Според него одговорноста за бегството паѓа и кај Управата за безбедност и контраразузнавање која требало да се спротистави на активноста на унгарската разузнавачка служба, имајќи го во предвид тоа дека Груевски во дел од операцијата, колку што е досега познато, се возел со унгарско дипломатско возило. Поранешниот разузнавач вели дека ваква акција може да спроведе единствено разузнавачка служба.
-Очигледно е дека бегството на Груевски не е само личен чин, туку е во една добра организирана и синхронизирана акција единствено може да ја спроведе разузнавачка служба во конкретниот случај унгарската. Акцијата е успешна од аспект на резултатот, но од професионален аспект сметам дека е аматерски изведена затоа што самата служба оставила преголем број траги кој упатува дека станува збор за организирана акција, која имала за цел да го одвлеќе експремиерот Груевски од Македонија а со тоа да ја избегне и одговорноста за сторените кривични дела, вели Александар Диневски – Поранешен разузнавач.
Диневски не го исклучува и вмешаноста на Србија во бегството на Груевски. Според него, изјавата на претседателот Александар Вучиќ е само невешт обид Србија да се извлече од целиот случај.
-Првпат синоќа се изнесе податок дека Груевски користел привремена патна исправа на Унгарија, која не одговара на официјалните одговори на Албанија и Црна Гора дека Груевски нивните граници ги поминал со лична карта. Мислам дека тоа е невешт обид, и повеќе потврдува дека во конркетниот случај е вмешана и српската држава преку нејзините безбедносни службиистакна Александар Диневски – Поранешен разузнавач.
Диневски вели дека постори ризик односните меѓу Унгарија и Македонија добијат пошироки размери, со што Будимпешта би станала потенцијална пречка во интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.