Џејмс го предвододеше Кливленд до победа, заврши сезоната за Казнс

Во најквалитеттната светска кошаркарска лига, НБА, ноќеска беа одиграни десет натпревари.

Од нив, ја издвојуваме победата на вицепрвакот Кливленд, само втора на последните осум натпревраи. Кливленд предводен од Лебропн Џејмс ја совлада Индијана со 115-108.

Џејмс средбата ја заврши со „трипл-дабл“ учинок, осми за него сезонава. Тој покрај 26 поени, имаше и 11 асистенции и 10 скока. Покрај него добра партија пружи и Кевин Лав со „дабл-дабл“ од 10 поени и 13 скока.

Тимот на Њу Орлеанс го совлада Хјустон пред своите симпатизери со 115-113. Сепак, победата сепак ќе остане во сенка на повредата на Демаркус Казинс, кој на осум секуди до крајот мораше да го напушти теренот. Првичните информации велат дека за Казнс сезоната е завршена.

Инаку Казинс имаше „трипл-дабл“ учинок со 15 поени, 13 скока и 11 асистенции. Најефикасен беше Ентони Дејвис со 27 поени и 11 скока. На Хјустон не му помогнаа ниту Крис Пол и ЏЕјмс Харден кои исто така имаа „дабл-дфабл“ учиноци. Пол, мечот го заврши со 38 поени и 11 скокаа, Харден имаше 23 поени и 11 скока.

Луол Вилијамс со 40 поени и 1о асистенции беше предводник на Лос Анџелес Клиперс во победата на гостински терен кај Мемфис со 109-100.

Непријатни изненадување пред своите симпатизери доживеаа и кошаркарите на Сан Антонио кои загубија до Филаделфија со 78-97, како и второ пласираниот во Источната конференција Торонто со поразот од Јута со 93-97. /МИА

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Јавниот превоз во Скопје утре ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје .

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Путин ја презеде функцијата претседател: „Судбината на Русија ја одредуваме само ние“

Путин ја презеде функцијата претседател: „Судбината на Русија ја одредуваме само ние“, смотра на претседателскиот полк. .

Во големата палата Кремљ започна церемонијата на инаугурација на рускиот претседател Владимир Путин.

Првиот човек на Руската федерација влезе во салата и беше поздравен со аплауз од публиката.

Со давање заклетва, Путин ја презеде функцијата претседател на Руската Федерација, по што беше интонирана националната химна на земјата.

Текстот на претседателската заклетва е определен со Уставот на Руската Федерација (член 82) и гласи: „Се колнам дека при вршењето на овластувањата на претседателот на Руската Федерација, ќе ги почитувам и штитам правата и слободите на човекот и граѓанинот, ќе го почитувам и бранам Уставот на Руската Федерација, ќе ги штитам суверенитетот и независноста, безбедноста и интегритетот. на државата и верно му служи на народот“.

Путин по преземањето на претседателската функција им се обрати на граѓаните и порача дека народот сам ќе одлучи за иднината на државата. Тој се заблагодари за укажаната доверба.

„Се обраќам на секој граѓанин на Русија. Само што дадов заклетва, а тоа е суштината на претседателската функција - да му служи на народот и да ја заштити Русија, тоа е чест, обврска и света должност“, рече тој и истакна дека граѓаните дека сами ќе одлучуваат за судбината на државата. Како што порача, убеден е дека државата достоинствено ќе го преживее тешкиот период и ќе стане уште посилна. „Ве уверувам дека во иднина интересите и безбедноста на народот на Русија ќе бидат пред се за мене“, рече Путин.

Реваншот меѓу Усик и Фјури закажан за октомври во Саудиска Арабија

Фјури и Усик требаше да се сретнат во рингот на 17 февруари, но борбата беше одложена за 18 мај поради посекотина над десното око што ја претрпе Фјури за време на спаринг.

Саудискиот кралски советник со ранг министер и актуелен претседател на Генералната управа за забава во Саудиска Арабија, Турки Ал-Шеик, изјави дека без оглед на исходот од борбата меѓу шампионот во тешка категорија на ВБА, ИБФ и ВБО, Олександр Усик (21-0) и шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури (34-0), нивниот реванш ќе се одржи на 12 или 13 октомври во Ријад, Саудиска Арабија.

Ал Шеик ова го изјави во интервју за „ЕСПН“.

Истовремено, до крајот на годината е одложена борбата меѓу шампионот на ИБФ, ВБЦ и ВБО во полутешка категорија, Артур Бетербиев (20-0) и шампионот на ВБА и ИБО во полутешка категорија, Дмитри Бивол (22-0).

Фјури и Усик требаше да се сретнат во рингот на 17 февруари, но борбата беше одложена за 18 мај поради посекотина над десното око што ја претрпе Фјури за време на спаринг. Двајцата борци се договорија за нов датум, локацијата на борбата останува иста – „Кингдом Арена“ во Ријад, Саудиска Арабија.

притисни ентер