Димитриеска Кочоска: ММФ очекува раст на економијата што е под оптимистичките бројки на МФ

Во најновиот извештај ММФ очекува раст за 2019 година да биде 3,2 проценти, кој е под оптимистичките бројки од 3,5 проценти на Министерството за финансии, а многу подолу од ветените пет проценти економски раст од страна на Зоран Заев и СДСМ. 

Со вакви стапки на раст Македонија ќе го достигне европскиот просек за најмалку 50 години.

Ова го наведе дополнителната заменик-министерка во Министерството за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на денешната прес конференција на која оцени дека ова е уште еден неуспех, уште еден нотиран лош извештај.

-ММФ има извештај во кој како главни проблеми се корупцијата, ниските капитални инвестиции и непродуктивните трошоци. ММФ ја ревидира проекцијата за раст на економијата која е пониска од таа на Владата. За жал, ММФ нема многу пофални зборови во оние делови кои на долг рок треба да донесат раст и развој на економијата.

Таа додаде дека ММФ потенцира дека институционалните реформи како зајакнување на владеење на правото и борбата против корупцијата се основа за посилен раст и подобра конвергенција на приходите на жителите, наведувајќи дека благодарение на власта корупцијата во државата цвета, а владеењето на правото е поим кој секој ден ни станува подалечен.

Таа забележа дека ММФ нотира дека фискалната политика треба подобро да се води и да се ориентира кон јавните инвестиции во физички и човечки капитал, да се подобри ефикасноста на институциите и Владата.

-Во извештајот пишува капиталните инвестиции се ниски, а тековните трошоци се зголемени. Дали има поголем доказ дека оваа ненародна власт прави непродуктивни трошоци. ММФ го спушти лажливиот и манипулативен оптимизам на Владата.

-ММФ оценува дека со ваква политика каква што во моментов води СДС ќе се намали способноста за справување со идните економски шокови, рече Димитриеска Кочоска.

Оцени дека во сценарио на идна економска криза Македонија ќе се најде неподготвена и со финансии кои нема да бидат доволни да ги испорачаат потребните политики и инвестиции за инфраструктурен и економски развој.

-Генерално извештајот на ММФ ги потврдува лошите и промашени економски политики и целокупната општествена состојба во Македонија. Моменталниот економски раст во голема мера е под влијание на успешните странски инвестиции во минатото, но не се генерираат нови инвестиции поради несигурната економска и даночна политика. Образовниот систем и капацитетите на нашите ученици се на најнискиот степен во регионот со што неминовно си ја уништуваме иднината на нашите деца и државата, рече дополнителната замник-министерка.

Од целокупната анализа на извештајот на ММФ, рече таа, можеме да заклучиме дека економијата тоне таму каде што криминалот и корупцијата цветаат.

Смета дека потребна е голема промена, не само промена на власта. -Потребна е промена на начинот како се бориме против корупцијата, потребна е јасна, храбра и објективна борба против корупцијата во сите нејзини форми и сегменти во државата.

Во одговор на новинарско прашање во врска со најавено ново задолжување, рече дека на 14-ти имавме нето задолжување од 500 милиони денари, и дека денеска има уште едно од 1,5 милијарди денари, што е повторно зголемување на јавниот долг, а притоа непродуктивните трошења растат.

– Ова исто така можеме да го поткрепиме и со податокот од реализацијата на буџетот за 2019 година каде што јасно можете да видите дека трошокот за стоки и услуги е зголемен во однос на 2018 за 30 милиони, што јасно укажува дека власта и понатаму непротдуктивно троши и се задолжува токму заради непродуктивно трошење, рче Димитриеска Кочоска.

Според неа Ново задолжување со еврообврзница значи задолжување на сериозно голем износ што треба да биде оправдан, треба да знаеме какви инвестиции ќе се финансираат со таа еврообврзница, каква е додадената вредност во однос на тие инвестиции и потоа да се задолжуваме./МИА

Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите

Русија во нападите врз Украина во април употреби повеќе од 300 проектили, околу 300 беспилотни летала „Шахед“ и над 3.200 касетни бомби, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од британските медиуми.

„Овој терор може да се запре само со сила - силата на нашиот народ, силата на светското единство, силата на притисок врз Русија, силата на системите за противвоздушна одбрана обезбедена за Украина, силата на нашите војници на фронтот“, напиша Зеленски на „Телеграм“.

Оваа пролет Русија ги засили нападите врз украинските цивилни и инфраструктурни цели, додека Киев очекува поголема помош од своите сојузници, а противвоздушната одбрана на земјата е преоптоварена до краен степен.

Британските медиуми пренесуваат дека официјална Москва за цело време тврди дека гаѓа само легитимни воени цели. /МИА

Мостот Беласица е целосно отворен за сообраќај

Мостот Беласица после скоро една година е целосно отворен за сообраќај.

Претходната година на 12 мај на полноќ избувна голем пожар на мостот „Беласица“ по што тој беше затворен за сообраќај.

Откако беше утврдено дека нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста односно од 02.09.2023 година мостот на булеварот „Беласица“ беше отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти. Од денеска пак мостот е целосно отворен за сообраќај.

Костадиновска-Стојчевска: Одговорни сме во заштитата на Охридскиот Регион

Општина Охрид да одговори за градбата на хотелот во туристичкиот локалитет „Горица“.

На иницијатива на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска се одржа седница на Националната комисја на УНЕСКО, на која беше разгледана актуелната состојба со изградба на хотелски комплекс на туристичкиот локалитет „Горица“.

Членовите на Комисијата донесоа заклучоци со барања до Општина Охрид, како надлежен орган, за доставување на целокупната документација околу изградба на пртедметната локација.

Министерката Косдадиновска-Стојчевска рече дека со оглед на надлежноста и одговорноста што Комисијата ги има, ова тело не смее да остави простор за изигрување на постојаната законска регулатива, поврзана со заштитата на светското природно и културно наследство.

Затоа, Националната комија на УНЕСКО побара од Општина Охрид да ја достави целокупната документација поврзана со предметната парцела: урбанистичка документација за предметната градежна парцела (извод од план или урбанистичката документација врз основа на која е планирана оваа градба и со која е оформена градежната парцела), договор и анекси на договорот за отуѓување на градежно земјиште со електоронско јавно наддавање за градежната парцела, одобрение за градење на градбата од градежната парцела, проектна документација за градбата од градежната парцела врз основа на која е издадено одобрението за градење, известување за почеток на градба, дозвола за сеча на шуми согласно закон и сите други документи поврзани со предметната градежна парцела, а биле потребни за реализација на градбата од градежната працела.

Со оглед на тоа што претставниците на надлежните институции, членки на Националната комисија се изјаснија дека немаат никаква документација поврзана со предметот, беше донесен заклучок од Општина Охрид, чиј претставник не присуствуваше на седницата, да биде побарана целокупната документација која датира од 2011 година наваму.

Во воведот на седницата, Костадиновска-Стојчевска посочи дека до надлежните институции од културата не е доставено барање за изработка на планска документација. Исто така за предметната локација не е доставено никакво барање до НУ Завод и Музеј - Охрид и не се изготвени заштитно конзерваторски основи (ЗКО).

Проект за изградба на предметната локација не е доставен до надлежните институции од културата бидејќи во тој период не беше донесен План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. По донесување на План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион не е доставен проектот ниту до Комисијата за управување со природно и културно наследство на Охридскиот Регион ниту до НУ Завод и Музеј - Охрид.

По добивање на потребната документација и информациите од Општина Охрид, Националната комисија на УНЕСКО ќе се произнесе со свои заклучоци и препораки во однос на изградба на хотелски комплекс на „Горица“.

притисни ентер