Диспензираните студии во Велес ќе се одвиваат во хотелот ,,Вила Зора “

Од годинава, битолскиот универзитет, дисперзираните студии на технолошко техничкиот факултет во Велес ќе ги изведува во зградата на поранешниот хотел Вила Зора. Решавањето на просторниот проблем е голема предност за Универзитетот со дисперзирани студии и во Кичево. Објектот го преотстапија, градот и министерството кое не се откажува од иницијативата за отворање на студенски кампус во преостанатиот дел на поранешниот хотел. Министерот Ристовски смета дека Велес има голем број на предности и треба да стане регионален центар за образование.

На пазарот на труд во Македонија недостигаат инжинери технолози и информатичари. Токму преку инвестиции за обезбедување на солиден простор и подобрување на квалитетот на наставата државата се обидува да ги мотивира студентите да се запишуваат и да студираат технички науки, рече во Велес, министерот Ристовски на свеченото отворање на новите простории на технолошко техничкиот факултет на битолскиот универзитетот „Свети Климент Охридски.

Дисперзираните студии на овој факултет во Велес од оваа студентска година ќе се изведуваат во преадаптиран и реновиран дел на поранешниот хотел Вила Зора. 400 студенти на прехрамбена и био технологија како и нутриционизам добија 4 нови предавални, лаборатории, компјутерски и центар за далечинско учење.

Универзитетот просторот го доби од министерството за образование и од општина Велес. Реновирањето и преадаптацијата на илјада и петстотини метри квадратни во објектот чинат 6 милиони денари. Министерство не се откажува од иницијативата да инвестира и во останатиот простор на објектот, планиран за студенски кампус во Велес.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер