Десетици повредени во антимигрантските протести на грчките острови (ВИДЕО)

Повеќе од 60 лица се повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите кои се противат на изградбата на нови кампови за мигранти на островите Лезбос и Хиос во Грција.

На три места каде што треба да се градат нови кампови во Лезбос, демонстрантите фрлаа со камења кон полицијата. Неколку полицајци беа повредени и на Хиос. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис повика на смирување на тензиите и најави дека ќе се состане со регионалните и локалните власти за да разговараат за појавата на кризата.

Имено, властите во Атина решија да изградат нови центри кои треба да ги заменат пренатрупаните кампови на островите Лезбос, Самос, Хиос, Лерос и Кос. Покрај тоа, владата планира да го намали бројот на мигранти од 42.000 на 20.000.

Но, локалното население остро се спротивставува на изградбата на нови центри. Од вторникот започнаа протестите, блокирање на патиштата во Лезбос кои водат кон места каде ќе се градат новите центри.

Покрај тоа, на протестот им се придружи и регионалниот гувернер Костас Муцурис и градоначалникот на Лезбос, Таксиархис Верос.

Во вчерашните протести во Лезбос, во кои учествуваа повеќе од 1.000 лица, беа повредени 43 полицајци и 10 демонстранти. Околу 2000 луѓе излегоа на улиците во Хиос. Подоцна нападнале хотел во кој биле сместени полицајци и повредени се осуммина од нив. Околу 50 полицајци и десет демонстранти се повредени во средата вечерта.

Димитра Калогеропулу, шеф на грчкиот меѓународен комитет за спасување, рече дека овие тензии не треба да изненадуваат никого. Таа додаде дека „ова не е добро за никого затоа што локалната заедница смета дека нивните острови станале огромни затвори, додека барателите на азил се принудени да живеат во опасни услови“.

Инаку, на грчките острови моментално има над 42.000 мигранти во преполните кампови. На пример, во кампот за бегалци Морија на Лезбос во моментов има 19,000 луѓе, иако е направен да смести околу 3.000 луѓе. Ситуацијата е слична и на другите острови.

Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. /МИА

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

притисни ентер