Децата од Охрид преку Бадникова поворка го најавија Христовото раѓање

Околу 700 деца од Охрид, Дебрца и околните населени места со пригодни песни и дефиле низ улиците на градот денеска го најавија Христовото раѓање. 

Ова е седма по ред традиционална Бадникова поворка, која годинава се одржа под мотото „Бадник за сите, радост за сите" што предвидува и други содржини од духовен и верски карактер.

Децата учесници во поворката на Градскиот плоштад „Климент Охридски" пред поставената божиќна пештера ги пречека градоначалникот Константин Георгиески, кој ги даруваше со божиќни пакетчиња.

-Возвишено е чуството да се биде дел од оваа културно-верска манифестација. Традицијата и обичаите се клетката на битието на секој народ и ваквите настани се во духот на Христијанството и вербата во Бога, рече Георгиески честитајќи им го празникот Божик, посакувајќи им да го минат во кругот на најблиските, а здравје, среќа и радости да ги следат низ целата година.

Претставници на Здружението „Бадникови поворки" што е коорганизатор на манифестацијата, заедно со уште неколку деца денеска беа во коледарска посета и на претседателот Стево Пендаровски во вилата „Билјана" во Охрид. Претседателот на државата им ги отвори вратите на коледарите и ги даруваше со божикни пакетчиња.

Оваа година по втор пат Бадникова поворка се одржа и во селото Велгошти, а Бадникови поворки на радоста со која се најавува раѓањето на Исус Христос и големиот православен празник Божик се одржаа во уште 39 населени места и градови во земјава. /МИА

Претседателски избори: Силјановска Давкова 305.640, Пендаровски 141.984

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 62,23% од избирачките места и 59,40% од гласовите, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 64,05% од гласовите или 305.640 гласови. Стево Пендаровски освоил 141.984 гласови или 29,75%.

Во штабот на ЗНАМ е мирно, прес-конферениција на Димитриевски во 23 часот

Михаела Димовска е во штабот на ЗНАМ.

Во седиштето на движењето ЗНАМ во Скопје е мирно

Во штабот предмалку пристигнал и лидерот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Прес-конференција е најавена во 23 часот.

притисни ентер