Дневен хороскоп за 12.3.2019

Дневен хороскоп за вторник , 12 март 2019 година. 

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Со паметни постапки ќе го одржите балансот во врската. Добра забава е можна со пријатели или во поголемо друштво.

Кариера

Би можеле да добиете пофалба за својот труд околу развојот на деловните контакти и поврзување луѓе.

Здравје и совет

Преминете од зборови на дела

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Повторно ќе добиете можност за зближување и поопуштен однос со саканата личност. Прифатете ја со добри намери.

Кариера

Ќе најдете спасувечко решение за некои деловни проблеми , кои ве измачуваа, но и натаму треба да работите на вашата концентрација.

Здравје и совет

Издржете.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Доколку има помали проблеми во вашата врска , пријател ќе ве извлече од кризата и ќе ви даде искрен совет.

Кариера

Тргнавте во нова насока што ветува, а сега мора да поработите на деталите и да се обидете да бидете трезвени.

Здравје и совет

Вежбајте јога.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Не постои нешто што не можете да направите за саканата личност. И самите се чудите како се ви тргнува од рака.

Кариера

Оние кои имаат апстрактна работа , ќе имаат одлични резултати. Другите и натаму ќе го слушаат својот внатрешен глас и ќе бидат одлични.

Здравје и совет

Можете да преместите планини.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Веројатно ќе успеете добро да се забавувате и така ќе ги подобрите личните односи. Сепак , ќе почекате на емотивното исполнување.

Кариера

Ќе продолжите да ги развивате своите инвентивни идеи. Денеска доаѓаат информации , кои долго време ги чекавте.

Здравје и совет

Ви расте еланот.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Своите грижи ќе ги заборавите и ќе се свртите на секојдневнието. Така ќе си ја олесните душата и ќе станете пореални.

Кариера

Одличен ден за склучување оригинални или специфични деловни зделки.Отворете си ги очите , шансата доаѓа на лето.

Здравје и совет

Разбудете се.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Навиката е нешто што може да биде добро или лошо. Не се навикнувајте на осаменост , зашто овој период ќе помине.

Кариера

Одличен ден за секаков вид работа што ја работите. Околностите , луѓето и настаните ќе ви одговараат.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е убаво.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашите прјатели или друштвото ќе ве поттикнат да делувате на исправен начин и да заземете правилен став по љубовните прашања.

Кариера

Доколку некои луѓе ви се причинува дека се глупави , не морате тоа отворено да им го покажете. Никој не е совршен ,а и со нив треба паметно дас е работи.

Здравје и совет

Дишете длабоко.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Тајно или отворено , ќе настојувате да дојдете до љубов.Во тоа ќе ви помогнат блиски луѓе , на кои секогаш можете да се потпрете.

Кариера

Иако некои од вашите соработници ќе има посебни барања , вие лесно ќе најдете заеднички јазик и успешно ќе го постигнете саканиот резултат.

Здравје и совет

Не манипулирајте со другите , туку бидете прибрани.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Конечно ќе најдете вистински зборови и правилен пристап за да освоите нечие срце. Ги надминавте претерувањата.

Кариера

Денеска би можел да се случи оној момент кога работите ќе си дојдат на свое место. Ќе ви биде убаво.

Здравје и совет

Ќе бидете задоволни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Некои ќе мислат дека сега можат се` , па сепак постојат ограничувања што се однесуваат на пристојното однесување и почитување на другите.

Кариера

Само продолжете да гио развивате она што ви е се` појасн. Денеска добивате потврда за тоа од новите соработници кои ве поддржуваат.

Здравје и совет

Сега сте во одлична форма.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе исчезнат грижите и денеска вие ќе можете да и се препуштите на љубовта на начин на кој отсекогаш сте сакале.Ќе ви биде убаво.

\Кариера

Интуитивната страна на вашата личност ќе ве доведе до исклучително добитна комбинација на работа.

Здравје и совет

Пред вас е ден полн со радост.

Рангник го одби Баерн

Селекторот на австриската репрезентација Ралф Рангник одби да ја напушти репрезентацијата за да го преземе Баерн Минхен.

- Со цело срце сум посветен да работам за австриската репрезентација. Неизмерно уживам во мојата работа и планирам да продолжам по патот што го избравме. Сакам да истакнам дека ова не е одбивање на Баерн, туку одлука во корист на мојот тим и нашите заеднички цели. Целосно сме фокусирани на Европското првенство и ќе дадеме максимум за да одиме што подалеку, изјави Рангник, за официјалниот сајт на Фудбалскиот сојуз на Австрија.

Претходно беше објавено дека Рангник би можел да стане нов тренер на Баварците. /МИА

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Се враќаат старите цени на осигурувањето при регистрација на возилата. 

Ваква одлука беше донесена откако денеска Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ја разгледа анализата на Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Предлог-одлуката е доставена на усвојување до Владата на Македонија

Освен тоа, Комисијата утврдила и потреба од измени на Тарифата за премии за осигурување и подготвила Предлог-измени во насока на заштита на корисниците.

-Предложените измени се насока на утврдување на опсег од 15% до 30% во кој друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска одговорност, а за секој износ на овие трошоци над 30% да побараат претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување. Комисијата е задолжена најдоцна до 30 септември секоја година до Владата да доставува предлог за минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување за следната година. – Министерство за финансии

Од Финансии додаваат дека одлуката е резултат на недостатокот на финансиски анализи од осигурителните компании, кои како единствен аргумент на кој се повикале биле растечките трошоци од работење.

Според анализата на Агенцијата за супервизија, пак, 10 осигурителни компании оствариле добивки за 2023 година, а само една завршила со загуба од работењето.

Поскапувањето на полисата за осигурување стапи на сила од минатата недела и граѓаните плаќаа од 840 па до речиси 1600 денари поскапа цена, во зависност од моќноста на возилото. Дали на тие што веќе платиле по новите цени,сега ќе им бидат вратени парите, во соопштението на финансии одговор нема.

Швајцарија објави дека во оваа фаза Русија не е поканета на мировните преговори за Украина

Швајцарската влада денеска соопшти дека „во оваа фаза“ Русија не е поканета да учествува во разговорите за постигнување мировен договор меѓу Москва и Украина, што ќе се одржат во Швајцарија во средината на јуни.

-Швајцарија е убедена дека Русија треба да биде вклучена во овој процес, се вели во соопштението на владата во Берн.

Се додава дека мировниот процес без Русија е невозможен. /МИА

притисни ентер