Дединец од МАНУ на Агенда 20-24: За две години државата стана лидер во енергетиката

Владата во мај 2018-та го донесе европскиот Закон за енергетика, пред еден месец, први во регионот донесовме Стратегија за енергетика, а денеска во парламентот беше изгласан Законот за енергетска ефикасност. 

Овие документи преставуваат клучни во остварувањето на целите на државата во полето на енергетиката. Законските решенија и Стратегијата носат намалени сметки за струја на граѓаните, ја поттикнуваат економијата и ја заштитуваат животната средина- ова е дел од дискусијата на Александар Дединец од МАНУ, како еден од говорниците на трибината на СДСМ- Агенда 20-24/ Енергетика, во Битола.

„Ќе се фокусирам на два сегмента од Законот за енергетика, кои драстично ја променија состојбата во енергетиката, со што станавме лидери во областа во регионот, а тоа се обновливите извори на енергија и правата на ранливите потрошувачи на струја. Направивме модел со кој инвеститорите во новите извори на енергија, самите ќе изградат капацитет за производство на струја, самите ќе продаваат струја, а субвенции ќе имаат од државата, а не од граѓаните преку сметките. Секако дека и парите во буџетот се на граѓаните, но преку сметка сите плаќаат идентично, а во буџетот секој различно придонесува, па оттаму правиме и социјална правда"- објасни Дединец.

Во однос на ранливите потрошувачи се предвидуваат субвенции за нови прозори, за нови инвертер клима уреди, како и забрана да се исклучат од системот за струја во текот на зимските месеци за неплатени сметки.

„2018-та година беше навестување дека во 2019-та ќе се случат крупни промени во македонскиот енергетски сектор. И во 2019-та не прогласија за лидери. Придонес кон тоа има и Стратегијата за енергетика чија уникатност е во тоа дека на едно место се опфатени сите аспекти, како да ги ублажиме последиците од климатските промени, како да ја заштитиме животната околина и како да создадеме најдобра ефикасност. Имаме пред нас големи инвестиции, но секогаш е така на почеток кога почнуваме со крупни реформи, но потоа државата ќе штеди, граѓаните ќе плаќаат помалку, а природата ќе остане недопрена. И целиот овој процес на крајот носи и подобрување на економските перформанси на државата, што не одново не прави лидер во опкружувањето- аргументираше Дединец од МАНУ, се наведува во соопштението на СДСМ.

Состојба на патиштата

 АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

Јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред, жичницата нема да работи

 Јавниот превоз во Скопје денека ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје.

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Променливо облачно, попладне и вечер на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Според прогнозата на УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 25 степени.

-До петок ќе се задржи променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, соопшти УХМР.

Од четврток дневната температура ќе биде во опаѓање, а во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

притисни ентер