Дали е ова најбизарниот начин да се обидеш да се вратиш во бар? (видео)

Работите кои некои луѓе ги прават кога ќе се напијат “малку повеќе“ не престануваат да не изненадуваат, се зборовите со кои сајтот „Ladbible” ја започна приказната за “предизвикот“ на еден ирски тинејџер во Австралија.

Имено, момче од Ирска на едногодишен “работен одмор“ во Австралија доживеа апсолутен кошмар кога се обидуваше да се врати назад во еден клуб од кој претходно беше истеран.

Хју Мекмехом од клубот бил истеран два пати бидејќи заспал, но не се откажал од намерата да остане во истиот до утрото.

Овој 18-годишен тинејџер, поттикнат од алкохолот кој го купил во клубот, смислил наједноставен начин да се врати во клубот „Апартман Променада“ на Авенијата Орхидеја на австралискиот Златен брег – преку вентилацискиот простор во спуштениот плафон.

„Гответе со Дракче“ - Малиџано

Во петок (26.04.2024) во емисијата гостин ни беше Вики Среброва

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

2 - 3 лажици мајонез

100 гр. ореви

10 маслинки

1 главица лук

1 лажица сенф

малку сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Анализите на Секторот за санитарна контрола, направени на 149 примероци од 41 мерни места во градот, во период од 22 до 26 април, покажаа дека водата во Скопје е безбедна за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Секторот за санитарна контрола земал 149 примероци за физичко-хемиска и 149 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во град Скопје и согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Неформална дводневна средба на Советот за општи работи на ЕУ

Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) денеска и утре ќе одржи неформално заседание, на кое централен настан ќе биде одбележување на 20-годишнината од големото проширување на Унијата на 1 мај 2004 година. 

Заседанието ќе започне вечерва со свеченост во Центарот за ликовни уметности „Бозар“ во Брисел со која ќе се одбележи годишнината од приемот на Естонија, Кипар, Малта, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка во Европската унија.

Работниот дел од неформалното заседание на ГАК ќе продолжи утре во чии рамки министрите или државни секретари на земјите членки на ЕУ задолжени за европски прашања ќе одржат серија работни сесии на кои ќе разговараат за процесот на проширување, вклучувајќи и за искуствата од проширувањето во 2004 година, за потребата од зајакнување на Унијата, како и инструментите на блокот за заштита на владеењето на правото.

Меѓу другото, предвидено е европските министри да одржат размена на мислења со претставници на земјите кандидати и аспиранти за членство на ЕУ за владеењето на правото во рамките на процесот на проширување.

На заседанието ќе стане збор и за важноста за почитување на владеењето на правото во рамки на Унијата, како и за потенцијални подобрувања на постоечките механизми на заштита на овој принцип и нивната ефикасност.

На состанок европските министри ќе разговараат и за иднината на ЕУ, при што се очекува да разменат мислења за потребните чекори и реформи за зајакнување на капацитетот за дејствување на Унијата.

Неформалните заседанија на Советите на ЕУ се средби на ресорните министри на кои не се носат никакви одлуки, туку само се дебатира и се разменуваат мислења за различни теми и прашања по кои треба да се решава на формалните средби или на состаноци на други тела на Унијата. /МИА

притисни ентер