Димитриевски во Струмица вети: Ќе ја одбраниме Македонија со зборови, а ако треба и со дела

Вечерва кандидатот за Претседател на Македонија од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски,  се обрати пред граѓаните на Струмица.

„Се собравме тука за да им кажеме на сите оние кои триесет години во круг не вртат дека гладни и желни за власт, заборавија на народот и едноставно ги интересираат неколку нешта. Тоа е личниот профит, стабилност за нивниот дом и да го згазат граѓанинот во целост. Ние сме сведоци на такви политики, доаѓаат како волци во јагнешка кожа, се претставуваат како наивни и спонтани, а на крајот го покажуваат своето лице. А тоа Струмица најдобро го знае“, рече Димитриевски. Тој додаде дека во духот на позитивната кампања што ја води сака не да зборува за нив, туку за реалноста.

„Ние живееме во држава којашто тие сакаат да ја трансфомираат во приватна сопственост, а ние сакаме да ја одбраниме со и за граѓаните“.

Димитриевски потенцира дека оние што повеќе од 20 години се постојано во власта, со едните или со другите ја запоседнаа власта, и законодавната и извршната, а сега и судската.

„И доживеавме вчера во главниот град, во Скопје да ни веат бајраци на туѓи држави и да скандират УЧК, УЧК. А при тоа целата наша политичка елита и од позиција и од опозиција да молчи и да не смее глас да крене.

Што ти била цената на власта и на позицијата да се направи калкулација и математика за да се трча по гласови во втор круг, ама затоа главата ќе се ведне и кичмата ќе се свиткува. Е па Максим тоа нема да го прави!“, рече тој и порача:

„Треба да му е јасно на господин Ахмети дека си поигрува, со таквите зборови раѓа голема фрустрација кај македонскиот народ. Ние сме можеби трпелив народ, но имаме достоинство.Тоа што нашите самопрогласени политички лидери, немаат ниту доблест ниту храброст макар да му кажат дека во една држава што ја градиме заедно нештата не смеат да одат така.

Особено не од партијата којашто сака наводно заедно со мојот противкандидат Бујар Османи да не внесе на голема врата во Европа. Ахмети не смее да си дозволи да си игра со соживотот.

Може да го рани Мицковски со бисквити, а тој да голта и да жвака, но има во оваа држава достоинствени луѓе, патриоти, кои не можат да го гледат тоа.

Димитриевски рече дека сакаат да градат убава и позитивна историја, за македонскиот народ и за сите заедници коишто живеат тука.

„Ние сакаме да ја гледаме Македонија каде и е местото во Евроатланскиот сојуз, но при тоа почитувајќи го нашето достоинство, интегритет, македонскиот јазик, култура, самобитност, сопствената историја и се она што е македонско. Затоа што оваа Република Македонија ја изградиле нашите претци, Македонците. И верувајте ми ќе ја одбраниме и со зборови, но ако е потребно и со дела“.

Димитриевски потенцира дека треба да имаат на ум дека во Македонија е родена нова политичка сила, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија која е од народот со народот и ќе работи за народот.

Караванот на Димитриевски денеска беше и Радовиш, Василево, Босилово, Ново село, се наведува во партиското соопштение.

Официјално: Легендарен фудбалер по 12 години ја напушта Борусија

За тоа се шпекулираше и претходните месеци, објавија сите познати германски медиуми, а сега е и официјално! Марко Ројс по дванаесет години ќе ја напушти Борусија Дортмунд.

Напаѓачот преку социјалните мрежи им се обратил на навивачите и ја соопштил својата одлука да си замине. По 424 натпревари и 168 гола, два купа на Германија и еден Суперкуп, како и финалето од Лигата на шампионите во 2013 година, соработката конечно дојде до крај.

- Неверојатно сум благодарен и горд за ова посебно време во мојот сакан клуб. Поминав повеќе од половина од мојот живот во клубот и уживав во секој ден, иако секако имаше тешки моменти. Веќе знам дека ќе ми биде тешко да се поздравам на крајот од сезоната – рече Ројс во пораката до навивачите.

Ројс има 34 години и се уште не е познато каде би можел да ја продолжи кариерата. Тој е дете на Дортмунд, но од 2006 до 2012 година играше за Рот Вајс Ален и Борусија Менхенгладбах пред да се врати.

За германската репрезентација одигра 48 натпревари и постигна 15 голови.

ЕУ најави мерки за спречување на злонамерното однесување на Русија во кибер просторот

Европската Унија и нејзините земји членки заедно со меѓународните партнери силно ја осудуваат злонамерната кибер кампања спроведена од т.н. Актер за напредна постојана закана 28 (АПТ28).

Европската Унија и нејзините земји членки заедно со меѓународните партнери силно ја осудуваат злонамерната кибер кампања спроведена од т.н. Актер за напредна постојана закана 28 (АПТ28), кој е контролиран од Русија, против Германија и Чешка, се наведува во изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

Во изјавата се посочува дека Германија денеска сподели оценка за упад на AПT28 на различни и-мејли на раководството на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД), а Чешка во исто време објави дека и нејзини институции биле цел на оваа кибер кампања. Борел потсетува дека претходно беа мета на истиот чинител беа и државни институции, агенции и ентитети во други земјите членки на ЕУ, меѓу кои и во Литванија, Полска, Словачка и Шведска, како и дека во 2020 година Унијата воведе санкции за поединци и субјекти одговорни за нападите на АПТ28 насочени кон германскиот Федерален парламент во 2015 година.

- Злонамерната кибер кампања го покажува континуираниот модел на неодговорно однесување на Русија во кибер просторот, таргетирајќи ги демократските институции, владините ентитети и провајдерите на критична инфраструктура низ Европската Унија и пошироко. Овој тип на однесување е во спротивност со нормите на ОН за одговорно државно однесување во кибер просторот, како што е нарушување на користењето и работењето на критичната инфраструктура. Занемарувајќи ја меѓународната безбедност и стабилност, Русија постојано го користеше APT28 за да спроведе злонамерни кибер активности против ЕУ, нејзините земји членки и меѓународните партнери, особено Украина, се додава во изјавата на Борел дадена во име на Европската Унија.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Борел нагласува дека ЕУ нема да толерира такво злонамерно однесување, особено активности кои имаат за цел да ја деградираат критичната инфраструктура, да ја ослабат општествената кохезија и да влијаат на демократските процеси, имајќи ги предвид избори во ЕУ и во повеќе од 60 земји во светот што се одржуваат во текот на оваа година.

- ЕУ и нејзините земји членки ќе продолжат да соработуваат со нашите меѓународни партнери за промовирање на отворен, слободен, стабилен и безбеден кибер простор. ЕУ е решена да го искористи целиот спектар на мерки за спречување, одвраќање и одговор на злонамерното однесување на Русија во кибер просторот, се додава во изјавата.

Бритни Спирс жестоко се скарала со момчето, полугола ја изнеле од хотелот

Службите за итни случаи одговориле на инцидентот меѓу Бритни Спирс и нејзиното момче Пол Ричард Солиз во хотелот Шато Мармонт во Лос Анџелес вќера рано наутро, пишува Page Six.

Изворите тврдат дека двојката се скарале додека биле во луксузниот хотел, а портпаролот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Брајан Хемфри, потврдил за Page Six дека 911 биле повикани во Шато Мармонт кратко по полноќ. „Добивме повик на 911 со пријавување повредена возрасна жена. Повикувачот немаше многу информации за повредата. Испративме едно возило на местото на настанот“, изјави претставник на противпожарната служба во Лос Анџелес.

До 01 часот и 17 минути на местото пристигнала брза помош, а на повикот се јавиле само пожарникарите, додека полицијата не била на терен. Извор изјавил за Page Six дека Спирс, која живее во блискиот Thousand Oaks, Калифорнија, го напуштила хотелот со обезбедување и е „сега дома и безбедна “.

Пејачката е видена како го напушта хотелот боса, во долна облека, завиткана во ќебе и држејќи перница во рацете. По инцидентот, изворите рекоа дека пријателите на пејачката биле многу загрижени за нејзината врска со Солиз, а еден пријател рекол: „Тој е лоша вест од самиот почеток“.

Во август 2023 година, Спирс се шпекулираше дека се „зближува“ со Солиз, нејзиниот поранешен куќен помошник, но упатените во тоа време рекоа дека се загрижени за неговото криминално минато. Судските записи покажуваат дека тој бил обвинет за повеќе прекршоци, па дури и кривично дело затоа што поседувал огнено оружје.

За потсетување, во средата беше финализиран разводот меѓу Спирс и нејзиниот поранешен сопруг Сем Асгари. Парот се разведе во август минатата година по 14 месеци брак. „Бритни врти нова страница“, изјави извор за Page Six претходно, додавајќи дека разводот бил финализиран „пријателски“ со „строг предбрачен договор“.

притисни ентер