Џафери се сретна со Мими Кодели, претседателката на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Албанија

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, денеска оствари средба со Мими Кодели, претседателка на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Албанија.

Претседателот Џафери истакна дека оваа посета е од особено значење за него, имајќи предвид дека односите меѓу двете земји се одвиваат на највисоко ниво и се без отворени прашања. Тој стави посебен акцент на актуелниот статус на двете земји на интеграцискиот пат кон Европската Унија и додаде дека и покрај недобивањето датум за почеток на преговорите, верува во кредибилитетот на Унијата и капацитетот на Советот да го препознае моментот и да даде зелено светло за отпочнување.

Претседателката на Комисијата за надворешни работи на Собранието на Република Албанија, Кодели, изрази големо задоволство за реализирањето на оваа средба. Таа ја поздрави работата на претседателот Џафери, особено во овој чувствителен период за двете земји кои продолжуваат со дури поголем интензитет во затворање на пукнатините во ѕидот кој моментално стои пред патот кон ЕУ. Претседателката Кодели изрази уверување дека, оваа неизвесност ќе се надмине, убедена дека со актуелните случувања во Унијата и со евентуалното отпочнување на преговорите, двете земји ќе покажат зрелост во процесот и ќе ја сменат перцепцијата на земјите членки на ЕУ кон регионот.

На средбата со свој придонес се вклучија и членовите на Делегацијата од Албанија кои беа во мешан состав, односно претставници од власта и опозицијата и со тоа всушност ја праќаа пораката која важи и за нашата домашна политичка сцена, односно, кога се работи за големи, државнички и суштински прашања за иднината на двете земји, за иднината на регионот, сите политички фактори се на истата страна, на страната на разумот и компромисот и се ангажираат искрено и конструктивно во подобрувањето на политичката клима на домашната сцена.

Соговорниците беа согласни дека за регионот, нема друг пат освен полноправното членство во Европската Унија и во НАТО, при што, збогатувањето на билатералните односи во различните сфери како економијата, образованието, културата, туризмот, инфраструктурата и други области од заеднички интерес, може да биде само додадена вредност за земјите и за регионот во целина.

Варан го напушта Манчестер јунајтед

Варан е дел од Манчестер Јунајтед од 2021 година, кога дојде како засилување од Реал Мадрид.

Дефанзивецот Рафаел Варан е подготвен да го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната кога ќе му истече актуелниот договор, а клупското раководство е сè поблиску до одлука да му дозволи на 31-годишниот фудбалер да си замине како слободен играч на лето, пренесува денеска Би-Би-Си.

Варан е дел од Манчестер Јунајтед од 2021 година, кога дојде како засилување од Реал Мадрид.

Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, вчера изјави оти се надева дека дефанзивецот ќе биде подготвен за настап за денешниот домашен натпревар против Барнли во 35. коло од Премиер лигата.

Јунајтед е шестопласиран на табелата во Премиер лигата со 53 бодови.

Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри

 Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека очекува во следните 48 часа, седница на Претседателството на Српската напредна странка, на која нејзиниот претседател Милош Вучевиќ би презентирал кого предлага за министри во новата Влада.

Рокот за нејзино избирање во Собранието е 6 мај, така што ќе работиме следната недела, изјави таа, пренеесе Бета.

Според неа, Србија ја чекаат големи и тешки битки за националниот интерес и претстои „тежок мај“.

Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија

Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија, професорите ги поддржуваат студентите.

Студентите кои протестираат против војната меѓу Израел и Хамас на универзитетите низ САД денеска ветија дека ќе продолжат со демонстрациите, а професорите ги осудија претседателите на универзитетите кои повикаа полиција да ги отстрани демонстрантите од кампусите.

Додека Универзитетот Колумбија продолжува да преговара со пропалестинските демонстранти, советот на универзитетот во петокот усвои резолуција за формирање работна група за истрага на раководството на администрацијата, која минатата недела ја повика полицијата да ги евакуира студентите, што резултираше со застој и повеќе од 100 приведени.

Полицијата привела околу 100 луѓе денеска наутро во обид да го расчистат пропалестинскиот протестен камп на Нортистерн Универзитетот во Бостон поради антисемитски навреди, соопштија од НВУ.

Акцијата беше преземена откако демонстрантите кои прибегнаа кон „вирулентни антисемитски навреди, вклучително и „Убиј ги Евреите“, ја преминаа границата“, се вели во соопштението на универзитетот на Х.

Иако универзитетот постојано поставуваше, а потоа ги одложуваше роковите за отстранување на кампот поставен од демонстрантите, универзитетот испрати е-пошта до студентите во петокот вечерта во која се вели дека враќањето на полицијата во кампусот во овој момент би било контрапродуктивно, јавија американсккте медиуми.

притисни ентер