Димитров: Рано во јуни очекуваме да ја добиеме предлог преговарачката рамка со ЕУ

Тој нагласи дека е во онлајн контакт со претставници од Европската комисија.

Рано во јуни очекуваме да ја добиеме предлог преговарачката рамка и во зависност од корона кризата во период од неколку месеци таа да биде одобрена и да започнеме со првиот вистински чекор во преговорите – првата меѓувладина седница, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Тој нагласи дека е во онлајн контакт со претставници од Европската комисија, вклучително и со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, кои работат на предлог преговарачката рамка.

– Планот, иако не изделкан во камен, е да се излезе со две преговарачки рамки – за Македонија и за Албанија, заедно со пакетот документи за проширување, многу рано во јуни. Потоа, верувам дека ќе започнеме политички процес на ниво на земји членки, каде ќе биде дискутирано и ќе можат да понудат свој поглед на предлогот. Зависно од условите со пандемијата очекуваме дека во период од неколку месеци ќе имаме потврда на оваа преговарачка рамка и да започнеме со првиот вистински чекор во преговорите – првата меѓувладина седница, изјави Димитров.

Димитров, ова го посочи за време онлајн брифингот на тема „Македонија се приближува на ЕУ: Напората работа прави историја?" во организација на непрофитниот тинк-тенк Европски центар за политики, чиј претседател е Херман Ван Ромпуј, поранешен претседател на Европскиот совет.

Шефот на македонската дипломатија истакна дека за нас преговарачкиот процес е многу поважен од самата крајна цел – членство во ЕУ, додавајќи дека целата држава е подготвена за почеток на патот на преговорите и да го искористи како алатка за реформирање и станување на целосно функционална и просперитетна европска демократија.

– Идејата е да направиме реална промена на системот и оштеството. Прашањето на реверзибилност верувам дека е позитивен чекор, ако добрите реформатори се препознаени. Мене лично и на Владата ни се допаѓа тоа што има така голем акцент на процесот на движење напред. Сметаме дека е добро што механизмот на реверзибилност е силна алатка во рацете на ЕУ за оценување на земјите кои не спроведуваат реформи и не притискаат напред и со тоа да помогнат граѓаните да препознаат дека нешто е погрешно. Тоа ќе биде јасна алатка на ЕУ да ги притиска владите од регионот да испорачаат реформи, посочи Димитров.

Тој очекува новата преговарачка рамка да биде различна од таа на Србија и на Црна Гора, но не очекува многу изненадувања и верува дека ќе има можност да ја види и анализира пред да биде јавно претставена.

– Ќе биде повеќе во кластери, отколку поглавја и ќе имаме пошироки области на реформи. Првиот кластер ќе бидат основите со силен акцент на владеењето на правото. Сметам дека Комисијата ќе направи напори да има што е можно појасни цели и критериуми. Потоа, верувам дека ќе има напори да биде пообјективна и оценувањето да биде јасно и опипливо. Земјите членки можеби ќе бидат поканети да номинираат национални експерти кои ќе и помогнат на Комисијата во оценувањето. Важно е да знаеме дека оценките за конкретни делови во извештајот на Советот ќе бидат безусловни и во нашиот случај. Верувам дека условите ќе се создадат и сметам дека имаме можност да го започнеме процесот во следните неколку месеци, нагласи Димитров.

Тој посочи дека солидарноста и помошта за целиот регион за време на корона кризата од ЕУ покажале дека сме третирани исто како да сме земја членка.

Димитров верува дека главна тема на претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан ќе биде помошта од 3,3 милијарди евра за регионот во справување со корона кризата и економските последици во регионот.

– Од изјавите на претседателката на Европската комисија и останатите претставници на ЕУ имам чуство дека постои јасно препознавање дека овој регион ќе биде дел од ЕУ и не може да се победи вирусот во ЕУ, без помош на земјите, кои се географски опколени од земји членки, да го направат истото, истакна Димитров.

Во однос на Предлог-декларацијата од Самитот во Загреб, Димитров вели дека со неа ЕУ ја потврдува европерспективата на Западен Балкан.

– Драфтот вели дека ЕУ ја потврдува европерспективата на Западен Балкан. Би било подобро да има поконкретно нешто за процесот на проширување, што ќе беше топло поздравено. Сепак, верувам дека не треба да ја негираме поддршката од ЕУ, зошто сепак не може да значи ништи друго, туку членство во некој момент. Но, се согласувам дека појасен политички јазик и сигнал ќе беа особено добредојдени во нашиот регион. Сепак, ова нема да не демотивира, туку ќе работиме на напредок и реформи и ќе биде особено тешко земјите членки да не го препознаат овој напредок, нагласи Димитров./МИА

Мостот Беласица е целосно отворен за сообраќај

Мостот Беласица после скоро една година е целосно отворен за сообраќај.

Претходната година на 12 мај на полноќ избувна голем пожар на мостот „Беласица“ по што тој беше затворен за сообраќај.

Откако беше утврдено дека нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста односно од 02.09.2023 година мостот на булеварот „Беласица“ беше отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти. Од денеска пак мостот е целосно отворен за сообраќај.

Костадиновска-Стојчевска: Одговорни сме во заштитата на Охридскиот Регион

Општина Охрид да одговори за градбата на хотелот во туристичкиот локалитет „Горица“.

На иницијатива на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска се одржа седница на Националната комисја на УНЕСКО, на која беше разгледана актуелната состојба со изградба на хотелски комплекс на туристичкиот локалитет „Горица“.

Членовите на Комисијата донесоа заклучоци со барања до Општина Охрид, како надлежен орган, за доставување на целокупната документација околу изградба на пртедметната локација.

Министерката Косдадиновска-Стојчевска рече дека со оглед на надлежноста и одговорноста што Комисијата ги има, ова тело не смее да остави простор за изигрување на постојаната законска регулатива, поврзана со заштитата на светското природно и културно наследство.

Затоа, Националната комија на УНЕСКО побара од Општина Охрид да ја достави целокупната документација поврзана со предметната парцела: урбанистичка документација за предметната градежна парцела (извод од план или урбанистичката документација врз основа на која е планирана оваа градба и со која е оформена градежната парцела), договор и анекси на договорот за отуѓување на градежно земјиште со електоронско јавно наддавање за градежната парцела, одобрение за градење на градбата од градежната парцела, проектна документација за градбата од градежната парцела врз основа на која е издадено одобрението за градење, известување за почеток на градба, дозвола за сеча на шуми согласно закон и сите други документи поврзани со предметната градежна парцела, а биле потребни за реализација на градбата од градежната працела.

Со оглед на тоа што претставниците на надлежните институции, членки на Националната комисија се изјаснија дека немаат никаква документација поврзана со предметот, беше донесен заклучок од Општина Охрид, чиј претставник не присуствуваше на седницата, да биде побарана целокупната документација која датира од 2011 година наваму.

Во воведот на седницата, Костадиновска-Стојчевска посочи дека до надлежните институции од културата не е доставено барање за изработка на планска документација. Исто така за предметната локација не е доставено никакво барање до НУ Завод и Музеј - Охрид и не се изготвени заштитно конзерваторски основи (ЗКО).

Проект за изградба на предметната локација не е доставен до надлежните институции од културата бидејќи во тој период не беше донесен План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. По донесување на План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион не е доставен проектот ниту до Комисијата за управување со природно и културно наследство на Охридскиот Регион ниту до НУ Завод и Музеј - Охрид.

По добивање на потребната документација и информациите од Општина Охрид, Националната комисија на УНЕСКО ќе се произнесе со свои заклучоци и препораки во однос на изградба на хотелски комплекс на „Горица“.

Арсоски: ЗНАМ ќе го врати достоинството на униформата

Павле Арсоски, Потпретседателна ЗНАМ и носител на листата во ИЕ3

Носителот на кандидатската листа за пратеници за ИЕ 3 од Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Павле Арсоски денеска одржа прес конференција на која зборуваше за мерките од нивната програма за паралментарните избори, „Проглас за достоинствена Македонија", а кои се однесуваат на безбедносните и разузнувачки служби. Арсоски во почетокот нагласи дека ЗНАМ е политичка опција која во изминативе месеци ја бранува јавноста, го предизвикува интересот и раѓа нова надеж кај граѓаните на Македонија. „Тоа се потврди и со бројот на гласови кои ги доби нашиот кандидат за претседател, Максим Димитриевски во првиот круг од претседателските избори. Всушност, над 83 илјади граѓани кои се одважија да ни ја дадат довербата се доказ дека сме на прав пат,тие се наш ветер во грб и им благодариме на сите. Нема да ги изневериме", рече тој. Арсоски додаде дека од ЗНАМ се цврсто решени да направат вонредни напори за стабилизиација на државата, за развој на економијата, запирање на иселувањето на младите.

„Но пред се - цврсто сме решени да покажеме поинаков начин на практикување на власт, на вистинска служба на народот, да работиме посветено и одговорно, чесно и домаќински. Со работа, ред и поредок да ја вратиме вербата на граѓаните во институциите на системот, да ја вратиме надежта во подобар живот и подобра иднина на генерациите што доаѓаат. Да го вратиме вистинскиот патриотизам и љубов кон татковината". Арсоски рече дека му е чест како на генерал во пензија со големо искуство и како носител на листата во ИЕ-3, да се задржи на безбедносните и разузнувачки служби, како дел од програмата „Проглас за достоинствена Македонија". Ова, како што рече тој, поради тоа што нема просперитет на една нација и држава, нема инвестиции и економски развој без мир и стабилност и продолжи:

„Во „Прогласот за достоинствена Македонија" јасно ги посочуваме аномалиите во безбедносниот и одбранбен сектор и ги наведуваме нашите решенија за истите. Ние од ЗНАМ имаме намера да воведеме целосна професионализација и департизација на сите безбедносни, разузнувачки и контраразузнувачки служби и нивно фокусирање исклучиво на мисиите и задачите за кои се формирани, во служба на безбедноста и стабилноста на државата. Недозволиво е униформата и струката да се исклучат од одлучувањето за кариерен развој на војниците и полицајите, за нивното вработување, школување и усовршување, за учество во операции надвор од државата и секакво друго одлучување од делот на службата, а сето тоа наместо нив да го преземат партиските носители на политички функции". Тој додаде дека во Програмата се предвидени мерки за подобрување на условите за работа и стандардот на вработените во Армијата и Полицијата, инвестирање во модернизација на нивната опрема. „Во постојана комуникација со војниците и старешините од АРМ, со синдикатите во одбраната и особено со синдикатот на професионални војници во „Прогласот за достоинствена Македонија" предвидовме конечно и трајно, системски и со закон, решавање на статусот на професионалните војници, кои се веројатно единствената категорија на вработени во државниот сектор уредена со Закон, со статус на определено време во текот на целата кариера. Нашата намера, како крајна цел е, тие да имаат статус и права како и останатите вработени во Армијата, затоа што на војниците им е доста од игнорирањете на нивниот статус, а особено се несериозни ад-хок ветувањата кои ги слушаат деновиве. Власта на СДСМ и ДУИ имаше долги 7 години да го реши овој проблем и не го стори тоа. Ние од ЗНАМ ќе го решиме ова прашање", потенцира Арсоски.

Арсоски ги повика граѓаните во среда, на 8-ми мај, што помасовно да излезат на избори и да ја потврдат поддршката со заокружување на бројот 7 и Движењето ЗНАМ-За наша Македонија, по онаа што му ја дадоа на кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски.

притисни ентер