Делови од Аеродром, Кисела Вода и повеќе скопски села утре без струја

 Корисниците од влезот во селото Радуша утре од 9:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Бојане, од 9:00 до 13:00 часот корисниците од селото Студеничани, од 10:30 до 12:30 часот корисниците од селата Горњани, Бањани, дел од селото Мирковци, Караула Рамно и хидроцентралата Хидро Инвест, а од 12:30 до 14:30 часот корисниците од селата Чардак, Глуво, Бразда, Горно Оризари и дел од село Мирковци.

Во периодот од 12:00 до 15:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат улиците „Јабланица" и „Саса" во Општина Кисела Вода, од 8:00 до 11:30 часот дел од улиците „Ваташа", „Жарко Зрењанин" и „Славка Димовска" во истата општина, од 8:30 до 14:30 часот улиците „Ѓорѓи Капчев" и „2", како и околните улици во општина Аеродром, од 9:00 до 15:00 часот караулата Радуша и селата Орашје и Дворце, а од 9:00 до 15:00 часот улиците „1", „4" и „6" во село Батинци.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер