Дендиас: Западниот Балкан е инетегрален дел од Европа

-Тука сме и затоа што Солун е крстосница на Истокот и Западот и го поврзаува Западниот Балкан со три континети, додаде Дендиас.

Ние европските соседни земји на Западен Балкан потврдуваме дека регионот е интегрален дел од Европа, изјави шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас на отворањето на конференцијата насловена „Од Солун до Загреб", на која учествува и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Говорејќи на сесијата „Унапредување на европската интеграција на Западен Балкан: Актуелни предизвици и перспективи", Дендиас нагласи дека Солун е избран за домаќин на Конференцијата затоа што тука во 2003 година е утврдена Солунската агенда, која ги регулираше односоите меѓу ЕУ и Западен Балкан.

-Тука сме и затоа што Солун е крстосница на Истокот и Западот и го поврзаува Западниот Балкан со три континети, додаде Дендиас.

Според него, овој собир се одржува во време кога ЕУ се соочува со глобални предизвици и кога изгуби една своја земја членка, па затоа во овој критичен момент мора да ја задржи европската идеја.

Тој потенцира дека политката на проширување важна за надминување на поделбите на континтот, додавајќи дека европската перспектива за земјите од Западен Балкан е во политички и еконмски интетес на ЕУ и ќе придонесе за зајкнување на единството на Унијата.

Според Дендиас, нема дилеми дека регионот и припаѓа на ЕУ, но западнобалканските земји мора да се посветат на владеењето на правото, почитување на човековите права и зајакнување на демократските институции. Дендиас потенцира дека ЕУ мора да ги испсолни своите ветувања за интеграција на земјите од регионот, со што ќе се постигне трансформација на Западниот Балкан, негово интегрирање во пазарот на Унијата, создавање поповолна економска клима, намалување на невработеноста, привлекување нови инвестиции и запирање на одливот на мозоци.

-Иднината на Западниот Балкан е во ЕУ, истакна Дендиас.

По сесијата „Унапредување на европската интеграција на Западен Балкан: Актуелни предизвици и перспективи", која се одржува зад затворени врати и на која е предвидено обраќање на сите учесници, собирот ќе продолжи со работен ручек на тема „Западен Балкан во Европа: Патот напред".

Принцот Вилијам е снимен на натпревар, фановите му се налутија (ФОТО)

Принцот Вилијам е снимен како ентузијастички навива за Астон Вила на првиот полуфинален натпревар во Лигата на Европа на УЕФА.

Натпреварот се одигра истиот ден кога принцезата Шарлот го прослави својот 9-ти роденден, а многумина го критикуваа Вилијам што не ја одвел неговата ќерка на натпреварот, која е голем љубител на спортот.

Имено, во април Вилијам беше снимен на натпревар, во првото појавување во јавноста откако се дозна дека Кејт има рак. Потоа на натпревар го однел синот Џорџ и биле снимени како навиваат заедно, а фановите збеснале што сега не ја одвел Шарлот, особено поради тешките моменти низ кои минува кралското семејство.

Инаку, на роденденот на принцезата традиционално е објавена нејзина фотографија направена од Кејт, а еден бизарен детал им падна во очи на многумина.

Испечатени се гласачките ливчиња за двојните избори на 8 мај

Се дистрибуираат гласачките ливчиња низ избирачките места во Македонија за претстојните парламентарни и претседателски избори, закажани за 8 мај, објавува МИА според информации од Државната изборна комисија.

Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола се дистрибуира избирачкиот материјал низ цела држава, а од ДИК очекуваат дека дистрибуцијата ќе биде комплетна до крајот на денот.

„Екипите се на терен, вкупно треба да бидат дистрибуирани околу 3.600.000 гласачки ливчиња. Досега, не се евидентирани никакви проблеми при дистрибуцијата на избирачкиот материјал, велат од ДИК...

Драма на лет за Франкфурт- 70 патници наеднаш почнале да повраќаат, ги чекала Итна помош

На аеродромот во Франкфурт имало голема спасувачка операција поради летот на Кондор DE2315 од Маурициус до Франкфурт.

За време на летот, 70 од 290 патници ненадејно пријавиле симптоми како гадење и повраќање, пренесува магазинот Феникс.

По слетувањето во Франкфурт во четвртокот околу 17:30 часот, авионот го пречекале голем број возила за итна помош. Дури и била побарана помош од градот и локалната област.

Портпаролката на Кондор го потврди инцидентот и рече дека екипажот не бил погоден.

„Екипажот е едуциран и обучен за вакви посебни ситуации. По внимателно испитување на целата ситуација, летот продолжи, а авионот безбедно слета во Франкфурт, каде медицинските експерти беа достапни да се грижат за погодените патници“.

Но, зошто 70 луѓе се разболеле одеднаш? Дали се работело за храна?

„Кондор веќе започна истрага за случајот со цел да се открие причината и да се извлечат можни мерки од тоа“, продолжи портпаролката.

„Кондор тесно соработува со сите одговорни партнери и власти. Во моментов нема достапни резултати. Не сакаме да шпекулираме за причината, на пример поединечните менија што беа понудени во авионот, а кои беа подготвени во Маурициус“.

притисни ентер