале да го скриете под тепих. Не може така, саканата личност доволно добро ве познава.

Кариера

направете се што можете за вашите професионални способности да дојдат до израз и не се плашете да го покажете вашето знаење.

Здравје и совет

Вежбајте повеќе.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тајните интриги особено ќе ве инспирираат. Ќе бидете подготвени да направите се за да освоите нечие срце. Пазете до каде може да одите.

Кариера

Уметниците денеска добро ќе функционираат , а сите други ќе бараат место каде би ја изразиле својата креативност.

Здравје и совет

Можни се интересни сништа.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Подготвени сте да ги спуштите критериумите , зашто гледате дека животот е многу поедноставен , отколку што сте мислеле. Ве очекува опуштеност и среќа во љубовта.

Кариера

Денеска ќе работите лесно и пријатно.Причината е најава за добар настан.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате одлично.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска би можеле да доживеете многу пријатно и неврзано дружење. Некои ќе си најдат љубов преку пријателите.

Кариера

Ќе ви ги признаат вашите заслуги во работата , но веднаш ќе побараат од вас поголема одговорност.

Здравје и совет

Добро ќе се држите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Додека вие се обидувате што повеќе да му се приближите, партнерот се обидува што повеќе да се повлече во себе и на тој начин да се оддалечи.

Кариера

Ситните незавршени работи ќе ви задаваат мала главоболка . Најдобро е да ги решите што побргу.

Здравје и совет

Душевен немир.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Она што можеби во моментов ви недостига во вашата врска , ќе го надоместите со добрата еротска игра.

Кариера

Малите интриги околу доминацијата на работното место ќе ги разоткриете со помош на вашата интуиција.Потпрете се на неа.

Здравје и совет

Зголемена општа сензуалност .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можеби ќе видите нешто што другите не го гледаат , но не се оптоварувајте со тоа. Денот е добар за љубов.

Кариера

Ако ја употребите својата интуиција на вистински начин , би можеле да постигнете многу повеќе од очекуваното.

Здравје и совет

Ќе сонувате интересни сништа.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Сите знаци покажуваат дека денеска ќе блескате. И на вас ќе ви биде чудно како привлекувате толкаво внимание.

Кариера

Денеска на работа можете слободно да се потпрете на сопствениот шарм. Сите работи на кои вие имате влијание , ќе бидат успешни.

Здравје и совет

Дотерајте се за да блеснете уште повеќе.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се обидувате да бидете скромни во своите љубовни очекувања, но таквиот пристап нема да ви биде познат.

Кариера

Пред вас се потези со кои можете да ги смените условите за работа на вас и вашите колеги.Внимавајте само да не избрзате со зборовите.

Здравје и совет

Почитувајте го своето тело.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Тешко дека ќе можете да се согласите со саканата личност за што било. наведнете си ја главата и слушајте што има да ви каже. Нема друг начин.

Кариера

Иако изгледа дека сте под нечија заштита , не е така.Забавни сте и способни ,а сега тоа се бара.

Здравје и совет

Одморете се од преголемите очекувања.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Денеска ќе се чувствувате добро , без разлика дали сте дома во друштво на саканата личност или сте излезени.

Кариера

Новите работни задачи ќе бараат поголема креативност и смисол работите да се постават на нов начин или делумно да се изменат.

Здравје и совет

Продолжете понатаму .

Ковачевски: Влада се формира со поддршка од 61 пратеник

Парламентарната трка не е завршена, ако некој не го освоил мнозинството од 61 пратеник за формирање на влада значи ги изгубил изборите, вели лидерот на СДСМ Ковачевски.

Тој се уште нема концизен одговор дали има шанси неговата партија да ја поддржи ВМРО-ДПМНЕ доколку се случи сценариото тие да победат, а се соочат со услови или уцени од албанските партии. Според него за ова ќе се разговара по конечните резултати од изборите во среда.

-Тој што не може да формира влада значи изгубил на изборите, бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник. Ќе видиме какви ќе бидат резултатите од изборите на 8 мај, бидејќи изборите уште не се завршени. Тогаш ќе може да се разговара за формирање на влада. Чекајте, полека, па ние сме на избори конкуренти со ВМРО-ДПМНЕ, осми нека дојде па ќе видиме. - Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ

На прашањето како ја коментира националистичката реторика од партиските митинзи, како што се скандирањата за УЧК од ДУИ, Ковачевкски рече дека ги осудува и нив, но и пораките кои ги возвраќаат од опозицискиот табор.

-Јас веќе ги имам осудено изјавите и на господинот Ахмети во однос на несоодветното скандирање на плоштадот Македонија, бидејќи тие се анахрони скандирања и не враќаат 20 години наназад во едно закопано минато коешто сме го надминале со Охридксиот рамковен договор и членството на НАТО... Исто така упатив порака и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат Силјановска дека националистичка реторика не води никаде.- Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ

Кампањата за парламентарните и претседателските избори ќе трае уште четири дена. Според најавите од првиот човек на ДИК Даштевски, резултатите од гласањето за двата процеса може да се очекуваат уште истата вечер на 8 мај.

Османи се расправеше со новинарите: Дали да нацртам? Нема влада без Бадентер

Доколку Европскиот фронт победи во албанскиот блок на парламенатрбите избори на 8-мај од ДУИ сметаат дека по автоматизам им следува да бидат дел од идната влада. 

Според Османи не може да има Влада без двојно мнозинство - парламентарното од 61 пратеник плус Бадентерово, а ваквите тврдења ги темелеше на Охридскиот рамковен договор. Соочен со аргументите дека таканареченото двојно мнозство го нема во Законот за Влада или во Уставот и дека Влада се гласа со просто мнозинство, Османи влезе во кавга со новинарите чии прашања ги окарктеризира како навредливи за Албанците.

-Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет? Граѓаните одлучуваат кој ќе ја формира Владата. Затоа има две мнозинства со Рамковниот договор. тие што ги исполнуваат двете мнозинства, формираат Влада. Не може да се формира Влада без Бадентерово мнозинство. – Бујар Османи, колциција „Европски фронт“

Новинар: Но мандатот го добива една партија, а Влада се гласа со бадентер, туку со 61 пратеник.

Не знам како да ви обајснам. Да земам табла да ви нацртам.

Новинар: па цртавте еднаш, ама знаете како заврши тоа.

Епа изгледа треба пак да нацртам. Еве ви кажувам без ДУИ нема бадентер, а без бадетер нема функционална Влада.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак се категорични дека ислучуваат секаква можна соработка со ДУИ и Али Ахмети во било која форма или варијанта. Потпретседателот на партијата Александар Николоски утрово порача дека брзо по 8 мај граѓаните ќе се уверат дека зборот ќе биде одржан.

„Со Али Ахмети е исклучена секаква соработка во било која варијанта, во било која форма, на било кој начин нема да има соработка со Али Ахмети. Ние сме многу сериозни дека ДУИ ќе оди во опозиција, јас сум свесен дека до првиот круг најголем дел од политичката елита и дел од граѓаните во Македонија мислеа дека блефираме и дека го правиме тоа за политички поени. Свесен сум дека во овој момент има граѓани кои сеуште мислат дека ова го правиме како политичка игра, но ние ова ќе го реализираме и нашата поддршка после изборите ќе расте затоа што ќе видат дека го држиме зборот„.– Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Од Коалицијата ВРЕДИ изјавата на Османи ја оценуваат како желба за Власт по секоја цена и порачаа дека ќе преговараат за влез во идната Влада..

Дали ќе подржат еден од двајцата претседателски каднидидати од Вреди велат ќе одлучуват деновиве, но ги повикаа галасачите да излезат и да го остварат правото на глас на двојните избори.. Дали нивните членови и симпатизери вооошто да гласат и дали да поддржат некој од канидатите, став допрва ќе градат и во ДУИ.

Почина таткото на Тоше Проески

По тешко боледување, почина Никола Проески – татко на легендарниот музичар Тоше Проески.

Тажната вест денеска на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. Таа со фотографијата на која се Никола и Тоше се прости од својот татко. Според пријатели на семејството, последниве месеци, тој се лечел во приватна болница во Скопје.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.

притисни ентер