Да се спаси од пропаѓање „цркво-џамијата“ во Штип

Историчарите се, се погласни за спас на верските обележја од богатото македонско минато

Тие се успешна приказна за поголема туристичка афирмација на Македонија во светот. Затоа, што побргу да се спасат од пропаѓање. Еклатантен пример за негрижа, е единствениот верски објект во македонскиот исток, од каде од едно место, се молат и христијани и муслимани.

- Кој досега се загрижил за да ја исчисти, да биде објектот привлечен за туристите. Да им објасни дека токму ова е црква и дјамија во истовреме. Ова што ние во Македонија го имаме се многу големи реткости во светот каде на исто место се молат христијани и муслимани објасни д-р Тодор Чепреганов-директор на Македонски Институт за национална Историја.

Од повеќегодишниот спор за сопственоста на црквата свети Илија, односно Хусамедин пашина џамија, Брегалничката епархија и овдешното Муфтиство, не можат да видат како парчиња од сводот паѓаат, како дел од надворешната орнаментика ја нема, како се изместени и само што не се урнале дел од носечките камења. За Канал 5 од епархијата и муфтиството денеска се едногласни. Наредната недела ќе се изјаснат по апелот на историчарите за спас на цркво - џамијата.
Ако набргу нешто не се стори, ќе исчезне ова црнило од свеќи пред влезната врата заклучена со четири катанци, ќе го снема и остатокот од минаре. Иронично,но ќе остане оваа сина стаклена плоча со порака за обнова на ваквите вредни објекти.

Дејан Ефремов

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер