Деми Мур (61) на забава во Милано дојде во проѕирен фустан, сите се воодушевија (ВИДЕО)

Деми Мур (61) неодамна присуствуваше на ревијата на Долче и Габана во Милано.

Потоа пристигнала на забавата организирана по повод модната ревија, каде го привлекла вниманието во проѕирен светкав фустан, под кој носела црн градник и гаќички. Го искомбинирала со црни сандали.

Нејзините фотографии набрзо станаа вирални на социјалните мрежи, а обожавателите коментираа дека Деми изгледа „нереално за нејзините години“.

Многумина често се прашуваат која е тајната на одличната линија на Деми Мур. Имено, во дваесетите и триесетите била опседната со вежбање. Во своите мемоари Inside Out, таа напиша дека се чувствува како да не може да престане да вежба. Лудоста започнала во 1992 година, кога глумела во Малку добри луѓе.

„Добивањето форма за тој филм ја започна мојата опсесија со вежбање што ме трошеше во следните пет години. Не се осмелив да се откажам“, напишала таа.

Во нејзините 40-ти, таа одлучи дека е време да забави. Направи чекор назад од напорниот тренинг и почна да тренира Бикрам јога. Се покажа дека „ја подобрува силата на долниот дел од телото, опсегот на движење на долниот и горниот дел од телото и рамнотежата кај здрави возрасни лица“, тврди Националната медицинска библиотека.

Во 2019 година, Мур објави дека „не вежбала повеќе од четири години“. Иако почнала повторно да се движи, најголемата промена што ја направила е исхраната. Таа се придржува до строга сурова веганска исхрана, што значи дека јаде само растителна храна што може да се консумира без термичка обработка.

Мицкоски: Христовото Воскресение е многу значаен ден, да се обединиме, да се сплотиме..

Христовото Воскресение е многу значаен ден, да се обединиме, да се сплотиме како народ и како нација.

Ќе ми дозволите да го честитам на сите православни христијани овој голем ден, значаен дел, Христовото Воскресение. И да им посакам хармонија, спокој, ним и на нивните семејства.

Истото сакам да го посакам на сите граѓани во Македонија, насекаде во светот без разлика на верската припадност.

За нас православните христијани Христовото Воскресение е многу значаен ден и во име на тоа дозволете денеска да уживаме во мирот, во спокојот.

И да се обединиме, да се сплотиме бидејќи како народ и како нација тоа ни е потребно во деновите, месеците, и годините кои што следат.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Чави по поразот од Жирона: Можеби ни недостасува зрелост

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез даде свое мислење по вчерашниот натпревар против Жирона. Барса го загуби каталонското дерби со 2-4 и на тој начин Реал Мадрид ја обезбеди титулата во Ла Лига на четири кола до крајот.

-Ја загубивме контролата врз играта поради огромните грешки, кои се неприфатливи на ова ниво. Вакви работи се случуваат цела сезона и не чинат вредни бодови. Можевме да победиме, но грешките што ги направивме се покажаа како одлучувачки. Ни недостигаше ефикасност и во нападот, а тешко е да се добиваат такви натпревари. Мораме да промениме многу работи за да се бориме за титулата следната сезона. Можеби ни недостига зрелост. Повеќето од нашите играчи се доста млади. Ќе ги донесеме вистинските заклучоци и ќе ги исправиме нашите слабости, нагласи Чави по мечот.

Тој му честиташе на Реал Мадрид за титулата.

-Собраа најмногу бодови и затоа се шампиони, додаде тренерот на Барселона.

Унгарија е подготвена за претседавање со ЕУ, тврди унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања

Унгарија е подготвена да го преземе претседавањето со Европската унија на 1 јули, изјави денеска унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања, Пал Барна Жигмонд.

Во објава на Фејсбук, тој истакна дека во сегашното политичко и економско опкружување, претседавањето со ЕУ ќе биде „возбудлив предизвик“, пренесува МТИ.

Жигмонд го цитираше претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој вели дека е уверен и полн со надеж во врска со унгарското претседателство и истакна дека моментално премиерот Виктор Орбан е единствениот шеф на Влада во ЕУ кој ќе раководи со ротирачкото претседателство по втор пат.

притисни ентер