Девојка по 3 дена се разбудила од кома-верува дека го видела рајот и зборувала со починати луѓе

Мариандри Карденас (24) доживеала застрашувачко искуство во ноември 2023 година, кога почнала да се гуши, а неколку моменти подоцна изгубила свест.

Пред да ѝ се стемни пред очи, успеала да им остави порака на мајка си и брат ѝ кои набрзо пристигнале да ја најдат на подот. Бидејќи боледувала од астма, веднаш била префрлена во болница, а лекарите ја ставиле во вештачка кома.

Драмата на оваа девојка и нејзиното семејство траела три дена, по што таа се разбудила и раскажала неверојатна приказна:

„Немав контрола над моето тело. Последното нешто што го слушнав беше „таа нѐ остави“. Во еден миг се појавив на друго место, полно со светлина, но без сонце, месечина и ѕвезди. Седев на долга маса полна со храна, а до мене имаше луѓе кои немаа тела, туку беа направени од светлина“, вели таа.

Нејзината приказна ја пренесоа бројни медиуми, а Мариандри, како што тврди, тогаш го „запознала својот творец“.

„Никој не зборуваше со глас, туку комуницираше со своите мисли. Така и јас комуницирав. Не се сеќавав на мојот минат живот, семејството или Земјата, како никогаш да не постоела. Чувствував голема љубов кон суштествата на светлината, како да се дел од мене. И пред сите нас седеше Бог“.

Мариандри продолжи да објаснува, а деталите ги пренесува The Sun.

„Знам дека тоа беше Бог бидејќи тој ја претставуваше најголемата светлина. Не му го видов лицето, но тој беше среќен и насмеан. Ме одвои од другите и рече дека морам да се вратам дома. Го прашав зошто, а тој ми објасни дека моето време не е дојдено“.

Девојчето тврди дека „во рајот била“ три часа, додека на Земјата три дена. Недолго потоа била пуштена на домашно лекување.

Мариандри денеска целосно закрепна, а и понатаму верува дека „го запознала Бога“.

„Не мислам дека тоа беше делириум. Тоа е нешто што морав да го доживеам, бидејќи Господ така сакаше. Ме избра мене да ми покаже што се случува после смртта. Се чувствувам како да сакаше да сподели време со мене, а потоа ме врати“.

Лефков: Филипче и Заев ги врзува „крвавиот тендер“ за реагенси од 2018 година тежок 35 милиони

Филипче и Заев ги врзува „крвавиот тендер“ за реагенси од 2018 година тежок 35 милиони евра, кој го доби анонимна фирма управувана од zuti45@yahoo.

Датум: 06.07.2024

Венко Филипче и Зоран Заев ги врзува една силна врска, тоа се меракот за пари и коруптивни зделки. Да потсетиме овие двајца браќа по криминал и корупција уште во 2018-тата година се врзаа во еден скандал, едниот како премиер, другиот како министер. Имено во 2018-тата година Филипче го спроведе скандалозниот тендер за централизирана набавка на апарати и реагенси за лабораториите за испитување на крв во Јавните здравствени установи низ цела Македонија. „Крвавиот тендер“ на Филипче тежок 35 милиони евра предвидуваше монопол во набавката на реагенси, а сето тоа ќе го добиеше компанија формирана неколку месеци пред тендерот.

Оваа компанија раководена од тотални анонимуси и без било какво претходно искуство за набавка или продажба на медицинска опрема, беше фаворизирана уште со самата тендерска документација.

За сериозноста, односно несериозноста на компанијата говори и фактот што истата беше управувана од човек по име Александар Јовановски - Жути, човек без било какво искуство во медицинската опрема, а во централниот регистар како адреса за контакт била наведена веќе легендарната zuti45@yahoo. Оваа адреса стана синоним за алаш вериш тендерите на Филипче.

Сите овие скандалозни факти не беа доволни Филипче да не го додели овој огромен тендер, но дури после огромниот и голем притисок на јавноста и ВМРО-ДПМНЕ истиот да го поништи. Но, како и за многу други скандали, така и за овој обвинителството остана немо.

Венко Филипче беше клучниот играч на Заев во сите криминалии и корупција кои се случуваа во здравството. Затоа и го штитеше и го чуваше на таа позиција. Тогаш го чуваше во министерското столче, сега го постави во претседателската фотелја во СДСМ. Заев и Филипче мислат дека ако ја имаат СДСМ како заложник ќе може да ги уценуваат политичките процеси или да се пазарат со правдата и одговорноста. Се лажат. Одговорност ќе има, а народот веќе ги има прочитано што мостра се. Впрочем дереџето на кое се најде СДСМ во голема мера е резултат на Заев и Филипче и како тргнале да ја држат партијата во заложништво за личните интереси, така уште повеќе ќе ја тонат.

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Грешка во ТВ графика и УЕФА предизвика конфузија во таборот на Шпанија

Капитенот на Шпанија, напаѓачот Алваро Мората сепак ќе може да игра во полуфиналето на ЕУРО против Франција, иако првично беше потврдено дека е суспендиран за следниот натпревар.

Веднаш по прославата на вториот гол на Шпанците, во 119. минута од натпреварот против Германија, ТВ графика покажа дека капитенот на „фуријата“ Мората добил жолт картон, иако во тој дел од мечот шпанскиот напаѓач беше на клупата за резерви, бидејќи претходно го напушти дуелот.

Мората наводно добил жолт картон поради недолично славење на победничкиот гол.

Подоцна истата информација беше објавена и на официјалната веб-страница на УЕФА, во текстуален пренос од натпреварот, кој предизвика немир во шпанскиот табор, особено откако се дозна дека во полуфиналето шпанскиот селектор Де Ла Фуенте не ќе може да смета на Карвахал, Ла Норманд и Педри.

Набргу по натпреварот ситуацијата стана многу појасна.

Морати сепак не добил жолт картон, неговото име не било во бележникот на судијата Тејлор, па искусниот напаѓач ќе му биде на располагање на Де Ла Фуенте за новиот голем натпревар на Шпанците во полуфиналето против Франција. .

На граничниот премин Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

На Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија е воведен летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите. И тоа во петок од 15:00 – 22:00 часот, во сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и во недела од 07:00 до 22:00 часот.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

притисни ентер