Децата се спасени, но сега се во опасност од заразни болести!?

Драмата со пронаоѓање и спасување на 12 деца фудбалери и нивниот тренер од пештерата во Тајланд на задоволство и радост на светската јавноста имаше среќен крај. 

Сите деца се спасени и извлечени од лавиринтите на поплавената пештера, а сега започнува проценката на нивната здравствена ,физичка и психичка состојба.

Последните четири деца и нивниот тренер од поплавената пештера во Тајналд беа извлечени вчера во акција во која учествуваа специјално обучени нуркачи од целиот свет, како и специјалните сили на Тајланд популарните „Фоки“.

Сите 12 деца и нивниот тренер се извлечени со нуркање низ лавиринтите на поплавената пештера и сите минаа без повреда.

Од моментот кога загубените деца беа пронајдени тие константно беа под надзор на лекар. Веднаш по извлекувањето од пештерата децата итно беа пренесувани во болница, каде се вршат детални прегледи.

-Поголем број од децата кои во пештерата минаа 17 дена во просек загубиле по два килограми од својата тежина, но се во добра здравствена состојба и не покажуваат знаци на стрес, изјави инспектор од министерството за здравство на Тајланд за Ројтерс.

Децата сега се во карантин во болница и преку стакло само можат да контактираат со своите семејства. Причина за тоа е загриженоста на лекарите дека децата за време ан престојот во пештерата можеби биле изложени на опасни болести кога пиеле од нечистата вода или кога биле во контакт со животните кои живеат во пештерата.

Докторите се сомневаат најмногу на пештерската болест, позната како хистопласмоза .

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер