Дали вечерва Меј ќе биде сменета и кој е можниот наследник?

За околу еден час пратениците од владејачката Конзервативна партија ќе гласаат доверба за премиерката Тереза Меј , поради хаотичниот излез на Британија од ЕУ.

За да почен процесот беа потребни потписите од 15 проценти од пратениците на владејачката партија во Долниот дом на Парламентот , односно 48 мина. Гласањето почнува во 19 и ќе трае до 21 часот

За да остане на функција на Меј ќе и бидат потребни мнозинство гласови плус 1 глас , односно 158. Во тој случај една година не смее да се поведе нова постапка за доверба , а доколку не ги собере потребните гласови , ќе почне процедурата за избор на нејзин наследник.

За него се гласа во партијата меѓу пратениците од владејачкото мнозинство ,а конечниот збор ќе го има членството , така што постапката би можела да потрае неколку недели.

Како можни кандидати за наследник на Меј се спомнува поранешниот министер за надворешни работи и градоначалник на Лондон , Борис Џонсон (54). Тој важи за еден од најгласните критичари на Брегзитот.

Џереми Хант (52) го замени Џонсон на местото министер за надоврешни работи и ги повика ториевците да се обединат против заедничкиот непријател – Европската Унија.

Се спомнува и Џејкоб Рис-Мог (49) , кој важи за живописен милијардер , кој негува имиџ на англиски џентлмен од минатото. Тој создаде вистинско движење меѓу британците кои бараат порадикален Брегзит.

Главниот британски преговарач за Брегзит , Доминик Рааб (44) во владата на Тереза Меј исто така поднесе оставка поради Брегзитот, тврдејќи дека договорот не е во согласност со кампањата од 2017.

Саџид Џавид (48) , кој е поранешен банкар важи за противник на Брегзитот и е претставник на втората генерација доселени Пакистанци.

За разлика од него , Мајкл Гоув (51) е еден од најголемите заговарачи на Брегзитот за време на референдумската кампања.

Меѓи најискусните кандидати е Дејвид Дејвис (69) е поранешен преговарач на Британија за Брегзит. Беше на таа должност две години, а во мај годинава поденсе оставка.

Министерката за меѓународен развој Пени Мордаунт (45) е заговорник на радикален Брегзит и е една од ретките која не ја напушти владата на Меј.

И министерката за односи со парламентот Андреа Лидсом (55) има слични ставови со Мордаунт. Таа изгуби од Меј на внатрепартиското гласање во трката за наследник на претходниот британски премиер Дејвид Камерон.

Битиќи: Патриотски ќе одиме кон повисоки плати и пензии, кон „Едно општество за сите“

„Ова зад мене е Спомен-костурницата, симбол на прогресивното и мултикултурно Куманово, темелот на АСНОМ-ска Македонија.“

„Градот кој во 2015 година го потресе трагедија која беше одраз на еден режим кој сакаше да ја скрши Македонија. Сеќавањата сè уште остро нè потсетуваат и опоменуваат на тие мрачни времиња кога ВМРО-ДПМНЕ ја држеше заробена државата во мрак исполнет со стравови“, вели во видео обраќање од Куманово, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Тој нагласува дека СДСМ седум години градеше општество на соживот, меѓусебно разбирање и почитување на различностите, притоа предупредувајќи дека „наследниците на режимот бараат повторно да се издигнат од пепелта, нивната шовинистичка политика повторно надвиснува над Македонија“.

Битиќи предупредува дека со ВМРО-ДПМНЕ и неговиот национализам постои опасност државата да се врати во периодот кога имаше поделби на етничка и религиозна основа.

„Со ВМРО-ДПМНЕ и нивниот национализам може само да се вратиме во времето кога вештачки се обидуваа да креираат поделби и раздори на етничка и религиозна основа. На овие парламентарни избори, секој глас за нив, е глас за времињата налик на тие од 11 години режим. Но наспроти нив, стоиме ние, СДСМ и Коалицијата за европска Македонија, со кои, патриотски, а не националистички, ќе одиме кон повисоки плати, повисоки пензии и пред сè, кон Едно општество за сите“, вели Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

Дијана Тоска од Европскиот фронт: Мораториум на новите градби во Чаир

Јас сум Дијана Тоска, магистер по меѓународни односи, директорка на Театарот за деца и младинци, поранешна учителка на нашите деца и жител на Чаир.

Денеска се кандидирам за пратеник и ја барам вашата поддршка.

На Чаир му треба промена и ова ќе го донесеме заедно.

Ја злоупотребија нашата поддршка и доверба во Чаир, многу ја злоупотребија и го доведоа во непогодна состојба за живеење, без тротоари, без паркинзи, без патишта, без нови паркови, без игралишта, без водовод и канализација, без никаква капитална инвестиција, но само со узурпација на јавни површини, згради во паркови, непотизам, корупција и злоупотреба.

Денеска ви се обраќам како кандидат за пратеник за сериозно прашање кое не засега сите нас.

Масовните градби без дозвола и без план во парковите во нашата општина, во

нашиот Чаир, не гушат.

Секоја населба на Чаир е преполна, граѓаните немаат место за паркирање, луѓето немаат каде да да се движат.

Над 30 висококатници во Чаир се изградени надвор од законот и немаат ниту имотен лист, ниту градежна дозвола.

Челниците на Чаир во овие 20 години ја злоупотребија нашата доверба, ги измамија граѓаните и инвеститорите, но и нивните соседи за лична корист.

Граѓаните, измамени од општина Чаир, со последните пари купиле станови кои немаат имотни листови и дозволи, а инвеститорите своите пари ги вложиле во објекти кои го немаат регулирано имотно-правното прашање.

Ниту граѓаните што купија станови, ниту инвеститорите што ги изградија, не се виновни,виновни се челниците на општина Чаир што ја злоупотребија нашата

доверба за лична корист и за уништувањето на нашиот Чаир.

Затоа, ние како Европски фронт и пратениците во идното Собрание, од причина што граѓаните и инвеститорите не се виновни за овој урбанистички хаос во Чаир, вчера предложивме закон за легализирање на објекти изградени без дозвола за да се спасат граѓаните и инвеститорите, а ќе бараме правна одговорност за оние кои ја дозволија ваквата состојба, челниците на општина Чаир, се наведува во партиското соопштение.

ЈО: Притворот за Палевски почнува веднаш по неговото испорачување од Турција

Јавното обвинителство тукушто е известено дека Министерството за правда добило официјална информација од Република Турција дека се одобрува екстрадицијата на лице осомничено за две кривични дела грабнување, како и за две убиства на свиреп начин.

Постапката за екстрадиција ќе биде спроведена преку Министерството за внатрешни работи.

По предлог на Основното јавно обвинителство Скопје на осомничениот веќе му е определена мерка притвор која треба да започне да се применува веднаш по неговото испорачување, соопштуваат од Обвинителството.

притисни ентер