Џонсон: Наесен ќе имаме таблети против ковид-19 и ќе се лекуваме дома

До есен, на Британците може да им се даде нов начин на лекување на ковид-19 - земање антивирусни апчиња дома.

За време на прес-конференцијата, премиерот Борис Џонсон најави формирање владина работна група за идентификување на најефикасните антивирусни лекови што можат да се земаат од дома.

Следејќи го примерот на групата што обезбеди пристап до вакцините, работната група ќе има задача да го поддржи развојот на нови антивирусни третмани преку клинички испитувања, за да осигури дека тие можат да им бидат дадени на пациентите уште наесен.

Говорејќи на конференција во Даунинг стрит, премиерот рече дека акцијата е замислена како „понатамошна линија на медицинска одбрана“ против коронавирусот.

„Ова значи, на пример, дека ако имате позитивен тест, може да има таблета што може да ја земете дома за да го запрете вирусот и значително да ги намалите шансите инфекцијата да се претвори во посериозна болест“, рече Џонсон, додавајќи:

„Или, ако живеете со некој што има позитивен тест, може да има апче што би го пиеле неколку дена за да го запрете заболувањето кај вас“.

Амбициозната цел на владата оваа година е да има најмалку два ефективни лекови - или во форма на таблети или капсули - што јавноста ќе може да ги зема дома по позитивен тест за ковид-19 или изложеност на вирусот. Премиерот рече дека „не можеме да бидеме измамени дека COVID го нема“.

Тој предупреди дека повеќето научници во земјата го делат ставот дека оваа година земјата може да доживее уште еден бран на инфекции.

„И затоа мораме - колку што е можно - да научиме да живееме со оваа болест, како што живееме со други болести“.

Новите лекови, најавени од премиерот, можат да помогнат во спречување на порастот на инфекции и ограничување на влијанието на новите варијанти на Ковида-19.

Министерот Мет Хенкок укажа на успехот на Обединетото Кралство во прелиминарното утврдување како на постоечките лекови - како што се дексаметазон и тоцилизумаб кои обично се користат за лекување на ревматоиден артритис – дека може да се користат за лекување на ковид. Заедно со една од најуспешните програми за вакцинација во светот, употребата на лековите како дексаметазон спаси 22.000 животи во Велика Британија. Се проценува дека оваа бројка е околу еден милион во светот.

Новата работна група ќе делува покрај постојната работна група на владата, која ќе продолжи да ги идентификува и доставува третманите за кои се покажало дека се ефективни во клиничките испитувања во сите фази на изложеност на пациентите.

„Во комбинација со нашата фантастична програма за вакцинација, лековите се витално оружје за да ги заштитиме нашите најблиски од овој ужасен вирус“, рече Ханкок.

Ужас во Намибија: Нилски коњ излезе од река и нападна туристи во чамец (ВИДЕО)

На интернет кружи грозоморно видео од Намибија, каде нилски коњ ги напаѓа туристите кои крстареле по реката Чобе.

И покрај напорите на капетанот да избегне „блиска средба“, водениот џин се приближил, ги покажал вилиците и го нападнал чамецот.

Сведоците велат дека пловилото полека се движело, додека љубопитните туристи гледале група нилски коњи од безбедно растојание.

Одеднаш, еден се упатил кон нив, а пропелерот на моторот се заглавил во плитката вода и немало време за бегство, пренесува The Sun.

На видеото се гледа како монструозното животно ги забива челустите во чамецот и го уништува надворешниот мотор. Унишен е и дел од коритото, а туристите седат преплашени.

„Не можев да верувам што се случува“, изјавила Џеки Бошоф подоцна.

Таа додава дека капетанот внимавал и ги исклучил моторите за да може чамецот тивко да се приближи до групата нилски коњи.

Сепак, еден од мажјаците решил да ги избрка „непоканетите гости“.

„Одеднаш нѐ нападна. Капетанот се обиде да маневрира, но се заглавивме во плитка вода. Дури подоцна сфативме дека покрај мажјакот има и младенче“, изјавила Бошоф.

Бајден: Луѓето заборавија на нападот на Хамас на 7 октомври

За време на неговиот говор за антисемитизмот и холокаустот во Салата за еманципација на Капитол, американскиот претседател Џо Бајден рече дека луѓето ширум светот веќе го заборавиле масакрот на Хамас на 7 октомври и земањето заложници Израелци.

„Тука сме, не 75 години подоцна, туку само седум месеци подоцна, а луѓето веќе забораваат дека Хамас го започна овој терор. Не заборавив, ниту вие. И нема да заборавиме“, рече американскиот претседател , пренесува Тајмс оф Израел.

Бајден оцени дека нападот на Хамас врз Израел, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, а 252, главно цивили, беа киднапирани, е најсмртоносниот ден за Евреите по холокаустот.

„Оваа омраза кон Евреите продолжува да лежи длабоко во срцата на премногу луѓе во светот и бара наша постојана будност и отвореност“, рече Бајден.

Тенисерка доби 9 милиони долари отштета поради сексуално злоставување (ВИДЕО)

Поротата на Федералниот суд во Флорида ѝ додели на тенисерката Кајли Мекензи отштета од 9 милиони долари, откако таа ја обвини Тениската асоцијација на Соединетите Американски Држави (USTA) дека не ја заштитила од тренерот .

Поротата на Федералниот суд во Флорида ѝ додели на тенисерката Кајли Мекензи отштета од 9 милиони долари, откако таа ја обвини Тениската асоцијација на Соединетите Американски Држави (USTA) дека не ја заштитила од тренерот за кого рече дека сексуално ја нападнал во тренинг центар кога била тинејџерка.

Во тужбата, поднесена од Мекензи во март 2022 година, се наведува дека Анибал Аранда, кој бил вработен во националното раководно тело на спортот околу седум години, а подоцна бил отпуштен, ја искористил својата позиција како тренер за да добие пристап и да ги малтретира ранливите спортистки, јавува АП.

Таа, исто така, тврдеше дека УСТА од небрежност не успеала да ја заштити од сексуален напад и небрежно го задржале Аранда како тренер откако тој сексуално нападнал службеник на УСТА.

Поротата на Окружниот суд на САД вчера ѝ додели на Мекензи 3 милиони долари како компензација и додаде 6 милиони долари за казнена отштета.

Портпаролот на USTA Крис Вајдмаер најави дека синдикатот ќе поднесе жалба на пресудата.

Тој рече дека УСТА е „длабоко вознемирена“ од одлуката, вклучително и затоа што „судот пресуди дека УСТА е одговорен затоа што еден од неговите вработени, кој не е спортист, имал обврска да го пријави сопственото искуство со овој тренер на УСТА, и тоа е инцидент кој бил непознат додека USTA не го отпушти тренерот. Ова поставува нови и неразумни очекувања за жртвите“.

притисни ентер