Директорка на апликација за запознавање: АИ помага да ја најдете вистинската љубов (ВИДЕО)

Витни Волф Херд, основач на популарната апликација за запознавање „Бамбл“, за време на интервјуто за Блумберг изјави дека вештачката интелигенција има потенцијал да го револуционизира запознавањето, помагајќи им на луѓето да најдат љубов побрзо.

- Мислам дека можеме да им помогнеме на луѓето ширум светот да ја најдат својата среќа побрзо, побезбедно и на подобар начин – ѝ изјави таа на новинарката Емили Чанг.

Значи, како вештачката интелигенција може да им помогне на луѓето да комуницираат со оние што им се допаѓаат?

- Просечниот самец во Америка не оди на состаноци затоа што не знае да флертува, или се плаши дека не знае да флертува - изјави Херд.

- Што ако можете да користите четбот за да влеете доверба, да му помогнете на некој да се чувствува навистина безбедно пред да оди и да разговара со еден куп луѓе што не ги познава? - праша таа.

Таа, исто така, смета дека вештачката интелигенција може да му помогне на самиот бизнис, односно може да ѝ помогне на нејзината апликација да генерира повеќе пари.

Таа тврди дека е ретко да се слушне дека „некој го поминува животот со иста личност“, што значи дека самците кои повторно влегуваат на пазарот за онлајн состаноци би можеле да имаат корист од вештачката интелигенција.

Херд не верува дека технологијата ќе ја загрози потребата на луѓето да се поврзат со други.

- Дали предлагаме целиот свет да ја замени човечката комуникација со четбот? Ако навистина е така, ви ветувам дека имаме многу поголеми проблеми од мојата апликација за запознавање“, заклучила таа.

Ковачки до Лога: Какво е чувството да се биде приврзок на Али

Какво е чувството да се биде приврзок на Али, за каква Европска Македонија зборувате со 2% доверба во судството контролирано од ДУИ, од обвинители до судии сите другари и функционери на Ахмети.

Господине Лога, вие сте непозната личност, исто како вашиот труд за Македонија.

Ако не бевте министер за правда, немаше јавноста да знае дека воопшто постоите. Но последиците од вашата неспособност се познати. Тие се бројат со најкатастрофалните извештаи за државата во поглед на правдата.

Вие сте министер за правда кога довербата во судството е под 3%.

Знаете зошто е така?

Затоа што другар на Али од Зајас е Ислам Абази, првиот човек на организиран криминал, како и Бурим Сејдини, исто од Зајас, кој е претседател на Управниот суд. Претседателите на основните судови во Тетово и Кичево, Хасан Асани и Амдије Зенку се поранешни функционери и активисти на ДУИ. Во врховниот суд е и Шпенд Деваја, сопругот на поранешната градоначалничка Теута Арифи.

Ова судство е на ДУИ. Затоа нема одговорност за ниту еден од ДУИ и нивните слуги од СДС.

Кога веќе лажно морализирате и си ја приграбувате идејата за Европска Македонија, да ве прашам, како е чувството да сте привезок на Али, да седите во неговиот скут и да зборите за Македонија?

Едното со другото не оди.

Еден Палчо од Турција го екстрадирате како да го носите од месечината. Ете толку сте способни.

Вашата пресуда доаѓа од народот на 8 мај.

Колку вие подалеку од политика, толку повеќе Македонија повторно на народот.

Линк од фб статус на Драган Ковачки, носител на ИЕ 3:

https://www.facebook.com/DraganKovachki/posts/pfbid0Hrfm22m2AGWApw4Ck4hR2obGmPzf4owdEinbT9Z32kvYYjFjhU68aHwDek2ADNLjl

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Русин избодел до смрт двајца Украинци во трговски центар во Германија

Двајца Украинци се убиени во сабота навечер во трговски центар во Мурнау, Германија, а до смрт ги избодел 57-годишен Русин, пишува Киев пост.

Во соопштението на баварската полиција се наведува дека една од жртвите, 36-годишен маж, починал на лице место, додека другата жртва, 23-годишен маж, вечерта им подлегнал на повредите во болницата.

Осомничениот руски државјанин по инцидентот е уапсен на домашна адреса, а истрагата е во тек.

Баварската полиција ги повика сите граѓани кои можеби го виделе нападот да контактираат со нив за да се расветлат околностите на овој напад кој однесе два животи. Информации за ова убиство пренесуваат и германските медиуми.

Мото ГП: Бањаја победи во Херез

 Италијанецот Франческо Бањаја (Дукати) победи во трката од Светскиот шампионат во мотоциклизам која денеска се возеше во шпанскиот град Херез елитната класа во Мото ГП.

Втор беше Шпанецот Марк Маркез (Гресини Дукати), а трет Италијанецот Марко Безки (Дукати ВР46),.

Лидерот во генералниот пласман на сезоната, Шпанецот Хорхе Мартин (Прамак Дукати) не ја заврши трката, што најдобро го искористи светскиот првак Бањаја.

Во генералниот пласман Мартин сега има 92 бода, 17 повеќе од Бањаја на второто место.

Следната трка се вози на 12 мај во француски Ле Ман.

притисни ентер