Ди Реста и Алонсо најбрзи на тренинзите пред ГН на Канада

Возачите на Индиа и Ферари Пол ди реста и Фернандо Алонсо остварија најдобри времиња на првите тренинзи пред седмата трка од годинешниот шампионат во Формула -1, Големата награда на Канада .

На првите тренинзи во Канада се возеа по променливи временски услови , на првиот претпладневен тренинг имаше дожд ,а попладневниот тренинг се возеше по исушената патека „Жил Вилнев“.

Возачот на Форс Индиа , Ди Реста беше најбрз на првиот тренинг со време од 1-21-020 минути, пред Џејсон Батон од Мекларен и Роман Грожан од Лотус.

На попладневниот тренинг пак најдобар резултат оствари пилото на ферари поранешниот светски шампион Фернандо Алонсо, времето на извонредниот Шпанец изнесуваше 1-14 818 минути , со кое беше за само 12 илјадити делови од секундата побрз од Луис Хамилтон во Мрецедес, на третото место повторно беше возачот на Лотус Роман Грожан.

Квалификацискиот тренинг на патеката Жил Вилнев по кој ќе биде познат стартниот редослед на ГН на Канада се вози вечерва од 19 часот.
Канадското гран при стартува во недела од 20 часот.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер