Џафери и Котески на основната борбена обука на професионалните војници во Пепелиште

Како министер за одбрана сакав лично да се уверам дека тука се што работите е соодветно и дека ги имате сите средства кои ви се потребни. Ве уверувам дека ќе направиме се што е во наша моќ за да создадеме најдобри работни услови.

Ова го истакна министерот за одбрана Талат Џафери при денешната посета на новопримените професионални војници кои го посетуваат курсот за основна борбена обука во центарот за обука „Пепелиште“.

Воедно, министерот Џафери потсети дека оваа класа професионални војници се разликува од досегашните по тоа што во работниот однос со Армијата влегува со целосна егзистенцијална сигурност за себе и за своето семејство, имајќи ги предвид законските дополнувања со кои професионалните војници по 45-тата година од животот ќе продолжат да работат во државната служба.

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Горанчо Котески, изрази очекување дека професионалните војници ќе се оспособат за основите на тоа што значи војничката професија, што е потребно за нивното идно доусовршување.

- Основно е вие меѓусебно да се запознаете, да се почитувате, да бидете јак војнички колектив кој дише заедно, а заедно се соочува и со истите предизвици. Најважно е војниците да го сочуваат своето здравје бидејќи тие и требаат на Армијата здрави, физички подготвени, психички стабилни и подготвени да слушаат наредби, порача генерал Котески.

Челниците на Министерството и на Армијата ги разгледаа и просториите во кои се сместени професионалните војници, а воедно беа сведоци и на показната вежба „тим во напад во денски услови“.

Од 168-те професионални војници 11 се припаднички на понежниот пол. Тие се примени на последниот јавен оглас, а во текот на едномесечниот основен курс на „Пепелиште“, се запознаваат со задачите и обврските кои произлегуваат од службата во Армијата на Република Македонија, како и со основните војнички вештини и борбената обука. Во рамки на курсот ќе бидат теоретски и практично тестирани со што ќе се потврди нивното познавање на сите елементи кои се дел од професијата војник во Армијата на Република Македонија. /МИА

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер