Црвен аларм во Австралија – ги очекува пеколна недела (ВИДЕО)

Додека на северната хемисфера се уриваат рекорди во паднат снег , особено во западна Европа, во Австралија се уриваат историски рекорди во жештина.

Следните неколку дена во цела Австралија температурата ќе се зголеми над 40 степени , со што ќе бидат урнати историски рекорди.

,,Следниот топлотен бран ќе трае до крајот на месецов , така што нема да биде за изненадување овој јануари да биде најтопол во историјата на земјата.” , предвидуваат метеоролозите.

Според предупредувањата , најтопло ќе биде во петок , кога се очекуваат и пожари, иако веќе 200 пожари беснеат низ земјата. Како што објаснуваат метеоролозите , декември бил исклучително топол со четири дена , кои биле меѓу десетте најтопли во историјата.

Најтопло се најавува за Аделаид со 44 степени во четврток , а 43 степени ќе има во Сиднеј за време ан викендот. Најжешко сепак ќе биде во местото Свон Хил со дури 46 степени.

Чави по поразот од Жирона: Можеби ни недостасува зрелост

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез даде свое мислење по вчерашниот натпревар против Жирона. Барса го загуби каталонското дерби со 2-4 и на тој начин Реал Мадрид ја обезбеди титулата во Ла Лига на четири кола до крајот.

-Ја загубивме контролата врз играта поради огромните грешки, кои се неприфатливи на ова ниво. Вакви работи се случуваат цела сезона и не чинат вредни бодови. Можевме да победиме, но грешките што ги направивме се покажаа како одлучувачки. Ни недостигаше ефикасност и во нападот, а тешко е да се добиваат такви натпревари. Мораме да промениме многу работи за да се бориме за титулата следната сезона. Можеби ни недостига зрелост. Повеќето од нашите играчи се доста млади. Ќе ги донесеме вистинските заклучоци и ќе ги исправиме нашите слабости, нагласи Чави по мечот.

Тој му честиташе на Реал Мадрид за титулата.

-Собраа најмногу бодови и затоа се шампиони, додаде тренерот на Барселона.

Унгарија е подготвена за претседавање со ЕУ, тврди унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања

Унгарија е подготвена да го преземе претседавањето со Европската унија на 1 јули, изјави денеска унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања, Пал Барна Жигмонд.

Во објава на Фејсбук, тој истакна дека во сегашното политичко и економско опкружување, претседавањето со ЕУ ќе биде „возбудлив предизвик“, пренесува МТИ.

Жигмонд го цитираше претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој вели дека е уверен и полн со надеж во врска со унгарското претседателство и истакна дека моментално премиерот Виктор Орбан е единствениот шеф на Влада во ЕУ кој ќе раководи со ротирачкото претседателство по втор пат.

Возач загинал откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа

 Возач загина синоќа откако со неговото возило удри во надворешната капија на Белата куќа, а случајот се истражува како сообраќајна несреќа и немало закана за резиденцијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, соопштија властите.

Возачот бил пронајден мртов во возилото кое удрило во надворешната капија на Белата куќа, соопшти американската тајна служба.

Полициската управа на Вашингтон соопшти дека возилото удрило во безбедносната бариера на раскрсницата на улицата 15 и авенијата Пенсилванија.

притисни ентер