Дел од програмата на „Охридско лето“ во живо преку Интернет

Дел од збиднувањата во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“ ќе бидат достапни и за љубителите на музичката уметност кои не се во можност физички да бидат во Охрид, преку директни преноси што ќе бидат реализирани преку Интернет.


Станува збор за неколку од концертите што се одржуваат во катедралната црква „Света Софија“, и тоа утрешниот концерт со наслов „Од творечкиот опус на композиторот Томислав Зографски (1934-2000) – кон 80 години од раѓањето“, како и концертот ден потоа на оркестарот на Музичката младина на Македонија.

Концертите ќе може да се следат во живо на веб-страницата на „Охридско лето“, www.ohridskoleto.com.mk како и на веб-порталот www.idividi.com.mk Видео преносите од „Света Софија“ ќе започуваат од 20 часот, час пред започнување на концертот. Истовремено „лајв стриминг“ ќе може да се следи и преку најавените линкови на Фејсбук како и на веб порталите на фестивалските медиумски спонзори.

- Лајв-стримингот е новина што се практикува на сите светски фестивали. „Охридско лето“ во соработка со генералниот спонзор „Т-home“, ја воведе таквата практика на веб-продукција со цел приближување на Фестивалот до најсовремените технолошки и ИТ достигнувања, изјави маркетинг и ИТ-менаџерот на „Охридско лето“, Илија Куртески.

Ваквиот начин на следење на програмата на најпрестижната манифестација кај нас генералниот спонзор „Т-home“ го најави како новина што постојано ќе се осовременува, како технички, но и содржински со покривање поголем број настани.

- Веќе трета година на задоволство на нашата публика успешно го спроведуваме ваквиот начин на пренос. Она што посебно не радува е реакцијата на љубителите на класичната музика кои од било какви причини не се во можност да бидат во преубавата црква. Благодарни се што ете на еден ваков начин им ја доближуваме уметноста, им овозможуваме да уживаат во звуците на класичната музика, изјави директорот на фестивалот, Елизабета Јанкуловска.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер