Демостат: ЕП со остра резолуција, бара меѓународна истрага за изборите во Србија

ЕП ја повика Европската комисија да покрене иницијатива за испраќање експертска мисија во Србија, во која би можеле да бидат вклучени експерти од ОБСЕ/ОДИХР, Венецијанската комисија и Советот на Европа.

Европскиот парламент побара независна меѓународна истрага за изборите во Србија што се одржаа на 17 декември, со посебен осврт на изборите во Белград, по примерот на „Извештајот Прибе“ за владеењето на правото во Македонија, се наведува во предлог резолуцијата за српските избори, за кој се усогласија сите пратенички групи во ЕП, јави дописникот на МИА од Белград.

ЕП ја повика Европската комисија да покрене иницијатива за испраќање експертска мисија во Србија, во која би можеле да бидат вклучени експерти од ОБСЕ/ОДИХР, Венецијанската комисија и Советот на Европа, за да ја проценат ситуацијата со неодамнешните избори и пост- изборните случувања, со цел да се олеснат предусловите за воспоставување на потребниот дијалог, што би довело до враќање на довербата на јавноста и вербата во институциите.

Според неофицијалните информации на Демостат, одредени пратенички групи во ЕП се заложиле за уште поостар текст на предложената резолуција, што би значело целосно прекинување на преговорите за членство на Србија во ЕУ, доколку не се покрене меѓународна истрага.

Меѓутоа, како што дознава Демостат, Европската народна партија, чиј член е СНС, не се согласила со тој предлог.

Во предложената резолуција, ЕП ги повикува Комисијата и Советот да применат строги условувања и да го намалат или замрзнат финансирањето што се дава за српската Влада преку Инструментот за претпристапна помош III (ИПА III) и други финансиски инструменти, доколку српскатите власти не се подготвени да ги спроведат клучните препораки од изборите, или ако не се подготвени да започнат независна меѓународна истрага за изборни нерегуларности или ако наодите од оваа истрага покажуваат дека српските власти биле директно вмешани во изборна измама.

Во предложената резолуција се наведува дека ЕП го поддржува брзото распоредување на ад хок мисија за утврдување факти во Србија како дел од оваа меѓународна истрага, со учество на Европскиот парламент и се додава дека резултатите од оваа истрага треба да се известат до Европската Парламентот.

Како што е наведено, мисијата треба да ги процени и адресира систематските прашања за владеењето на правото во Србија, по примерот на „Извештајот Прибе“ за владеењето на правото во Македонија и Босна и Херцеговина.

Исто така, Европскиот парламент изразува жалење за недостатокот на институционален одговор на сериозните сомнежи за вмешаност на актуелните власти во изборни манипулации и злоупотреби, со што, како што се наведува, се одржува неказнивоста и се обезбедува континуитет на овие практики.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер