Димковски : Заедно со локалната самоуправа активно работиме на превенција на африканска свинска чума

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски беше на работен состанок со градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, соопшти МЗШВ.

На состанокот министерот Димковски и градоначалникот Бочварски, разговараа за превентивните мерки за спречување на појава и ширење на болеста африканска свинска чума.

Општина Штип, активно е вклучена во спроведување на мерките за превенција и справување со африканската свинска чума, конкретно во делот на движењето на домашните свињи надвор од фармите и контролите што се спроведуваат на депонијата.

Министерот Димковски, посочи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство воведе низа превентивни мерки за спречување на ширењето на оваа болест.

„ Би сакал да нагласам дека сите превентивни мерки што ги преземаме се за намалување на ризикот од африканска свинска чума, со градоначалникот Бочварски и со ветеринарната стануца тука во Штип ги разгледавме сите мерки кои ги преземавме ние како министерство, затоа што секако, први кои би се соочиле со оваа болест се ветеринарните амбуланти и локалната самоуправа. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, веќе ја подготви програмата со која од 1 семптември до 15 октомври сточарите кои не ги исполнуваат биосигурносните мерки ќе добијат парична сума од 3 илјади денари по глава. “, изјави министерот Димковски

Градоначалникот на општина Штип, Бочварски посочи дека се спроведуваат интензивни контроли за движење на домашните свињи надвор од фармите, на дивите одгледувалишта како и на депонијата.

„Општина Штип е во комуникација со Владата, постапуваме соодветно преку нашите служби и работиме на се што установивме како проблем на нашата депонија и на диви одгледувалишта на свињи. Општина Штип аплицираше, како и другите општини, за оваа депонија да биде современа со што ќе се сведат на минимум можности за појава на болеста африканска свинска чума “, изјави Бочварски

Во рамки на посетата на општина Штип, Димковски и Бочварски ја посетија и ветеринарната станица, каде што се разговараше за вклученоста на ветеринарните доктори во спроведување на превентивните мерки.

Во месец јули, оваа година, беше донесено решение за одобрување на ловење на дивеч под заштита односно дива свиња. Со ова решение ловната сезона започна 60 дена пред законскиот рок. Целта на ова решение е да се намали густината на популациите на дивите свињи, со што ќе се намали и ризикот за појава и ширење на оваа заразна болест во Република Северна Македонија.Се воведе забрана за држење на свињи на отворено, зајакнати контроли на граничните премини од страна на Царинската управа во однос на проверка на личен багаж одземање на производи од животнско потекло.Заради депопулација на питомите свињи од одгледувалиштата кои не ги исполнуваат биосигурносните мерки, министерството преку Програмата за финансиска помош воведе мерка за поддршка во висина од 50 евра по грло свиња.

Дали Бразил сè уште е земја на фудбалот?

Со својата позната „јогo бонито“ (jogo bonito), прекрасната игра, легендарните ѕвезди и рекордните пет титули светски шампионати, Бразил со децении е познат како „земја на фудбалот“. Но, дали сe уште е така?

АФП/„Сан“

Со својата позната „јогo бонито“ (jogo bonito), прекрасната игра, легендарните ѕвезди и рекордните пет титули светски шампионати, Бразил со децении е познат како „земја на фудбалот“. Но, дали сe уште е така?

Земјата на Пеле, Гаринчa и Роналдињо, која некогаш го воодушевуваше светот со својот фудбал, нема освоено Светско првенство од 2002 година. Ниту, пак, дала добитник на Златна топка од Кака во 2007 година.

„Selecao“ моментално се бори да го обезбеди своето место на Светското првенство во 2026 година, многумина во Бразил и пошироко се прашуваат што се случува.

Дури и претседателот Луис Инасио Лула да Силва се приклучи на националниот преглед, признавајќи дека Бразил „повеќе не го игра најдобриот фудбал на светот“.

Што се случи?

Исчезнуваат игралишта

Една од причините може да биде тоа што се помалку се игра фудбал на улица, каде некои од бразилските великани како Ривелињо, Зико и Ромарио пораснаа со топка.

„Никој повеќе не игра на улица. Не слушате приказни за некој одличен удар што скршил нечиј прозорец“, вели аматерскиот фудбалер Лауро Насименто, чиј дрес е извалкан со портокалова кал откако играше на еден од ретките преостанати земјени терени во северниот дел на Сао Паоло.

Насименто, 52-годишен финансиски експерт кој игра за локалната Аурора, скршил неколку прсти додека како дете играл босоног фудбал.

Денеска населбата Вила Аурора е покриена со бетон. Две згради стојат на поранешна ливада која се користела како фудбалско игралиште.

„Секој отворен простор еднаш беше доволен за децата да почнат да играат фудбал. Денес на нив се гледа како на можност да се изгради првокласен недвижен имот“, вели спортскиот историчар Аира Бонфим.

За пристап до игралишта, сиромашните деца во Бразил денес често зависат од училиштата, социјалните програми или фудбалските академии.

Според студија од 2021 година, само една од пет такви академии е бесплатна.

И многу од тие терени се синтетички, површина за која некои велат дека е помалку развиена за техниката на играчот од нерамните терени во старите времиња.

Механички фудбал

Намалувањето на времето поминато во спортување имаше „големо влијание врз нашиот фудбал“, вели аналитичарот Еулер Виктор.

„Има многу Бразилци кои играат во Европа, но многу малку ѕвезди.

Последната голема надеж на Бразил, Нејмар блесна во Барселона, но не успеа да ја одведе репрезентацијата до титулата светски шампион.

Бразилците сега ги полагаат своите надежи во 23-годишниот Винисиус Јуниор и младиот феномен Ендрик, кој би требало да му се придружи во Реал Мадрид кога во јули ќе наполни 18 години.

Бразил и понатаму е најголемиот светски извозник на фудбалери, но тие носат помалку пари.

Според податоците на ФИФА, клубовите минатата година платиле 935,3 милиони долари за трансфери на 2.375 бразилски играчи, што е пад од речиси 20 отсто во однос на 2018 година, кога бројот на играчи бил помал - 1.753.

Дел од причината лежи во тоа што клубовите плаќаат помалку за млади играчи, но факт е и дека има помалку истакнати ѕвезди.

„Нашата техника е во опаѓање“, вели Виктор Иго да Силва, тренер во младинската академија на Фламенго во Сао Гонкало, недалеку од Рио де Жанеиро.

„Стилот на играта се промени и тоа ни одзеде дел од креативноста. Нашиот фудбал порано беше толку весел. Сега е механички“.

На синтетички терен тренира деца од седум до десет години кои сонуваат да тргнат по стапките на Винисиус, најпознатиот ученик на таа фудбалска школа.

Новите генерации се уште имаат фудбал во вените, но и проблеми со тренинзите, кои Да Силва ги припишува на нивниот начин на живот и „зависноста“ од екраните.

Бразил, кој има 203 милиони жители, има повеќе мобилни телефони отколку луѓе.

Повеќе од една третина од децата на возраст меѓу пет и 19 години се со прекумерна тежина или дебели.

Робсон Цимерман, ловец на таленти за клубот Коринтијанс од Сао Паоло, вели дека денешните фудбалери кои доаѓаат се соочуваат со потешки услови, вклучувајќи ја потребата да играат на повеќе позиции и преголемите очекувања од семејството и медиумите.

„Порано, тие требаше да се грижат само за играње фудбал“, вели тој.

Но, Лејла Переира, претседателката на градскиот ривал Палмеирас, актуелен бразилски шампион, тврди дека Бразил никогаш нема да престане да биде фудбалска земја.

Бразилските тимови ги освоија последните пет јужноамерикански клупски првенства, а Палмеирас освои две од нив.

Клубот е лулка на Ендрик, чија продажба на Реал Мадрид му донесе 65 милиони долари.

„Не се согласувам со оние кои мислат дека (бразилските играчи) го изгубиле квалитетот. Погледнете ги астрономските суми што ги носат“, вели Переира.

Забава во фавелата

За многумина, Переира, една од најбогатите жени во Бразил, е заштитно лице на нов бренд на бразилски фудбал, повеќе налик на европски, со раскошни плати според јужноамериканските стандарди и скапи цени на билетите.

„Со апсурдни плати на играчите, клубовите мора да ги зголемат цените на билетите, што ги исклучува навивачите како мене“, вели навивачот на Фламенго, Давид Сантос.

Во 2019 година, тој основаше клуб на посветени навивачи на Фламенго од сиромашни фавели како него.

Од врвот на сиромашен кварт со поглед на трендовските области Копакабана и Ипанема, тие создаваат атмосфера на Маракана во деновите на натпреварите, се украсуваат со знамиња на клубови, прават скара и пеат навивачки песни додека го гледаат натпреварот на џиновски екран.

„Фудбалот е она што го гледате овде. Тоа е игра на народот. Но, децата на улица како мене веќе немаат пристап до тоа“.

Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани

Триесет и деветгодишен маж загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани. Жената и двете малолетни деца поради здобиените повреди се пренесени во штипската Клиничка болница.

Пријавата во СВР-Штип е во 02:24 часот, изјави за МИА Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип.

Несреќата се случила во близина на клучката кај селото Крупиште, а според првичните информации, во несреќата учествувало само едно возило. Автомобил марка рено „лагуна“ со скопски регистерски таблички излетало од коловозот, а од здобиените повреди починал возачот И.М од Скопје.

Увидот во несреќата е во тек. Сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани се одвива по двете коловозни ленти.

На овој експресен пат од почетокот на годината досега во три тешки сообраќајки, животите ги загубија пет лица.

Прелиминарни резултати: Гласачите во Панама го избраа Мулино за нов претседател

Гласачите во Панама го избраа Хозе Раул Мулино за претседател, според прелиминарните резултати објавени доцна синоќа.

Мулино, кој е близок човек од доверба на поранешниот шеф на државата Рикардо Мартинели, сака да ја запре нерегуларната миграција низ џунглата Дариен на југот на централноамериканската земја кон САД.

Мулино освои околу 35 отсто од гласовите, соопшти изборната власт на земјата откако беа преброени повеќе од 90 отсто од гласовите.

Околу 3 милиони луѓе имаа право да гласаат на изборите, при што беа одржани гласања за вкупно 71 парламентарно место и речиси 800 локални канцеларии.

Уставот на Панама забранува директен реизбор на актуелниот претседател, пренесува ДПА.

Меѓу осумте претседателски кандидати беа Хозе Габриел Каризо од владејачката партија ПРД, поранешниот претседател Мартин Торијос, поранешниот конзул во Вашингтон, Рикардо Ломбана и поранешниот министер за Панамскиот канал, Ромуло Ру.

Мулино (64) ќе ја преземе функцијата шеф на државата и премиер на 1 јули.

притисни ентер