Делегација на ЕУ: Да се почитува слободата на медиумите, пристапот до информации и правата од интелектуална сопственост

Од Делегацијата на ЕУ ги повикаа Владата, кабелските оператори и телевизиите заедно со регулаторното тело во областа да најдат заедничко одржливо решение.

Делегацијата на Европската унија во Скопје денеска преку соопштение потсети на важноста на слободата на изразувањето и на медиумите, како и на важноста од пристап до информации за сите граѓани, по последните случувања помеѓу Македонската медиумска асоцијација и Здружението за информатичко комуникациски технологии, откако кабелските оператори најавија прекин со реемитување на ТВ каналите како реакција на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и обврските што ги имаат вооднос на авторските права.

Од Делегацијата на ЕУ ги повикаа Владата, кабелските оператори и телевизиите заедно со регулаторното тело во областа да најдат заедничко одржливо решение за почитување на овие принципи, за работа за сите комерцијални оператори, како и за примена на правата од интелектуална сопственост. ПОдготвени се, како што велат и да обебзедат дополнителна техничка помош за јакнење на правната рамка и воспоставување правила за сите во медиумскиот сектор.

– Во однос на случувањата помеѓу Македонската медиумска асоцијација и Здружението за информатички и комуникациски технологии, Делегацијата на Европската унија во Република Македонија е свесна за ситуацијата и многу внимателно ги следи случувањата. Делегацијата на ЕУ потсетува на важноста на слободата на изразување, слободата на медиумите и важноста до пристап за информации за сите граѓани. Ја повикуваме Владата, ТВ-станиците и кабелските оператори во Република Македонија, да седнат на маса со регулаторот за медиуми, да изнајдат одржливо решение што ги почитува овие принципи, работа за сите комерцијални оператори на пазарот и коешто обезбедува имплементација на правата од интелектуална сопственост, наведува Делегацијата на ЕУ во ставот во однос на слободата на медиумите, пристапот до информации и правата од интелектуална сопственост.

Од Делегацијата на ЕУ дополнуваат дека се подготвени да обезбедат дополнителна техничка помош за зајакнување на правната рамка и обезбедување сеопфатен и постојан пакет правила за сите чинители во медиумскиот сектор.

Здружението на информатичко-комуникациските технологии вчера соопшти дека како општествено одговорни компании и имајќи ја предвид сериозноста на ова прашање, операторите по средбите со државниот врв се согласиле да го одложат датумот за прекин за 2 март 2020 година на полноќ, за да остават простор за наоѓање законско решение во интерес на граѓаните.

Според Здружението, законските измени се спротивни на ЕУ-директивите и на сите основни принципи на радиодифузната дејност и медиумската политика утврдени од страна на ЕУ, за што, како што тврдат, имаат добиено и писмено мислење од страна на Делегацијата на ЕУ во земјава.

Претходно, петте национални телевизии при Македонската медиумска асоцијација ја оценија најавата за прекин на реемитувањето како апсурдна, паушална и незаконска и повикаа сите да ги почитуваат авторските права и оти законот е токму во таа насока. Обвинија дека се соочуваат со пиратерија на 10-ина странски канали и апелираа операторите да ја преиспитаат најавата за прекинот, а надлежните институции да ги потсетат на обврските што ги имаат со добиените лиценци за работа.

Ресорниот министер Дамјан Манчевские, пак, е оптимист дека ќе се најде решение и очекува позитивен ефект од стапувањето во сила на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

-Интензивно комуницираме на темата со радиодифузерите и операторите сега и пред декември 2018 година и сме имале бројни состаноци за да се обидеме да најдеме решение. Законот се донесе со целосен консензус во Собранието и го поддржаа сите политички партии и со договор помеѓу радидифузерите и операторите. Проблем е на сите тоа што во овие повеќе од една година никој ништо не направи за да се подобри состојбата. Сега се обидуваме да најдеме решение кое ќе значи средување на состојбата, но без да има штета на грбот на граѓаните и корисниците на услугите. Уверен сум дека такво решение постои и оти ќе го имплементираме, изјави Манчевски./МИА

Повторно „никна“ импровизиран забавен парк кај салата Борис Трајковски

​Поставените реквизити за забава и адреналин на празниот простор пред спортската сала Борис Трајковски се без соодветна документација и дозвола која гарантира безбедност за посетитлите, соопшти Град Скопје. 

Градот извршил надзор и превземал мерки да го казни правното лице, но според градот правното лице Дизниленд Реквизити продолжиле да работат насилно.

Денеска се распоредуваа и се монтираа и останатите реквизити. Сопственикот на Дизниленд Реквизити за Канал 5 објасни дека тој се обратил до Град Скопје и општина Карпош но оттаму писмено му одговориле дека не се надележни за дозвола и сега не му е јасно зошто овие реакции од страна на Град Скопје. Од Дизниленд Реквизити велат дека ги имаат сите потребни гаранции и потребни тестови за поставување на опремата и исто така правен договор со приватното лице на земјиштето дека овој простор ќе го користат еден месец.

Од Град Скопје објаснуваат дека ги повикуваат сите надлежни институции да реагираат и да постапат во најкус рок зошто станувало збор за самоволие и дека е ставено во прашање безбедноста на децата. Од фирмата Дизниленд Реквизити пак најавија дека со адвокатите ќе бараат да се реши нивниот проблем со град Скопје.

Нимиц за „Канал 5“: Засега ќе се воздржам од коментар

Специјалниот посредник на ОН во решавањето на спорот за името, Метју Нимиц, засега нема да ја коментира вжештената реторика на релација Атина – Скопје околу Преспанскиот договор и заканите од грчките политичари за ново вето за Македонија.

Медијаторот кој 25 години посвети за постигнување компромис меѓу двете страни, во ексклузивен одговор за Канал 5 кратко изјави: „Мислам дека ќе се воздржам засега. Не сум сигурен дека би можел да кажам нешто во овој момент“, вели Нимиц.

Во меѓувреме, не стивнуваат реакциите и дома и надвор околу усната употреба од новите македонски власти на името „Македонија“, без придавката „Северна“. Поранешниот министер за надворешни работи кој го потпиша Договорот во 2018 година, Никола Димитров во колумна за „Еуроњуз“ оценува дека Договорот од Преспа е добредојдена реалност, дури и меѓу неговите противници, а повторно отворање на спорот, според него, би било многу полошо.

- Договорот што го потпишавме е добар компромис, кој се однесува на критичните грижи на двете страни. Тоа ги смири билатералните односи во тоа време и ги започна обновените врски меѓу нашите народи, отворајќи ја вратата за пријателство и соработка, пишува Димитров.

Со сличен став за последиците од кршењето на Преспанскиот договор од македонска страна излезе и професорот по меѓународно право Тони Дескоски, кој беше дел од правниот тим во тужбата против Грција пред Меѓународниот суд за правдата во Хаг. Во објава на социјалните мрежи Дескоски реагира дека за Македонија полошо од Преспа е само прекршување на истата, а дополнително според него на ваков начин ќе и се даде на Бугарија аргумент дека нашето прекршување на Билатералната спогодба за добрососедство била причина за бугарското вето за ЕУ.

-Преспанскиот договор е ужасно лош по нашата земја и национален идентитет. Но, за нас има и полошо сценарио. А тоа е нашата земја да влезе во систематско и континуирано прекршување на Преспанскиот договор. Таквото поведение ќе создаде впечаток за крајна неодговорност на нашата страна, а на Грција ќе и даде простор да глуми жртва и да презема остри мерки кон нас, како одбрана од нашата “агресија”, смета Дескоски.

Ново предупредување до македонските власти да го користат само името „Северна Македонија“ повторно стигна од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Во интервју за државната телевизија ЕРТ, Мицотакис, обраќајќи се до идната влада во Скопје повтори дека без целосно усогласување со Договорот за името, Грција нема да ги ратификува меморандумите и нема да има напредок во ЕУ-перспективата на земјава.

-По прашањето за името има многу јасно повлекување и сакам уште еднаш да упатам предупредувачка порака до новата влада, отсега да ја смени линијата. Да се ​​почитува оваа централна одредба од Договорот од Преспа, да се користи само името Северна Македонија во и надвор од државата, кога се споменува нашиот северен сосед. Во спротивно, сигурно е дека ќе создадат проблеми не само во односите на Грција со Северна Македонија, туку и во односите на Европа со Северна Македонија, рече Мицотакис.

Бурните реакции од официјална Атина се интензивираа по заклетвата на претседателката Силјановска Давкова која во таа прилика ја изостави „Северна“, а ист пристап најави и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, иако како што кажа, договорот е реалност и ќе се почитува.

Претседателството на ДУИ заседава во Мала Речица

По пресудите на Управниот суд и стартот на преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ за формирање на идната влада, попладнево во Мала Речица прв пат по изборите на 8 мај заседава раководството на ДУИ.

Таму е Јана Јосифовска.

Состанокот на претседателството трае веќе еден час.

Дали познато што е на дневен ред и какви одлуки ќе се носат?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер