Дамјановски:Со кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ ќе се бориме за околу 16.000 гласа во втор круг

Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Зоран Дамјановски им се заблагодари на граѓаните и за излезноста и за укажаната доверба.

Тој во првиот круг освои 19.320 гласови.

- Во овој изборен процес одиме од нула и јас и кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се бориме за гласовите на останатите учесници од изборниот процес во првиот круг, за околу 16.000 гласови. Тоа е голем предизвик за мене како градоначалник кој во изминативе два мандати практикував концепт кој нуди еднаков пристап на сите граѓани, вели Дамјановски.

Кандидатот за градоначалник ги повика сите граѓани без разлика на етничката припадност во вториот круг од изборите да ја дадат поддршката и да придонесат, рече, за развој на демократијата.

На новинарско прашање дали имаат договор со која било друга политичка опција, Дамјановски тврди дека немаат конкретни договори со никој, но оти очекува индивидуална поддршка на гласачите од независно-политичката опција.

- Околу 4.000 гласови се дадени за кандидатот Виктор Цветковски, така што без разлика на концептот, идеолошки сме многу блиски. Нема никаков конкретен договор,но очекувам индивидуална поддршка од гласачите, рече Дамјановски, додавајќи оти очекува поддршка и од Српската Напредна Странка.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер