Дигисексуалците го освојуваат светот – роботите имаат и свои бордели (ВИДЕО)

Идејата луѓето да имаат емотивни односи со роботи се остварува веќе неколку години, а сега се појавија вистинските дигисексуалци како нов вид , роботи кои се во брак со луѓе.

Првите луѓе кои имаат целосна интимна врска со роботи се нарекуваат дигисексуалци , а меѓу нив има и такви кои се венчаваат за своите партнери – роботи.

Кинескиот инженер за вештачка интелигенција Зенг Џијаџија е првиот кој стапи во брак со жена – робот . Иако пред законот не може да се официјализира таквата врска , Зенг направил свадба како да се жени со вистинска жена.

И инженерка од Франција позната како Лили 2016 има вереник , робот , кого самата го дизајнирала. Но , роботиката отиде и чекор понатаму.

Компанијата "Abyss Creations" од Калифорнија нуди женски секс-роботи , на кои по желба може да им се менува лицето. Основачот на компанијата Мет мекален вели дека еден таков робот чини 12 000 долари , а освен за сексуални услуги може да се користи и за разговор.

И за таквите кои сакаат роботски секс услуги има решение. Во Европа , Канада и во Русија се отворени робот – бордели . Така борделот во Москва се рекламира дека наплатува по 90 долари за половина час услуга од женскиот робот.

За социолозите ваквата понуда е само почеток , а според американските научници идните генерации нема да знаат да прават разлика меѓу животот инлајн и офлајн, а партнерите ќе ги запознаваат и со нив ќе комуницираат преку холограм.

Голманот на Баер Леверкузен постави нов рекорд во Бундеслигата

 Чуварот на мрежата на Баер Леверкузен, Лукас Храдецки, стана првиот странски голман во историјата на Бундеслигата кој одиграл 292 натпревари.

Триесетичетиригодишниот фински голман настапи изминатиот викенд во победата на Леверкузен од 5-1 против неговиот поранешен клуб Ајнтрахт Франкфурт, соборувајќи го рекордот што претходно беше во сопственост на голманот на Борусија Менхенгладбах и на Баерн Минхен, Швајцарецот Јан Сомер (291 настапи).

„Сакам да ги читам весниците и извештаите од натпреварите и таму ја прочитав информацијата. Ме исполнува со гордост и чест што можам да играм во таква прекрасна земја и лига и за два фантастични клубови“, изјави Храдецки за телевизискиот оператор ДАЗН.

Храдецки му се приклучи на Ајнтрахт во 2015 година и забележа 101 настапи за клубот од Франкфурт пред да се пресели во Леверкузен во 2018 година. Неделниот натпревар беше негов 191. лигашки настап за новиот германски шампион.

Баер Леверкузен е во рекордна серија од 48 натпревари без пораз во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.

Фото:Убавата Дилета ја отвори сезоната на костими за капење

Најатрактивната спортската новинарка и водителка во Европа, Италијанката Дилета Леота, набрзо по раѓањето на своето прво дете, ќерката Арија, се врати на работа пред ТВ екраните и фудбалските стадиони.

Убавата Дилета е во брак со поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус.

Благодарение на редовните тренинзи и адекватната исхрана, убавата и згодна мама брзо ја врати линијата што ја имаше пред породувањето, а нејзините обожаватели ширум светот со нетрпение го очекуваа враќањето на Дилета во ритамот од пред бременоста и објавувањето на фотки во бикини.

Тоа на нивна радост и се случи, Дилета објави фотографии од базен, каде со ќерката ужива во приватноста на својот дом, а дека изгледа бомбастично докажа и во едноделен розов костим за капење кој одлично и стои.

Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи

Во следните три дена, почнувајќи од среда, под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. 

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер.

Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.

Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура од 8, а максимална дневна до 27 степени.

притисни ентер