Џафери-Пападимулис: Преспанскиот договор е камен-темелник кој дава добра основа за градење европската ориентација на земјава

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска оствари средба со потпретседателот на Европскиот парламент од Грција,  Димитриос Пападимулис.

Претседателот Џафери изрази задоволство од повторната средба со него како потпретседател на Европскиот парламент и му го честиташе ре-изборот на оваа функција и во овој парламентарен состав. Тој констатираше дека Европскиот парламент демонстрира конкретна поддршка на евроинтегративните процеси на нашата земја, што за нас тоа претставува сигнал за остварување на сите вредности за членство во Унијата, со надеж дека и во новиот состав на Европскиот парламент континуираната соработка ќе продолжи на сите нивоа како и досега.

Џафери го информираше соговорникот за евроатлантските процеси, процесот на заокружување на ратификацијата на Пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО и очекувањето на добивање датум за отпочнување на преговори за членство во ЕУ. Отпочнувањето на преговорите го оцени како акт на валоризација од страна на ЕУ за нашите преземени реформи и затворањето на отворените прашања со соседите, што само по себе нема да значи и членство во ЕУ, туку отпочнување на нова фаза во евроинтегративниот процес чие завршување ќе зависи од нас самите и од динамиката на преземените реформи. Во однос на соработката со Република Грција, претседателот Џафери истакна дека очекува предложената парламентарна соработка по ратификацијата на Преспанскиот договор да продолжи и со актуелниот состав на грчкиот парламент.

Потпретседателот Пападимулис искажа огромно задоволство од повторната средба, искажувајќи ја својата лична поддршка на европските интеграции на Република Северна Македонија. Според него, Преспанскиот договор е камен-темелник кој дава добра основа за градење чекор по чекор, на европската ориентација на земјата. Истовремено, ја искажа поддршката на политички партиите во Европскиот парламент, на Европската комисија и на Европскиот совет на овој договор како прозорец за целиот регион и неговата интеграција во ЕУ.

Тој посочи дека отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ ќе испрати важна порака до граѓаните дека ги охрабрува да продолжат со реформите. Во овој момент, особено е значајно секоја земја да биде поединечно вреднувања за чекорите кои ги презема и да биде соодветно наградена, како и да се испрати порака дека и покрај излегувањето на одредени земји од Унијата, сепак таа останува отворена за прием на нови земји членки.

Во Охрид почина деветмесечно бебе: Било донесено во неконтактибилна состојба

Деветмесечно бебе почина во општата болница во Охрид.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. Бебето претходно со итна медицинска помош било донесено во неконтактибилна состојба, вели Димоски.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвиниел телото е дадено на обдукција.

Ова е втора трагедија во Охрид последните неколку дена... Во вторникот во специјализираната болница „Свети Еразмо“ почина и седуммесечно бебе од Вевчани, кое било донесено со хематом на главата и потврдено мозочно крварење, по пад од импровизиран кревет во домот на семејството.

Со кабинетот на претседателката на Македонија ќе раководат Божинов и Момировски

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за генерален секретар на својот кабинет го именувала Ѓорѓи Божинов, правник кој работел во министерството за земјоделство, а за негов заменик новинарот Горан Момировски.

Од функциите се разрешени генералниот секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров, кои беа ангажирани во мандатот на доскорешниот претседател стево Пендаровски.

Од кабинетот на претедателката соопштија дека генералниот секретар Ѓорги Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско работно искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, процесите на јавни набавки, програмите за финансиска поддршка, како и примена и хармонизација на легислативата на Европската Унија во овие области.

Момировски пак, е долгогодишен новинар, соработник на Сиљановска во нејзината претседателскa кампањa за изборите во 2019 година.

Фонсека подготвен да стане нов тренер на Милан

Тренерот на Лил, Пауло Фонсека се согласи да го води Милан од следната сезона, објави новинарот Николо Шира на Икс.

Италијанскиот клуб е подготвен да потпише договор со 51-годишниот Португалец до 2026 година.

Конечната одлука ќе биде донесена следната недела.

Фонсека е во Лил од 2022 година. Под негово водство тимот оваа сезона постигна 58 бодови и пред одигрување на последното коло се наоѓа на 3. место во поредокот. /МИА

притисни ентер