Мицкоски: Оставка од дир. на АНБ ако ДКСК докаже неправилност во неговото CV

- „Тврдам дека сите услови согласно закон се исполнети. “

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски ги исполнува условите согласно законот. Ја повика Антикорупциската комисија во најбрз рок да се произнесе по овој случај по обвинувањата од опозицијата дека Христовски не ги исполнува условите да биде директор на АНБ.

- Тврдам дека сите услови согласно закон се исполнети. Едииствен орган којшто треба да констатира дали тие услови се исполнети е Антикорупциската комисија која ја повикувам да го истражи брзо овој случај. Убеден дека тој ги исполнува условите. Зарем ќе дозволиме такво нешто да се случи. Документот е издаден од 2022 година, дали во меѓувреме постоела или не постоела таа Агенција, тоа е сосема друго прашање, рече Мицкоски по денешните обвинувања од опозициската СДСМ дека е фалсификуван сертификатот по англиски јазик на Христовски.

Мицкоски рече дека доколку се утврди пропуст во случајот со Христовски, ќе побара одговорност.

- Доколку тоа го констатира соодветна институција, а не опозициската СДСМ и исплашените поранешни разузнавачи кои овие агенции за национална безбедност ги претворија во тврдини во броба против опозицијата во времето кога ние бевме опозиција, тогаш да. Но, притисокот којшто доаѓа од овие кодошко-удбашки инсталации во редовите на СДСМ и ДУИ кои треба да не натераат да работиме под пристиок, дополнително ме мотивира, рече Мицкоски на прес-конференцијата во Владата.

Од опозициската СДСМ денеска повторно побараа оставка од директорот на АНБ затоа што, како што посочија, тој имал фалсификуван сертификат за англиски јазик.

- Користење на фалсификуван документ е криминал, а не само законски пропуст. Христовски нема соодветен меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик, туку се користел со фалсификуван документ за да ја добие функцијата. Ова претставува кршење на законот и кривично дело за кое мора да одговара. Повикувам ЈО да отвори постапка. Скандалозно е што лицето кое извршило кривично дело било државен советник за криминалистички работи во МВР. Ова поставување ги загрозува сите принципи на безбедност и интегритет во институциите. Како е можно личност со таква историја и нарушен интегритет да се најде на врвот на АНБ? Ова е крајно опасно и создава ризици за националната безбедност, рече Методија Илиевски на прес-конференција во седиштето на СДСМ.

Освен оставка од Христовски, СДСМ бара итна реакција од Антикоруцпската комисија и оставка и одговорност и од премиерот Христијан Мицкоски за партизирација на институциите со поставување на лица без квалификации и нарушен интегритет.

Бугарски Фактор соопшти дека проверката на нивните новинари покажала дека во Пловдив не постои овластен центар за полагање и издавање на меѓународно признат сертификат за ТОЕФЛ, а според регистерот на училиштата во Бугарија нема ни училиште со називот Language School Julia Cо.LTD.

Украинската одбрана соборила 41 руски дрон од вкупно 80

Украинските вооружени сили од синоќа соборија 41 од вкупно 80 руски беспилотни летала, соопшти денеска украинската армија.

Како што е наведено, 32 беспилотни летала се изгубени, а еден одлетал во правец на Белорусија, пренесе Укринформ.

„Ноќта меѓу саботата и неделата непријателот нападна со 80 беспилотни летала од типот Шахид како и беспилотни летала од непознат тип од правец на Орел, Курск и Приморско-Ахтарск“, се вели во соопштението од Киев. /МИА

Кварацхелија повеќе не е недопирлив во Наполи

Наполи викендов во 9. коло од Серија А го совлада Лече со резултат 1:0 и е лидер во поредокот со 22 бода. Квича Кварацхелија му го отстапи местото во стартната постава на Бразилецот Давид Нерес и на теренот се појави дури во 72. минута.

Тренерот на наполитанците, Антонио Конте, јасно им порача на италијанските медиуми дека Кварацхелија треба да се насочи кон тимските интереси, а не кон продолжување на договорот со зголемување на платата.

„La Gazzetta dello Sport“ го оцени настапот на Кварацхелија со скромни 6,0 - исто како и на претходната средба со Емполи.

Во исто време, директниот конкурент на Грузиецот за место во составот, Нерес, кој беше заменет со Кварацхелија, доби 5,5.

Во вторник, 29 октомври, Наполи ќе игра против Милан во Серија А на „Сан Сиро“./МИА

Нетанјаху: Прецизниот и моќен напад врз Иран ги постигна сите свои цели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека вчерашниот воздушен напад врз воените објекти во Иран ги постигнал сите цели.

„Нападот беше прецизен и моќен и ги постигна сите негови цели“, рече Нетанјаху денеска на церемонијата по повод првата годишнина според еврејскиот календар од нападот на палестинското исламистичко движење Хамас во јужен Израел на 7 октомври 2023 година.

„Иран го нападна Израел со стотици балистички ракети и нападот не успеа“, рече тој, мислејќи на иранскиот ракетен напад на 1 октомври, кога повеќето од истреланите проектили беа пресретнати од израелската противвоздушна одбрана.

„Потоа ветивме моќен одговор и вчера во зори го одржавме ветувањето. Воздухопловните сили го нападнаа Иран и ги погодија иранските одбранбени капацитети и капацитети за производство на ракети насочени кон нас“, додаде Нетанјаху. /МИА

притисни ентер