ДИК денеска ќе му го врачи уверението за нов претседателски мандат на Иванов

Претседателот на државната изборна комисија Никола Рилковски, денеска ќе му го врачи уверението на Ѓорге Иванов, за вториот петгодишен мандат на функцијата Претседател на Република Македонија.

Иванов пред 5 години на 12 мај и официјално ја презеде должноста претседател на државата. На неговата инаугурација во македонското собрание присуствуваа тогашниот хрватски претседател Стипе Месиќ, српскиот Борис Тадиќ, албанскиот Бамир Топи и црногорскиот претседател Филип Вујановиќ.- од партиите во собранието единствено ДПА ја бојкотираше инаугуративната седница.

Инаку, деновиве се очекува да отпочнат разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за коалицискиот договор за следниот мандат на владата. На тет а тет средбата Груевски- Ахмети пред два дена било договорено формирање на работни групи кои ќе преговараат за формирањето на новиот владин состав. Во соопштението по средбата беше наведено дека двајцата позитивно ги оцениле изборите како и демократската и слободна атмосфера во која тие се одвиваа.
Дел од медиумите на албански јазик во Македонија веќе објавија дека место во новата влада ќе обезбеди и ДПА, и дека имало и средба Груевски - Тачи на која тој најавил поддршка за новата влада и доколку ДПА не биде дел од неа.

Опозициската СДСМ на седницата на централниот одбор одлучи да не ги прифаќа освоените 34 пратенички мандати и да остане надвор од собранието.

Во Италија тврдат: Димитријевиќ ќе биде ново засилување на Олимпија Милано

Познатиот италијански новинар Андреа Калцони во ексклузивна вест денеска вели дека нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

– Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер, објави новинарот на социјалните мрежи.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, а сезонава во регуларниот дел заврши на 12-тото место.

Популарниот Нено сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, утре Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Утре во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

 Делегацијата на палестинското милитантно движење Хамас вечерва ќе го напушти Каиро, каде во присуство на посредници од САД, Египет и Катар се одржаа преговори за прекин на огнот и ослободување на заложниците од Газа.

Делегацијата го доставила својот одговор до египетските и катарските посредници и сега се враќа во Доха на дополнителни консултации, соопшти Хамас, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Во исто време, неименуван функционер изјави дека директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, итно ќе отпатува во Доха на разговори со премиерот на Катар, Мохамед Ал-Тани, додека преговорите за ослободување од заложниците се „на работ на колапс“, според „Тајмс оф Израел“.

Порталот јавува дека ќе разговараат и за привремено примирје.

- Бернс е на пат за Доха на итен состанок со катарскиот премиер, со цел да се изврши максимален притисок врз Израел и Хамас да продолжат со преговорите, рекол изворот.

притисни ентер