Дневен хороскоп за 14. декември 2019 година

Дневен хороскоп за сабота, 14. декември 2019 година. 

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Неврзаните контакти денеска би можеле да ви донесат вистинско лично освежување. Оние кои се сами , нека излезат на кафе.

Кариера

Премногу размислувате како соработувате со другите и тоа ќе ви го одземе драгоценото време.

Здравје и совет

Не анализирајте премногу.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Нивото на вашата самодоверба ќе биде големо , а шансите за дружење се отворени. Многу осамени денеска запознаваат нови лица.

Кариера

Некои од вашите надредени денеска би можел да застане на пат на вашите уметнички идеи.

Здравје и совет

Одете до крај и не запирајте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе продолжите да нижете едно подруго љубовни успеси. Оние во врска блескаат , а осамените с еполни со надеж и излегуваат.

Кариера

Повремено ќе ви паѓа на памет мала и безначајна анализа , што остана недовршена поради непристигнати информации. Но и тоа ќе се реши со време.

Здравје и совет

Имате право на краток одмор.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Врска што ја почнувате ,ветува. Бидете искрени и отворени како што само вие знаете. Оние во врска ќе бидат добро.

Кариера

Освен малку замор , ништо нема да ве загрижува во врска со вашата работа. Добро ќе соработувате и ќе го направите она што е потребно.

Здравје и совет

Потребно ви е вежбање во теретана.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Доколку ви се пристири дека ви недостига страст во личните односи , само препуштете му се на партнерот. Тој тоа ќе го надомести.

Кариера

Ќе се обидете да се соберете и јасно да ги искажете своите намери. Тоа ќе биде чекор напред во расчистување на една работа.

Здравје и совет

Движете се повеќе , јадете помалку.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Како што ќе минува денот , вие ќе гледате дека работите се повеќе си доаѓаат на своето место. Тоа ќе ве израдува.

Кариера

Претсдтои многу добар развој на настаните поврзани со со странски фирми и партнери од други земји.

Здравје и совет

Здравјето ви е стабилно и добро.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Усогласувањето со партнерот ќе биде успешно , а за се ќе придонесат и вашите драги пријатели.

Кариера

Освен мала збунетост поврзана со вашиот шеф , ништо особено нема да ве загрижува поврзано со работата.

Здравје и совет

Посилни сте од многумина.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе бидете снаодливи како што знаете вие . Од својата фантазија ќе извлечете одговор на секое прашање на партнерот.

Кариера

Со задоволстов ќе одите на работа зашто таму ќе наоѓате различни скриени теми , идеи и замисли за кои другите не се свесни.

Здравје и совет

Добро ќе си поминувате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашата најдрага личност денеска веројатно со непримерен потег или говор ќе навреди член на вашето семејство. Бидете дипломат.

Кариера

На кратко службено патување ќе сфатите дека треба понекогаш да прифатите она што другите ви го предлагаат, како и ризикот што оди со тоа.

Здравје и совет

Верувајте и на својата интуиција.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Како што ќе минува денот , така ќе сфаќате дека некои особено драги лица се вознемируваат. Прифатете ги зашто чувството за немир е преодно.

Кариера

Со добра финансиска поткрепа денеска би можеле да сдефинирате декл од работите со странство.

Здравје и совет

Се навраќате на сеќавањата , не дозволувајте да ве обземат.

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Продолжувате да делите среќа и задоволство на сите околу себе. Доколку сте уште сами , излезете меѓу луѓе , па макар само до најблискиот маркет.

Кариера

Со радост ќе приведете една работа кон крајот , свесни дека добро сте работеле и уште подобро сте се справиле со предизвиците.

Здравје и совет

Уживајте.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе се покаже дека вашата најдрага личност има инвентивни идеи. Ќе ги прифатите и така ќе си ја освежите врската.

Кариера

Во моментов од ништо не се плашите . Подготвени сте за секаква соработка и ги надминувате озборувањата и нестабилностите на денот.

Здравје и совет

Одете во природа.

Катовице: Во салата каде попладнево ќе заседава полската влада пронајден апарат за прислушување

Во салата во седиштето на Шлезискиот регион во Катовице, пред попладневната седница на чешката влада, откриен е и демонтиран апарат за прислушување, соопшти портпаролот на министерот координатор на полските безбедносни служби, Јацек Добжињски.

Службата за државна безбедност и Агенцијата за внатрешна безбедност ја демонтирале направата и покрената е истрага за тоа кој ја поставил.

Полската влада попладнево ќе одржи вонредна седница во Катовице бидејќи премиерот Доналд Туск и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се главни гости на меѓународниот економски форум во тој град на југот на Полска.

Владата нема „чувствителни“ теми на дневниот ред на денешната седница, најавено е дека ќе одлучува за помош на граѓаните за плаќање на енергетски производи и предлогот за Законот за дигитални комуникации со кој во полските закони се воведува кодот на Европската унија во таа област.

Грчкото МНР реагира по одлуката на Турција манастирот Хора да работи како џамија

Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение реагираше за одлуката на турските власти, манастирот Хора да почне да функционира како муслиманска џамија.

Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение реагираше за одлуката на турските власти, манастирот Хора да почне да функционира како муслиманска џамија, истакнувајќи дека тоа „претставува провокација за меѓународната заедница бидејќи го менува неговиот карактер како споменик на светското културно наследство на УНЕСКО што му припаѓа на човештвото“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР додадоа дека „зачувувањето на универзалниот карактер на спомениците и почитувањето на меѓународните стандарди за заштита на верското и културното наследство е јасна меѓународна обврска која ги обврзува сите држави“.

Холандската полиција го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам

Холандската полиција го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам и уапси 125 демонстранти.

Холандската интервентна полиција рано утринава го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам, при што уапси околу 125 лица во повремено насилните судири, соопштија властите.

Во пораките објавени во текот на ноќта на социјалната мрежа X, полицијата наведе дека мора да дејствува за да го запре овој настан и да ги растури шаторите поставени од демонстрантите кои беа насилни кон полицијата.

„Полициската рација беше неопходна за да се воспостави ред. Ги гледаме снимките на социјалните мрежи. Разбираме дека тие снимки може да изгледаат интензивно“, соопшти полицијата.

Локалните медиуми покажаа како демонстрантите пукаат со пиротехнички средства кон полицајците, но засега нема извештаи за повредени од двете страни.

„Сега сè е тивко... полицијата останува во близина на кампусот во Ротерсајланд“, соопшти полицијата подоцна на X.

Холнадскиот министер за образование во заминување, Роберт Дијкграф, изјави дека универзитетите се место за дијалог и дебата и дека е разочаран што полицијата морала да интервенира.

Студентските протести поради војната и академските врски со Израел почнаа да се шират низ Европа, но останаа многу помали од оние во САД.

притисни ентер