Корисниците на оперативните системи „Windows“и „Mac“ќе можат да го преземат и да го инсталираат овој пребарувач,а автоматски ажурирања ќе се појават за „Windows“ корисниците веќе од следната недела.
„Edge“ би требало да биде пребарувач од новата генерација, па од него се очекуваат значително подобрени перформанси за разлика од досега.
Освен побрзото пребарување и поголемата сигурност, најавени се и некои нови корисни функции, како што е на пример можноста да се отвораат и постари интернет апликации.
„Collections“, функција која овозможува собирање информации од интернет страници и нивно организирање во лесно изменливи документи, за жал нема да биде достапна веднаш.
Но ако е за утеха, веројатно ќе биде подготвена за шест до осум недели пишува сајтот „Engadget“.