Димковски: До средината на септември треба да се исплатат сите обврски од интервентниот денар за лозарите и овоштарите

Основните субвенции на лозарите ислатени, а до средината на септември и лозарите и производителите на праски до средината на септември треба да ги добијат предвидените интервентни по еден денар за килограм грозје и праски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски при денешната посета на Подрачната единица на МЗШВ одговорајќи на новинарски прашања рече дека средствата ќе се предвидат со ребалансот на Буџетот за оваа година.

Тој појасни се доцни со исплатата бидејќи пријавувањата на лозарите за оваа мерка се врши до 25 декември во изминатата година и дека Министерство не знае колкава килажа за исплата ќе достават лозарите и овоштарите, а затоа што буџетот се прави порано.

Воедни информира дека основните субвенции за лозарите се исплатени.Тој појасни дека во делот за Повардарие кои не беа исплатени четири години вклучувајќи ја и Винаријата „Стефани" се исплатени околу милион и пол евра.

Министерот Димковски потсети дека минатата година МЗШВ имало интервентни мерки за пченицата, оризовата арпа и затоа и сега вети дека и годинава истите обврски кон земјоделците ќе бидат подмирени.

Воедно информира дека се очекува просечна година кај лозарите со најавените приноси што би се движеле во просечно ниво на просечни години, а откупот да биде околу 105 милиони килограми грозје колку што најавиле винариите.

-Извозот во гајби за винско грозје некаде колку што е во просечните години ќе биде околу 10 милиони килограми и мал вишок грозје што се претпоставува. Но многу е рано да зборуваме за вишок, бидејќи треба да видиме какви ќе бидат временските услови и многу ни е важно како ќе започне бербата, информира Димковски.

Тој појасни дека во тој случај и разговорите со винариите се дека не треба да има вишок, односно целокупното количество на грозје да биде откупено за да не се доведе во ситуација да се кризира со цената или да не дојде до некое намалување.

-Во разговорите со нив сепак цената ќе ја утврдат во зависност и од квалитетот и од сортата и од шеќерните единици, односно од класите, појасни министерот Димковски./МИА

Тежок удар за Баерн пред натпреварот на сезоната против Реал Мадрид

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Рафаел Гереиро ќе го пропушти полуфиналниот реванш со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, соопштија од клубот.

Тој заработи повреда при поразот од Штутгарт со 3:1.

Португалскиот дефанзивец беше подложен на лекарски преглед, по што му беше констатирано повреда на коленото и вкрстените лигаменти.

Реваншот помеѓу Реал Мадрид и Баерн ќе се одигра во среда на 8 мај на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Првиот натпревар заврши 2:2.

Државниот и политичкиот врв со честитки за Велигден

Државниот и политичкиот врв упатија честитка до верниците по повод велигденските празници.

-Христовото воскресение нѐ ослободува од стравот од смртта, но и нѐ обврзува, наместо пасивни набљудувачи, да бидеме активни учесници во обновата,– стои во честитката од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова која беше во Соборниот храм порача дека нема поголем празник од Велигден.

Премиерот на техничката влада Талат Џафери пак во честитката вели:

-Велигденската порака за победата на животот над смртта е порака која влева надеж дека за животот, вреди да се преземе секој чекор на храброст и пожртвуваност.

-Да се спротивставиме на сите непогоди, да ги победиме искушенијата, да бидеме солидарни едни кон други и да ги отвориме нашите срца за безусловна љубов, сочувство и заедништво, Истакнува во честитката собранискиот спикер Јован Митрески.

Честитки по повод Велигден и од лидерите на партиите. Претседателот на СДСМ димитар ковачевски пишува:

-Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ – стои во честитката од лидерот на сдсм димитар ковачевски. Овие големи празници носат голема духовна сила, да ги празнуваме секогаш заедно, во радост и спокој.

Додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалните мрежи напиша:

-Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес.

Мицкоски верува дека ќе има мнозинство–Ковачевски обвинува дека така се загрозува ЕУ иднината

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски верува дека неговата партија е блиску до мнозинство во Парламентот и не би се изненадил ако освои 61 пратеник.

Во изјава за медиумите по завршување на литургијата во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ Мицкоски изрази уверување дека во среда тие ќе слават двојна победа и на претседателските и на парламентарните избори, без да даде конкретен одговор што би било неуспех за партијата на двојните избори.

-На сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори е блиску до мнозинство во парламентот. Не би се изненадил ако имаме 61 пратеник. За мене неуспехот не е неуспех. За мене е успех пред се она што се случи во првиот круг. Верувам дека во среда ќе имаме убедлива двојна победа, Гордана Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на Македонија, а коалицијата Твоја Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат 61 пратеник, изјави Мицкоски.

Неговиот политички ривал, лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, пак, од синоќешниот митинг во Македонски Брод порача дека доколку ВМРО-ДПМНЕ и Силјаноска ја добијат власта, европската иднина на државата ќе биде загрозена, а земјата изолирана. Ги потсети граѓаните дека изборот на 8 мај е во нивни раце и тие одлучуваат во каква Македонија сакаат да живеат.

-Слушнете ги само изјавите на Мицкоски и неговата кандидатка Силјановска и ќе ви стане јасно дека немаат никаква намера да ја водат државата кон ЕУ. Напротив, ќе нè изолираат, ќе нè затворат, ќе нè скараат и со соседите и со меѓународната заедница. Јас можам цврсто да ви гарантирам дека СДСМ никогаш нема да се откаже од европска Македонија и ќе работиме сè додека таа цел не стане реалност, порача Ковачевски.

Двојните избори ќе се одржат во среда. Ден претходно, е изборен молк, а изборната кампања завршува в понеделник на полноќ.

притисни ентер